DVD-ПЛЕЕРИ

DVD плеер со технологија за подобрување на сликата

DVP-SR760H
Приказ од предна страна на DVD-плеерот DVP-SR760H
Приказ од предна страна на DVD-плеерот DVP-SR760H
Три четвртински приказ на DVD-плеерот DVP-SR760H
Три четвртински приказ на DVD-плеерот SR760H

Нов изглед на вашите омилени филмови

Совршен избор за оние со одлична DVD колекција или филмови складирани на компјутер или мемориски уред. Овој плеер интелигентно ја зголемува резолуцијата на видео содржините со стандардна дефиниција за повозбудливо доживување при гледањето. Како резултат се добива порамномерна слика и приближен HD квалитет.

Приближете се поблиску до HighDefinition

Погледнете ги старите омилени филмови во ново светло или, пак, модерните филмски хитови со појасна, поостра слика и поголема страст. Зголемете ја резолуцијата на DVD дисковите со стандардна дефиниција речиси до 1080p Full High Definition за да добиете неверојатно доживување кое ќе ве вовлече во случувањата.

Ослободете ги вашите филмови и музика

Отворете ги вашите збирки на филмови и музика и уживајте во старите омилени филмови на голем екран и во опкружувачки звук со поврзување преку USB. Приклучете го вашиот лаптоп или префрлете ги на мемориски уред за да имате брз пристап до вашата збирка на филмови.

Направете почисто и поуредно опкружување

Намалете го бројот на каблите и уживајте во висококвалитетна слика и звук преку само еден кабел со поврзување преку HDMI®. Покрај тоа, компактната големина и правите линии на плеерот максимално го искористуваат ограничениот простор.

Функции

Уживајте во појасна и поостра слика и звук

DVD филмовите изгледаат и звучат подобро преку HDMI® излезот, при што сликата и звукот се приближуваат кон High Definition квалитетот.

Репродукција на голем избор на формати

Репродуцирајте од повеќе извори, меѓу кои и CD-R/RW, DVD+RW/+R/+R DL, DVD-RW/-R/-R DL, JPEG, MP3, MPEG-4WMA, AAC, Linear PCM и Xvid.

Изберете брза или бавна репродукција со звук

Можете да репродуцирате филмови со звук, како и слики со брзина која е приближно 1,5x поголема од нормалната. Или, пак, репродуцирајте забавено за детално да ги погледнете спортските случувања.

Запомнете го вашето место дури на шест DVD дискови

Започнете да гледате онаму каде што сте престанале да гледате - овој плеер може да запомни точки за продолжување со гледањето дури на шест дискови кои претходно сте ги репродуцирале.

Гледајте сопствено слајд шоу со музика

Погледнете ги вашите слики во слајд шоу со музика во заднина по ваш избор.

Контролирајте го вашиот плеер и телевизорот со еден далечински управувач

Репродуцирајте или прилагодувајте ги поставувањата на вашиот систем со далечинскиот управувач на вашиот телевизор, вклучувајќи ги и функциите за вклучување/исклучување на напојувањето, менување на каналите и јачината на звукот.

Компактен дизајн кој заштедува простор

Со големина од само 270мм, овој плеер се одликува со голем број на функции во компактен, стилски пакет.

Спецификации

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина