Прескокни до содржина
Слика од Пренослив DVD плеер со USB приклучок
Слика од Пренослив DVD плеер со USB приклучок
Слика од Пренослив DVD плеер со USB приклучок

Исто како да носите сопствено кино со Вас

Уживајте во вашите DVD дискови насекаде со помош на овој разновиден и пренослив DVD плеер. Неговиот LCD екран од 17,8см/7" со широк приказ ви нуди осветлени и јасни слики. А, благодарение на изборот од четири режими на звук за усогласување со содржините кои ги гледате и опкружувањето, тој нуди и подеднакво добар звук.

Оптимизиран звук без разлика што гледате

Можете да слушате во еден од четирите режими: Динамички - за реалистичен звук; Динамички опкружувачки звук - за виртуелен опкружувачки звук; Дијалог - говорот полесно се слуша; и Стандарден - за стандардно прилагоден звук.

Ослободете ги вашите филмови и музика

Отворете ги вашите збирки на филмови и музика и уживајте во старите омилени филмови на голем екран и во опкружувачки звук со поврзување преку USB. Приклучете го вашиот лаптоп или префрлете ги на мемориски уред за да имате брз пристап до вашата збирка на филмови.

Спецификации и функции
  • Репродуцирајте филмови, музика и фотографии складирани на USB уредМожете да репродуцирате содржини директно од USB мемориски уред за да гледате филмови, да слушате музика и да гледате фотографии и слајд шоу презентации.

  • Репродукција од голем избор на форматиПоддржува CD-R/RW, DVD+RW/+R/+R DL, DVD-RW/-R/-R DL, DVD од 8см (освен DVD+R од 8см), JPEG, MP3 и Xvid.

  • Уживајте во осветлени и висококвалитетни сликиВнесете реалистичност во филмовите со широкиот LCD екран со висока резолуција. Исто како да сте во кино - само земете пуканки.

  • Добијте го најдобриот можен звук, каде и да сте4 различни режими на звук кои ви овозможуваат да го изберете оној режим кој најмногу одговара на содржините кои ги гледате и опкружувањето во кое ги гледате.

  • Едноставно ракување со копчиња на допирКонтролирајте ги основните функции како репродукција, стопирање и прилагодување на јачината на звукот преку функциските копчиња на допир.

  • Продолжете со гледањетоБатеријата на полнење со долго траење ви нуди 4 часа гледање додека патувате, од едно до друго полнење, доволно за два филма.

  • Уживајте во одличен звук во вашиот домПоврзете го со вашиот систем за звук за да добиете одличен звук и од филмовите и од CD дисковите преку испорачаниот аудио/видео адаптер.

  • Приклучете го на голем екранПриклучете го вашиот плеер во телевизорот преку аудио/видео излезот за да уживате во големиот екран.

  • Полнете го вашиот плеер додека патуватеАдаптерот за акумулатор, кој се приклучува во отворот за запалка во автомобилот, му овозможува на вашиот плеер да биде подготвен за репродукција.

Дознајте повеќе за функциите за заштеда на енергија и нашата посветеност за поодржлива иднина. Посетете го нашиот еко-сајт