Дијалог со Kazuo Hirai од Sony

Повторно создавање на музичката индустрија со звук со висока резолуција

Доколку сте во тек со тековните случувања во музичката индустрија, тогаш знаете дека најчесто спомнуваниот збор е „звук со висока резолуција“. Што е тоа? Се забележува ли разликата? И дали вреди да се инвестира во тоа?

Звукот со висока резолуција, познат по своите 192 kHz и 24-битни технички спецификации, нуди приближно седум пати повеќе податоци отколку CD дисковите. Со други зборови, звукот со висока резолуција ви овозможува да ги слушнете сите детали, текстури и нијанси кои слушателите не можат да ги слушнат кај MP3 песните.

Па, дали светот е подготвен да ги увиди придобивките од звукот со врвен квалитет?

Kazuo Hirai, CEO на Sony, го споделува своето мислење зошто звукот со висока резолуција ќе ја преземе музичката индустрија за кратко време.

П: Зошто звукот со висока резолуција му е важен на Sony? На кој начин сметате дека влијае врз музичката индустрија?

Hirai: Музиката отсекогаш сум ја гледал како форма на уметност и верувам дека треба така да се доживува. Потребни се огромни напори за продукција на музика. Зошто не би сакале да можеме да им понудиме на љубителите на музиката да ја слушаат омилената музика така како што ја замислил изведувачот?

Навистина верувам дека звукот со висока резолуција ќе ја обнови музичката индустрија, овозможувајќи им на слушателите да ја доживеат музиката како никогаш досега. Тоа е иднината.

П: Каква опрема за звук со висока резолуција нуди Sony?

Hirai: Ние нудиме голем избор на производи за звук со висока резолуција, почнувајќи од системи за домашно кино од висока класа за најголемите зависници од музика па сè до достапни модели за стандардните корисници. Знаеме дека преносливоста и практичноста им се важни на љубителите на музиката, па затоа нашиот приоритет беше да понудиме производи со висока резолуција што можете да ги користите во движење. Нашата палета на преносливи производи е обемна, почнувајќи од нашиот дигитален музички плеер Walkman® со 64 GB и висока резолуција па сè до нашите паметни телефони Xperia™, кои поддржуваат звук со висока резолуција.

П: Зошто помладата генерација треба да биде заинтересирана за звукот со висока резолуција?

Hirai: Првото доживување на звукот со висока резолуција е незаменливо. Тоа е единствен начин да уживате во реалистични чувства додека слушате песни. Сакам помладата генерација да може да го доживее тој „воодушевувачки“ фактор. Сакам да ги стават слушалките и да се чувствуваат како да го слушаат нивниот сопствен конверт во живо. Чувствувате ли поврзаност со вашиот омилен изведувач за време на неговиот настап во живо? Ќе можете да уживате во истата поврзаност со длабоки чувства во вашиот дом. Штом го слушнете звукот со висока резолуција, никогаш нема да се вратите на звукот со стандарден квалитет. Едноставно не можат да се споредат.