Сензор

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3 (7,82мм)
Број на точки (ефективни)
18,2MP

Објектив

Вид на објектив
Vario-Sonnar® T* објектив од ZEISS®
F-број (максимална решетка)
F3,5 (Ш) - 6,4 (Т)
Фокусна должина
f=4,1-123 мм
АГОЛ НА ГЛЕДАЊЕ (ЕКВИВАЛЕНТ НА ФОРМАТОТ ОД 35 MM)
84 степени-3 степени 30 мин. (24-720 мм)
Опсег на фокусирање (од предниот дел на објективот)
5 см - бесконечност (Ш), 2,5 м - бесконечност (Т)
Оптички зум
30x
Јасно зумирање на слики (фотографија)
Фотографија: 18M прибл. 60x / 10M прибл. 80x / 5,0M прибл. 113x / VGA прибл. 459x / 13M(16:9) прибл. 60x / 2,1M(16:9) прибл. 153x; видео: Прибл. 60x
Дигитален зум (фотографија)
До 120x (VGA)

Екран

Тип на екран
3,0'' (7,5 см) (4:3) / 921.600 точки / Xtra Fine / TFT LCD екран
Контрола на јасноста
Рачно (5 чекори)

Камера

Дел за обработка на сликата
BIONZ X™
STEADYSHOT (ФОТОГРАФИЈА)
Оптички Steadyshot
Вид на фокусирање
AF со откривање на контраст
Режим на фокусирање
AF за единечни снимки, континуиран AF
Режим за мерење на светлината
Повеќе примероци, центрирано, во точка
Компензација на експозицијата
+/- 3,0 EV, 1/3 EV чекор
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
ISO 80-12800
ISO чувствителност (видео)
ISO 80-3200
Режими на балансот на белата боја
Автоматски;дневна светлина;сенка;облачно;блескаво;флуоресцентно: Ладни бели тонови;флуоресцентно: Дневни бели тонови;флуоресцентно: Дневна светлина;блиц;прилагодено;со едно притиснување, поставување со едно притиснување
Брзина на блендата
iAuto (4" - 1/2000) / автоматска програма (1" - 1/2000) / приоритет на решетка (8" - 1/2000) / приоритет на бленда (30" - 1/2000) / рачно (30" - 1/2000)
Режим за снимање
Интелигентен автоматски режим;врвен автоматски режим;автоматска програма;приоритет на решетка;приоритет на брзината на бленда;рачна експозиција;MR (повикување на меморија) 1,2,3;режим на видео (интелигентен автоматски режим/избор на сцени);панорама;избор на сцени
Избор на сцени
Портрет;напреден режим за спортско фотографирање;пејзаж;зајдисонце;ноќна сцена;рачно снимање во самрак;ноќен портрет;режим против заматување на движењата;HDR корекција на задното осветлување;режим за миленичиња;гастрономски;плажа;снег;огномет;мека кожа;висока чувствителност
Брзина на континуирано фотографирање (максимум) (со макс. точки за снимање)
10 fps (за најмногу 10 снимки)
Тајмер
Исклучено / 10 сек. / 5 сек. / 2 сек. / 3 последователни снимки со избор на доцнење од 10 сек. 5 сек. или 2 сек.
Панорама (фотографирање)
Интелигентен режим на панорама (поддржува формат од 360)
Ефект на слика
Фотографија: Фото апарат - играчка, модерни бои, правење на постери, ретро фотографија, меки и осветлени тонови, делумни бои, еднобојни слики со висок контраст, мек фокус, HDR слика, богати црно-бело тонови, минијатурен ефект, водени бои, цртеж
Автоматска ротација на слика
Да
Минимална осветленост
Видео: Автоматски 12 лукси (брзина на бленда 1/30) / висока чувствителност 6 лукси (брзина на бленда 1/30)
Корекција на црвени очи со вграден блиц
Вклучено / исклучено

Блиц

Режим на блиц
Автоматски / вклучен блиц / бавна синхронизација / задна синхронизација / исклучен блиц
Вид на блиц
Вграден, со рачно извлекување
AF осветлување
Автоматски / исклучено
Опсег на блиц
ISO автоматски: Прибл. 0,3 м до 5,4 м (Ш) / прибл. 2,5 м до 3,0 м (Т)

Снимање

Компатибилни медиуми за снимање
Memory Stick Duo;Memory Stick PRO Duo;Memory Stick PRO Duo(со голема брзина);Memory Stick PROHG Duo;Memory Stick Micro;Memory Stick Micro (Mark2);SD мемориска картичка;SDHC мемориска картичка;SDXC мемориска картичка(UHS-I);microSD мемориска картичка;microSDHC мемориска картичка;microSDXC мемориска картичка
Формат на снимање
Фотографија: JPEG(усогласеност со DCF вер.2.0, Exif вер.2.3, MRF Baseline);Видео: Компатибилност со XAVC S, AVCHD формат вер.2.0, MP4
Режим за снимање видео (NTSC)
NTSC режим: AVCHD (до 1.920x1.080/60p при 28 Mbps) / XAVC S (до 1.920x1.080/60p при 50 Mbps) / MP4 (до 1.920x1.080/60fps при 28 Mbps)
Режим за снимање видео (PAL)
PAL режимMode: AVCHD (до 1.920x1.080/50p при 28 Mbps) / XAVC S (до 1.920x1.080/50p при 50 Mbps) / MP4 (до 1.920x1.080/50fps при 28 Mbps)
Резолуција на фотографии
Режим 3:2: 16M (4.896×3.264) / 8,9M (3.648×2.432) / 4,5M (2.592×1.728), режим 4:3: 18M (4.896×3.672) / 10M (3.648×2.736) / 5M (2.592×1.944) / VGA, режим 16:9: 13M (4.896×2.752) / 7,5M (3.648×2.056) / 2,1M (1.920×1.080), режим 1:1: 13M (3.664×3.664) / 7,5M (2.736×2.736) / 3,7M (1.920×1.920), режим на панорама: Широкоаголно (7.152×1.080/4.912×1.920), стандардно (4.912×1.080/3.424×1.920), 360(11.520×1.080)

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Hi-Speed USB (USB2.0), Микро HDMI, Повеќе/микро USB приклучок
NFC
Далечински управувач со еден допир, Споделување со еден допир
Поврзување преку Wi-Fi®
NFC функции со еден допир, Wi-Fi®

Моќност

Потрошувачка (режим на камера)
Прибл. 1,4 W
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (ФОТОГРАФИИ)(CIPA) 
До 400 снимки / 200 минути
Испорачана батерија
Комплет батерии на полнење NP-BX1

Други

Photo Creativity
Да
Функции за репродукција
Слајд шоу; премотување напред/назад (видео); бришење; заштита; функција за снимање движења; ефект за разубавување;BRAVIA Sync (контрола за HDMI);индексен приказ на 9/25 слики
Индексна репродукција
9 / 25 слики
Зум при репродукција
Во зависност од големината на сликата

Големина и тежина

ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д) (ПРИБЛ.)
101,6 x 58,1 x 35,5 мм
ТЕЖИНА (УСОГЛАСЕНОСТ СО CIPA)
209 гр. (само куќиште), 236 гр. (со батерија и медиум)

Опции на бои

redwhiteblack

Што има во пакетот

  • Комплет батерии на полнење NP-BX1
  • AC адаптер AC-UB10C/UB10D
  • Микро USB кабел
  • Лента за околу зглоб
  • Упатство за употреба
  • AC кабел за напојување
Placeholder

Функции

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Објектив со 30x зум кој поседува квалитет од ZEISS®

Резултатот од искуството во оптика со голема прецизност на ZEISS® од век и половина е очигледен: овој објектив од 24-720 мм прикажува портрети, снимки одблиску и пејзажи во природен амбиент од секоја перспектива, со живописна острина и реален контраст. Повеќеслојниот анти-рефлективен T* слој од ZEISS® ефикасно ги елиминира одблесоците и отсјајот на површината.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Exmor R® CMOS сензор за неверојатна чувствителност

Колку повеќе светлина се пропушта до сензорот, толку подобро ќе изгледа конечната слика. Exmor R CMOS сензорот со 18,2 ефективни милиони точки има дизајн со задно осветлување кој пропушта четирипати повеќе светлина од стандардните сензори, има двапати поголема чувствителност на светлина, па дури и се одликува со технологија за паралелна A/D конверзија од Sony за намалување на шумот на сликата.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

BIONZ X™ за повеќе детали и помал шум

За да ги претвори податоците од Exmor R® CMOS сензорот во слики со висока резолуција, процесорот за слика BIONZ X применува технологии за репродукција на детали, намалување на прекршувањата и намалување на шумот во одредени површини. Оваа комбинација овозможува репродукција на реалистични слики со пореални бои и текстури со исклучителна прецизност во реално време.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

LCD екран кој се врти за 180 степени заради лесно обликување на кадарот

LCD мониторот со висока резолуција на задната страна на фотоапаратот може да се заврти до 180 степени. Притоа, кога стоите пред фотоапаратот можете лесно да го погледнете LCD мониторот и да го проверите кадарот пред да снимите автопортрет, на пример. Оваа флексибилност ви овозможува и удобност за задржување на вашата положба без напор додека набљудувате некоја сцена која сакате да ја доловите од ниска положба.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Ефектот за разубавување го подобрува изгледот

Обработете го изгледот на луѓето во фотографиите на брз и интуитивен начин. Со петте режими на ефектот за разубавување можете да измазнувате кожа, да менувате тонови на кожата, да го намалите отсјајот на кожата, да ги проширите очите и да ги избелите забите - користејќи го фотоапаратот, без потреба од компјутер. На вашите субјекти ќе им се допадне како можат да изгледаат волшебно разубавени во вашите портрети.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Далечински управувач со еден допир и споделување со еден допир

Далечинскиот управувач со еден допир ви овозможува да го користите паметниот телефон или таблет-уредот како визир и далечински управувач за дигитални фотоапарати, а споделувањето со еден допир ви овозможува да префрлувате фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат. Без разлика за што ќе се одлучите, со инсталирање на апликацијата Imaging Edge Mobile во вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android што поддржува NFC, ќе ги избегнете сложените поставки и ќе воспоставувате безжична врска со допирање на вашиот уред до фотоапаратот. Сега можете да го контролирате фотоапаратот преку паметниот телефон и да фотографирате од места кои претходно не ви биле достапни, или да бидете присутни во сопствената групна снимка, како и да префрлувате содржини во паметниот телефон за да ги споделите на SNS. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно.

Дознајте повеќе

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

P/A/S/M режими за експозиција и Photo Creativity

Реализирајте ја вашата визија преку фотографии со режимите за експозиција: програма на AE (P)/приоритет на решетка (A)/приоритет на брзина на бленда (S)/рачен (M). Користете ги за рачно контролирање на експозицијата, за да го прилагодите заматувањето на заднината, на пример. Photo Creativity ви овозможува интуитивно прилагодување на светлината, боите, живописноста и други параметри на сликите.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Пофлексибилни формати за видео

Освен форматот AVCHD со висока резолуција, фотоапаратот снима видеоснимки со неверојатно рамномерни движења и висококвалитетен звук кој е верен на оригиналните извори во XAVC S формат.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Неверојатна издржливост

Не грижете се за празнењето на батеријата на фотоапаратот додека патувате. Целосно наполнетата литиум-јонска батерија на WX500 нуди доволно енергија за снимање прибл. 400 фотографии или видео материјали од прибл. 75 минути, за да не ги пропуштите одличните прилики за снимање.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Усогласени бои кои одговараат на вашиот стил

WX500 е достапен во црна, бела или црвена боја. Исто така, комплетот со мека торбичка за фотоапаратот/навлака за објективот/лента за на рамо од Sony претставува практична и стилска изборна галантерија достапна во три бои кои ќе одговараат на вашето расположение или фотоапарат.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Интелигентниот активен режим спречува заматување

Не плашете се од рачното снимање. Интелигентниот активен режим, кој користи напредна технологија за анализа на слики од Sony и стабилизација на слика во 5 оски, врши компензација за тресењето на фотоапаратот. Овој режим го намалува заматувањето кое се појавува на сликите при рачно снимање или кога снимате додека го бркате објектот во акција.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Прилагодливи поставки за лична контрола

Доделете често користени функции (режим на фокусирање, баланс на белата боја, ефекти на слика итн.) на прилагодливите копчиња за полесен и побрз пристап до тие функции за време на снимањето. На пример, можете да доделите 12 функции на функциското копче, а потоа притиснете го, изберете функција и прилагодете ги параметрите на функцијата преку прстенот за контрола или задното контролно тркало.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Извонредно брз, прецизен и интелигентен AF

Подобрениот алгоритам за откривање на просторот до објектот овозможува пооптимален и попрецизен погон на објективот за добивање уште побрз AF, за да можете да доловувате повеќе неочекувани моменти на едноставен начин.

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

PlayMemories Camera Apps за внесување лични елементи

Подобрете го изразувањето на креативноста со PlayMemories Camera Apps, кои нудат сè поголем избор на одлични апликации кои лесно се преземаат. Не само што овие апликации ви нудат поголема функционалност, туку и извонредни опции за персонализирање на вашиот фотоапарат со цел да ги постигнете целите при фотографирањето. Забелешка: Достапноста на услугите зависи од регионот.

Погледнете ги деталите

Слика од Компактен фотоапарат WX500 со 30x оптички зум

Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.