ПРИФАТЕТЕ ЈА СОФИСТИЦИРАНОСТА
Содржините што се прикажуваат на вашиот телевизор од Sony ќе ве воодушеват, а во просторијата ќе преовладува релаксираност како и секогаш. Тајната е во новиот дизајн на производите кој содржи елементи од дизајнот на ентериерот.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Замислете си палета за дизајн од форми, шаблони и други елементи присутни во „дел“ од сцена од некоја дневна соба. Во повеќето делови има рамни предмети како табли, како што се слики на ѕидот, книги на полица или чинии на маса, па затоа ги искористивме тие предмети како основни елементи при дизајнирањето на производот.
Користејќи ја оваа палета и формите во вид на табла за оформување на изгледот и душата на нашите нови телевизори успеавме да ја задржиме хармонијата на дневната соба со нивниот тенок дизајн, а сепак да оставиме впечаток
Како што потенките куќишта и потенките рамки ги прават телевизорите помалку забележителни во просторијата, така и собата како целина влијае врз доживувањето при гледањето. Иако сакавме да го добиеме истото прекрасно доживување што се очекува од BRAVIA®, сфативме дека треба да ја зголемиме удобноста на дневните соби. Ваквата перспектива – не само за гледањето, туку и за поголемата слика при гледањето во дневната просторија – го создаде дизајнот „Дел од животот“.
Tako, главен уметнички директор
Телевизорите BRAVIA® за 2016 година имаат едноставна структура и се усогласуваат со дизајнот на дневната соба бидејќи се составени од рамни форми во вид на табли, односно држачи што изгледаат како да се тенко исечени делови од ѕидот или подот и екрани што наликуваат на слики или прозорци. Освен тоа што се тенки, тие не содржат елементи што го одвлекуваат вниманието. Целата нова палета овозможува спроведување на каблите преку држачот за да не се гледаат од ниту една страна. Со тоа поставуваме нов стандард за елегантен дизајн на телевизори кој ја задржува удобноста во дневната соба.
СЕРИЈА ZD9
Цврст, богат и моќен: рамен дизајн кој нуди врвно доживување
Серијата ZD9 ја балансира просторната хармонија на нашиот концепт Slice of Living со подобар изглед - совршено олицетворение на моделите од висока класа што го нудат најдоброто доживување при гледањето. Од предната страна, дизајнот нуди софистицираност во форма на едноставна црна плоча, овозможувајќи им на гледачите да уживаат во неверојатната моќ на 4K HDR (висок динамички опсег).
Од страните, пак, каде што се спојуваат предната и задната плоча, има линии од врвна златна боја кои го збогатуваат изгледот со силна и метална нијанса и внесуваат дополнителна визуелна димензија во доживувањето.
Отсликувајќи ги геометриските форми во ентериерите и архитектурата, задниот панел се одликува со беспрекорна форма на решетка која ги прикрива линиите на различните делови и го надополнува опкружувањето од визуелен аспект. Дизајнот ги прикрива и сите кабли, за да може уредот да изгледа елегантно од секој агол.
Серија XD94/93
Балансирани, одлични рамни површини
Зад извонредниот 4K HDR квалитет на слика кај серијата XD94/93 се кријат два слоја во вид на табли дизајнирани да извлечат максимум од секоја слика: екран со прекрасна површина и нашиот нов Slim Backlight Drive™, беспрекорно одделени со линија од врвна златна боја која се протега по страните на телевизорот. Елегантната и рамна рамка создава визуелна поврзаност на сите страни и ја нагласува извонредно тенката структура на телевизорот.
Нашата посветеност за прекрасен дизајн е присутна во секој аспект на овој телевизор, вклучувајќи ги и држачите. Серијата XD94/93 се одликува со елегантна предна плоча со стеснување која го подигнува и навалува телевизорот под агол за да создаде чувство на леснотија, а воедно и стабилност. Завршната обработка од алуминиум со топол сребрен тон на држачот совршено го надополнува телевизорот и вашиот простор за живеење.
Телевизорот можете да го монтирате и на ѕид, при што специјално дизајнираниот заден отвор и држачот ќе придонесат да изгледа вграден како прозорец во вашата дневна соба.
СЕРИЈА XD85
Истата едноставна комбинација на панели кај серијата XD94/93 е вградена и во серијата XD85 со алуминиумска рамка, но линијата на горната страна што се протега по страните е сребрена, а елегантниот преден панел на држачот се стеснува навнатре.
Како им се допаѓа дизајнот „Дел од животот“ на луѓето? За да дознаеме, прашавме луѓе од повеќе континенти. Од повратните информации, особено за држачите кои ги изработивме во многу форми, под различни агли и од повеќе бои и материјали, добивме појасна перспектива. Штом утврдивме дека ова беше правилниот избор за дизајнот, ги договоривме деталите со нашите инженери. И покрај големиот предизвик за структурата на овие телевизори, нашата одлична соработка овозможи реализација без намалување на квалитетот.
Yokota, уметнички директор
Нашите нови модели на BRAVIA® нудат повеќе од извонредно инженерство и прекрасен дизајн. Тие формираат дел од нашата поширока мисија за менување на начинот на кој сметате дека треба да изгледа забавата во домот. Истражувајќи како производите се поврзуваат и комуницираат со нивното опкружување, ние ви нудиме богати и емотивни доживувања кои го менуваат начинот на кој гледате, слушате и играте. Откријте ја разликата што можат да ја направат производите од Sony во вашиот дом денес.
КАКО SONY ЈА ПРАВИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ВОЗБУДЛИВА