Фотоапарат за видеоблогови ZV-1

Создаден за создавање содржини

*Снимено со изборниот држач за фотографирање GP-VPT2BT

Дизајниран да им се допадне на креаторите на содржини
Прикажете го светот во ваш стил
Лесно споделување по снимањето
Создаден за видеоблогови
Фотографирајте како професионалец
Основи за создавање содржини
Дизајниран да им се допадне на креаторите на содржини

Не ви треба искуство за да снимате одлични видеоснимки. ZV-1 е дизајниран за снимање прекрасни видеоснимки од вас и вашиот свет, без сложени поставки.

Прекрасни и природни тонови на кожа за сите

Со ZV-1, сите бои на кожата изгледаат живописно, природно и здраво. Достапен е и режим за ефект на мека кожа за да добиете уште појасен приказ.

Дефокусирање на заднината за професионален изглед
Дефокусирање на заднината за професионален изглед

Големиот CMOS-сензор од тип 1,0 и објективот со широка бленда создаваат слики со професионален ефект на дефокусирање, како и јасни детали дури и во услови со слаба осветленост.

Фотоапаратот ќе го пронајде вашето око
Фотоапаратот ќе го пронајде вашето око

Технологијата AI му овозможува на автоматскиот фокус да го следи вашето лице и очи без да премине на други субјекти. Ако сакате да фокусирате друг субјект, тогаш допрете го тој субјект на екранот и препуштете му го фокусирањето на фотоапаратот.

Брзо и прецизно поместување на фокусот

Брзиот и хибриден AF-систем на ZV-1 ви овозможува брзо и лесно поместување на фокусот од лице во заднината, за стилски и привлечни видеоснимки.

Контрола на професионалното дефокусирање со еден допир

Дефокусирањето на заднината може да го вклучувате и исклучувате со притиснување на копчето за дефокусирање - не се потребни сложени рачни прилагодувања. Сега лесно може да изберете професионално дефокусирана заднина или остар фокус за целата сцена, со притиснување на едно копче.

Опција што е идеална за видеозаписи за преглед на производи

Опцијата за изложба на производи ви овозможува да изберете поставки што се совршени за преглед на производи со притиснување на едно копче. Таа ќе го зголеми аголот на гледање и веднаш ќе го фокусира производот, што значи дека нема да чекате да се помести фокусот, или, пак, ставете ја раката зад производот за да го насочите фокусот кон него.

Снимајте одлични видеоснимки, каде и да одите
Снимајте одлични видеоснимки, каде и да одите

ZV-1 е создаден за снимање одлични снимки додека се движите. Со стабилизацијата на слика може да снимате јасни видеоснимки додека пешачите, а доколку има промени во осветлувањето, автоматската експозиција (AE) ќе продолжи да ги следи лицата и секогаш ќе ги осветлува соодветно.

Дизајниран за уште подобар звук
Дизајниран за уште подобар звук

Снимајте јасни вокали дури и кога снимате во толпа луѓе. Уникатниот микрофон со насочување и 3 капсули доловува јасен звук пред фотоапаратот, што е идеално за снимање видео. 

Заштита од ветар за снимање на отворено
Заштита од ветар за снимање на отворено

Испорачаната заштита од ветар го намалува шумот од ветрот за да можете да снимате безгрижно кога сте на отворено. Ќе добиете звук со врвен квалитет и ќе трошите помалку време за повторно снимање и уредување на снимениот материјал со шум од ветар.

Користете го вашиот омилен микрофон
Користете го вашиот омилен микрофон

Со приклучоците за микрофон и галантерија може да користите микрофон по ваш избор за да го добиете саканиот звук.

Прикажете го светот во ваш стил

ZV-1 нуди спој од практично ракување и моќ за да ви понуди креативни можности неограничени како вашата замисла.

Динамичко видео со бавни движења
Динамичко видео со бавни движења

Направете ги сите движења да изгледаат филмски со видеоснимките со забавени движења, доловувајќи најкратки моменти што ќе ги репродуцирате со 40x помала брзина од реалната.

Забрзани снимки за филмски ефекти
Забрзани снимки за филмски ефекти

Режимот за фотографирање во интервали автоматски снима низа слики во интервали од 1 до 60 секунди од кои може да создадете забрзани видеоснимки со помош на компјутер, во кои облаците ќе се движат брзо и цели денови ќе минуваат за неколку секунди.

Снимајте неверојатни слики и видеоснимки
Снимајте неверојатни слики и видеоснимки

ZV-1 ви нуди сè што ви е потребно за да снимате подобри слики за социјалните медиуми и мали слики за видеоснимките. Објективот од ZEISS® со 24-70 мм може лесно да фокусира со помош на големиот сензор за слика Exmor RS™ CMOS од тип 1,0 и моќниот процесор за слика BIONZ X™.

Изразете се со креативните ефекти
Изразете се со креативните ефекти

Ефектите за слики и креативните стилови нудат речиси неограничени визуелни можности - од едноставни еднобојни ефекти и ефекти со делумни бои, па сè до сложени минијатурни ефекти.

Лесно споделување по снимањето

Отсега нема потреба да снимате со послаб квалитет преку паметниот телефон само за да можете брзо да ги споделите содржините. ZV-1 нуди и неверојатни слики и различни опции за поврзување за да можете да споделувате полесно и побрзо.

Префрлување видеоснимки во вашиот паметен телефон
Префрлување видеоснимки во вашиот паметен телефон

Бесплатната апликација Imaging EdgeTM Mobile за iOS и Android овозможува едноставно префрлување, уредување и моментално вчитување на сликите снимени со ZV-1 во платформите за социјални медиуми, независно каде се наоѓате.

Совршено за сите платформи
Совршено за сите платформи

Користете ја дополнителната компонента Movie Edit за поголема стабилизација на нестабилните снимки, или променете го или отсечете го кадарот на видеоснимката во сооднос што ќе одговара за популарните социјални медиуми.

Лесно снимање во вертикална положба за мобилни уреди
Лесно снимање во вертикална положба за мобилни уреди

Благодарение на автоматското означување на вертикално снимените видеоснимки ќе можете да вчитувате прилагодени содржини за паметни телефони.

Создаден за видеоблогови

Дизајнот на ZV-1 овозможува лесно снимање на автопортрети и видеоблогови. ZV-1 ќе ве поттикне да снимате инспиративни содржини со врвни детали. 

Погледнете се во најдобро светло

LCD-екранот се преклопува хоризонтално, што е совршено за автопортрети и видеоблогови. Отсуството на приклучоци, микрофони и приклучоци за галантерија овозможува прецизно обликување на кадарот и непречено ракување дури и кога сте пред фотоапаратот.

Веднаш дознајте дали снимате
Веднаш дознајте дали снимате

Лесно проверете дали снимате со светилката за снимање поставена на предната страна на фотоапаратот - доколку сакате, може лесно да ја исклучите. Никогаш повеќе нема да заборавите да го притиснете копчето за снимање.

Оптимизиран држач за автопортрети
Оптимизиран држач за автопортрети

Обликуваниот држач со подлабока вдлабнатина е поудобен за стандардно фотографирање и нуди стабилно држење за да го намали заморот при снимање видеоблогови и автопортрети.

Може да се користи со држачи за безжична контрола
Може да се користи со држачи за безжична контрола

ZV-1 е компатибилен со држачот за безжично фотографирање GP-VPT2BT од Sony што нуди Bluetooth®, безжична контрола на зумот, фотографирањето и многу повеќе, а може да се претвори во мини статив за стабилно фотографирање без користење на рацете.

Фотографирајте како професионалец

Носете уред за снимање со професионален квалитет во џебот што нуди неверојатни 4K HDR-детали и моќни алатки за експозиција за да создавате содржини што сигурно ќе ја импресионираат публиката.

Професионални функции за снимање видео во 4K HDR
Професионални функции за снимање во 4K HDR

ZV-1 снима неверојатно детални 4K HDR-видеоснимки преку промена на големината на точките до 1,7x за да снимате реални слики без намалување на квалитетот.

Гама S-Log за професионални работни процеси
Гама S-Log за професионални работни процеси

Достапни се контроли за гамата S-Log2 и S-Log3 за усогласување со фотоапаратот и флексибилност во градација на боите, како и повеќе поставки за профили на слика за да создадете совршена естетика.

Вграден ND-филтер
Вграден ND-филтер

Филтерот за неутрална густина (ND) нуди креативни можности преку контрола на експозицијата за видео, зголемување на длабочината на полето и волшебен приказ на вода, светлина и движења со бавна бленда.

Функции на фотоапаратот и основи за создавање содржини

Разгледајте ги функциите на ZV-1 за снимање видеоблогови и создавање содржини.

Преглед на функциите на ZV-1

Погледнете го овој детален видеозапис за функциите на ZV-1.

Imaging Edge Desktop
Imaging Edge Desktop™

Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge Desktop. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

Capture One за Sony
Capture One за Sony

Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер за уредување што нуди обработка на RAW, лесно управување и моќни алатки за уредување. Достапен е и Capture One Pro (за Sony) со повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.

Спецификации и функции

ZV-1 е дизајниран за создавање содржини со LCD-екран што е практичен за автопортрети, држач на самото куќиште и светилка за снимање. Микрофонот со насочување и 3 капсули со заштита од ветар ќе го снима вашиот глас со помалку шум од ветар, а копчето за дефокусирање и опцијата за изложба на производи ги прави видеоснимките поинтересни без да вложувате напор.
  • Голем сензор за слика Exmor RS CMOS од тип 1,0

  • Процесор за обработка на слика BIONZ XTM

  • Снимање 4K видеоснимки

  • Микрофон со насочување и 3 капсули со заштита од ветар

  • LCD-екран со променлив агол, држач на куќиштето и светилка за снимање

Тип на сензор
Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм), сооднос 3:2
Број на точки (ефективни)
Прибл. 20,1 милиони точки
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
Автоматски (ISO100-12800, со можност за избор на горна / долна граница), 100/125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800 (може да се прошири до ISO64/80), NR за повеќе слики: автоматски (ISO100-12800), 100/ 200/400/800/1600/3200/6400/12800/25600
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина