Ова ажурирање на софтверот овозможува висококвалитетно проследување во живо и онлајн комуникација.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Не ви треба искуство за да снимате одлични видеоснимки. ZV-1 е дизајниран за снимање прекрасни видеоснимки од вас и вашиот свет, без сложени поставки.
Со ZV-1, сите бои на кожата изгледаат живописно, природно и здраво. Достапен е и режим за ефект на мека кожа за да добиете уште појасен приказ.
Големиот CMOS-сензор од тип 1,0 и објективот со широка бленда создаваат слики со професионален ефект на дефокусирање, како и јасни детали дури и во услови со слаба осветленост.
Технологијата AI му овозможува на автоматскиот фокус да го следи вашето лице и очи без да премине на други субјекти. Ако сакате да фокусирате друг субјект, тогаш допрете го тој субјект на екранот и препуштете му го фокусирањето на фотоапаратот.
Брзиот и хибриден AF-систем на ZV-1 ви овозможува брзо и лесно поместување на фокусот од лице во заднината, за стилски и привлечни видеоснимки.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Дефокусирањето на заднината може да го вклучувате и исклучувате со притиснување на копчето за дефокусирање - не се потребни сложени рачни прилагодувања. Сега лесно може да изберете професионално дефокусирана заднина или остар фокус за целата сцена, со притиснување на едно копче.
Опцијата за изложба на производи ви овозможува да изберете поставки што се совршени за преглед на производи со притиснување на едно копче. Таа ќе го зголеми аголот на гледање и веднаш ќе го фокусира производот, што значи дека нема да чекате да се помести фокусот, или, пак, ставете ја раката зад производот за да го насочите фокусот кон него.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
ZV-1 е создаден за снимање одлични снимки додека се движите. Со стабилизацијата на слика може да снимате јасни видеоснимки додека пешачите, а доколку има промени во осветлувањето, автоматската експозиција (AE) ќе продолжи да ги следи лицата и секогаш ќе ги осветлува соодветно.
ZV-1 може да се користи како алатка за онлајн комуникација, со помош на еден кабел. За да го користите ZV-1 како надворешна камера, поврзете го со компјутер или со паметен телефон Xperia™ од Sony преку USB Type-C®-кабел.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Користете го ZV-1 за проследување во живо со висок квалитет. Благодарение на неговиот сензор од тип 1,0, ќе добиете јасно видео дури и во слабо осветлени простории. Исто така, може да го користите микрофонот со насочување и 3 капсули за снимање јасни гласови дури и кога проследувате.
Снимајте јасни вокали дури и кога снимате во толпа луѓе. Уникатниот микрофон со насочување и 3 капсули доловува јасен звук пред фотоапаратот, што е идеално за снимање видео.
Испорачаната заштита од ветар го намалува шумот од ветрот за да можете да снимате безгрижно кога сте на отворено. Ќе добиете звук со врвен квалитет и ќе трошите помалку време за повторно снимање и уредување на снимениот материјал со шум од ветар.
Со приклучоците за микрофон и галантерија може да користите микрофон по ваш избор за да го добиете саканиот звук.
ZV-1 нуди спој од практично ракување и моќ за да ви понуди креативни можности неограничени како вашата замисла.
Направете ги сите движења да изгледаат филмски со видеоснимките со забавени движења, доловувајќи најкратки моменти што ќе ги репродуцирате со 40x помала брзина од реалната.
Режимот за фотографирање во интервали автоматски снима низа слики во интервали од 1 до 60 секунди од кои може да создадете забрзани видеоснимки со помош на компјутер, во кои облаците ќе се движат брзо и цели денови ќе минуваат за неколку секунди.
ZV-1 ви нуди сè што ви е потребно за да снимате слики што ќе ги разубават вашите социјални медиуми и мали слики на видеоснимките. Неверојатно остриот објектив од ZEISS® со зум од 24-70 мм ја фокусира светлината во голем сензор за слика Exmor RS™ CMOS од тип 1,0, а сето тоа го обединува моќниот процесор за слика BIONZ X™.
Ефектите за слики и креативните стилови нудат речиси неограничени визуелни можности - од едноставни еднобојни ефекти и ефекти со делумни бои, па сè до сложени минијатурни ефекти.
Бесплатната апликација Imaging EdgeTM Mobile за iOS и Android овозможува едноставно префрлување, уредување и моментално вчитување на сликите снимени со ZV-1 во платформите за социјални медиуми, независно каде се наоѓате.
Користете ја дополнителната компонента Movie Edit за поголема стабилизација на нестабилните снимки, или променете го или отсечете го кадарот на видеоснимката во сооднос што ќе одговара за популарните социјални медиуми.
Благодарение на автоматското означување на вертикално снимените видеоснимки ќе можете да вчитувате прилагодени содржини за паметни телефони.
Дизајнот на ZV-1 овозможува лесно снимање на автопортрети и видеоблогови. ZV-1 ќе ве поттикне да снимате инспиративни содржини со врвни детали.
LCD-екранот се преклопува хоризонтално, што е совршено за автопортрети и видеоблогови. Отсуството на приклучоци, микрофони и приклучоци за галантерија овозможува прецизно обликување на кадарот и непречено ракување дури и кога сте пред фотоапаратот.
Лесно проверете дали снимате со светилката за снимање поставена на предната страна на фотоапаратот - доколку сакате, може лесно да ја исклучите. Никогаш повеќе нема да заборавите да го притиснете копчето за снимање.
Обликуваниот држач со подлабока вдлабнатина е поудобен за стандардно фотографирање и нуди стабилно држење за да го намали заморот при снимање видеоблогови и автопортрети.
ZV-1 е компатибилен со држачот за безжично фотографирање GV-VPT2BT од Sony што нуди Bluetooth®, безжична контрола на зумот, фотографирањето и многу повеќе, а може да се претвори во мини статив за стабилно фотографирање без користење на рацете.
Носете уред за снимање со професионален квалитет во џебот што нуди неверојатни 4K HDR-детали и моќни алатки за експозиција за да создавате содржини што сигурно ќе ја импресионираат публиката.
ZV-1 снима неверојатно детални 4K HDR-видеоснимки преку промена на големината на точките до 1,7x за да снимате реални слики без намалување на квалитетот.
Достапни се контроли за гамата S-Log2 и S-Log3 за усогласување со фотоапаратот и флексибилност во градација на боите, како и повеќе поставки за профили на слика за да создадете совршена естетика.
Филтерот за неутрална густина (ND) нуди креативни можности преку контрола на експозицијата за видео, зголемување на длабочината на полето и волшебен приказ на вода, светлина и движења со бавна бленда.
Разгледајте ги функциите на ZV-1 за снимање видеоблогови и создавање содржини.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Погледнете го овој детален видеозапис за функциите на ZV-1.
Creators' Cloud е платформа за креативна работа - од фотографирање до продукција - што спојува технологии за фотоапарати од Sony и AI-апликации на Cloud. Ова е место за откривање и соработка со креатори од целиот свет. Разгледајте апликации на интернет, за мобилни уреди и за компјутери што овозможуваат интеграција на фотоапаратите со услуги и апликации за снимање и продукција.
Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран, со приклучување камера во телевизорот BRAVIA.
Спецификации и функции
- Тип на сензор
- Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм), сооднос 3:2
- Број на точки (ефективни)
- Прибл. 20,1 милиони точки
- ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
- Автоматски (ISO100-12800, можност за избор на горна / долна граница), 125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800 (може да се прошири до ISO64/80), NR за повеќе слики: автоматски (ISO100-12800), 100/ 200/400/800/1600/3200/6400/12800/25600
- ISO чувствителност (видео)
- Автоматски: (ниво на ISO125 - ниво на ISO12800, со можност за избор на горна / долна граница), 125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800