Прескокни до содржина

RX10 IV

Неверојатно брз фокус и зумирање

Уживајте во RX10 кој ги издигнува функциите на „сè-во-едно“ фотоапаратите и квалитетот на сликата на највисоко ниво досега.

Автоматско фокусирање со врвна брзина во комбинација со извонреден опсег на зумирање

Сега е полесно да снимате неверојатни фотографии и видеоснимки во секоја прилика. Новиот фотоапарат RX10 IV претставува многу повеќе од компактен, паметен сè-во-едно уред - тој се одликува со револуционерни иновации од кои би се воодушевиле и професионалци, од извонредно брз систем за автоматски фокус од овој вид, врвната оптика со опсег на зумирање од 25x, до неверојатно прецизната, моќна обработка на слика и многу повеќе. 

Галерија со фотографии од RX10 IV

AF прави огромен скок

AF прави огромен скок

Влезете во центарот на случувањата

Влезете во центарот на случувањата

Широкоаголен зум со висока резолуција

Широкоаголен зум со висока резолуција

Снимајте поживописни видеоснимки

Снимајте поживописни видеоснимки

Ракување во професионален стил

Ракување во професионален стил 

AF прави огромен скок

Автоматското фокусирање со брзина од 0,03 сек. не пропушта движење

Системите за автоматски фокус на RX10 IV го подобруваат одзивот, прецизноста и опсегот за попрецизно контролирано и непрекинато фокусирање на објектот, независно од тоа колку брзо се одвива сцената.

AF со неспоредлива брзина

Погледнете го извонредно брзото автоматско фокусирање во акција

Најголемата брзина од 0,03 сек. за автоматско фокусирање во светот е овозможена од Exmor RS™ CMOS сензорот за слика од тип 1,0, кој нуди брзо, прецизно автоматско фокусирање во секое време. 

AF со неспоредлива брзина
Целосна покриеност со AF

[1] Покриеност на AF со откривање на фаза (315 точки)
[2] Покриеност на AF со откривање на контраст (25 точки) 

Целосна покриеност со AF

Автоматскиот фокус го доловува објектот, каде и да се наоѓа тој на сликата

315 точки за AF со откривање на фаза опфаќаат прибл. 65% од површината на сликата за да обезбедат автоматско фокусирање со широка покриеност на објектите кои се појавуваат во кадарот.

AF со непрекинато следење

Го задржува фокусот на објектите што се движат колку што ќе посакате

Со технологијата за AF со следење со голема густина, фокусот сигурно останува на објектите што се движат и ги активира AF точките за покривање на површината околу објектот. 

AF со непрекинато следење

[1] AF точки што се прикажуваат на екранот
[2] Алгоритам за AF (не се прикажува на екранот) 

Напредно ракување со допир

Поголема контрола на фокусот дури и при фотографирање

Извонредниот фотоапарат RX10 IV нуди поинтуитивна, разновидна контрола на фокусот на дофат на вашите прсти. 

Избор на фокусна точка со AF на подлога на допир

Избор на фокусна точка со AF на подлога на допир

Лизгајте со прстот за да го поместите фокусот. Оваа функција е мошне практична додека гледате низ визирот. 

Допрете го следниот објект со фокусот на допир

Допрете го следниот објект со фокусот на допир

Само допрете го LCD екранот за да се фокусира избраниот објект.

Побрза и разновидна контрола на автоматското фокусирање

Ракувањето со AF е подобрено и усовршено

Ракувањето со допир и другите иновации во автоматското фокусирање оптимално ги користат предностите на системот со брз хибриден автоматски фокус, како што се врвната брзина, прецизноста и разновидноста при фотографирањето локации, континуираното фотографирање и фотографирањето со извонредно телефото. 

Ограничувач на опсегот на фокусирање

Ограничувач на опсегот на фокусирање

Тој овозможува побрзо фокусирање во зависност од растојанието од објектите.

AF-A режим

Режимот AF-A автоматски го оптимизира режимот AF

Автоматско префрлање меѓу единечен AF и континуиран AF со следење, во зависност од потребата.

Со AF-ON нема притиснување до половина за фокус

Со AF-ON нема притиснување до половина за фокус

Тоа ви овозможува да доловувате моменти веднаш без постапката за фокусирање со притиснување до половина.

Влезете во центарот на случувањата

Континуирано фотографирање со брзина до 24 fps

Снимајте одлучувачки моменти дури и од динамичните случувања. Со предниот LSI со голема брзина и огромната моќ на процесорот за обработка на слика BIONZ X™, RX10 IV овозможува континуирано фотографирање, дури и со AF/AE со следење со приближно 24 fps за максимум 249 слики истовремено.

Фотографирање со голема брзина од 24 fps со AF/AE со следење

Фотографирање со голема брзина од 24 fps со AF/AE со следење

Усовршени функции за подобро фотографирање

Дури и сликите фотографирани континуирано со 24 fps изгледаат неверојатно рамномерни и богати додека ги следите на електронскиот визир, кој се одликува со апсолутно минимално доцнење на приказот во текот на фотографирањето.  

Нечујна електронска бленда

Фотографирајте сцени чувствителни на звук во потполна тишина 

Снимајте настани во живо, диви животни и случувања без да одвлекувате внимание, со поставувањето за нечујно фотографирање на електронската бленда. Со брзина до 1/32000 сек., оваа бленда исто така го минимизира изобличувањето на сликата.

Нечујна електронска бленда

Широкоаголен зум со висока резолуција

Сè-во-одлично

Фотоапаратот RX10 IV од Sony се одликува со врвен објектив со голема решетка, најсовремен BIONZ X процесор кој овозможува висока резолуција до рабовите на сликата, можност за фотографирање прекрасни ефекти на дефокусирање и стабилни снимки одблиску и многу повеќе. Квалитетот на секоја фотографија и видеоснимка, дури и при снимање со максимална брзина, е исто толку извонреден како и сите други иновации на овој врвен Cyber-shot.

Потрага по совршената оптика

Беспрекорните слики имаат исклучителни елементи на префинетост 

Вградениот Vario-Sonnar T* објектив со голем зум од 24-600 мм и F2,4-4 од ZEISS® овозможува одличен контраст и острина на секоја снимка низ целиот опсег, од извонредно широкоаголен до извонреден телефото опсег. 

Потрага по совршената оптика
Напреден BIONZ X

Напреден BIONZ X

Овозможува обработка на слики на највисоко ниво досега 

Напредниот алгоритам на процесорот за слика BIONZ X го подобрува квалитетот на сликата со зголемување на резолуцијата, минимизирање на шумот и доловување на реалноста во сета нејзина разновидност и префинетост.

Снимајте поживописни видеоснимки

Брз хибриден автоматски фокус за снимање 4K видеоснимки

Врвни функции за фотографирање за попрофесионални резултати

Брзиот хибриден автоматски фокус овозможува побрзо и попрецизно автоматско фокусирање, додека снимањето на 4K видеоснимки (QFHD: 3840x2160) со обработка на сите точки без соединување на точките обезбедува снимање со доволно висока резолуција за да ги задоволи потребите на професионалците.

Ракување во професионален стил 

Едноставно ракување

Фокусирањето, следењето, прилагодувањето на поставките и другите клучни функции не само што се едноставни за ракување во секое време, туку се и наменети за употреба во професионален стил.  

  • Тројна практичност и контрола
  • Добијте практичност и контрола
  • Добијте пристап до повеќе галантерија
PlayMemories Online

PlayMemories Online™

Правете резервни копии на фотографиите и видеоснимките на Cloud услугата на Sony и пристапувајте до нив од секој уред.

Capture One Express (за Sony)

Capture One Express (за Sony)

Поддржува употреба на еден од најдобрите конвертори за RAW во светот, од Phase One.

Спецификации и функции
AF со исклучително брз одзив (0,03 сек.), брзина до 24 fps со AF/AE со следење при континуирано фотографирање, објектив од 24-600 мм со F2,4-4 и Exmor RS™ сензор, сè во еден фотоапарат.
  • Fonticon_Zeiss_logo

    Vario-Sonnar T* објектив за зумирање од ZEISS® од 24-600 мм со голема решетка F2,4-4, висока резолуција и голема брзина

  • Exmor RS™ CMOS сензор од тип 1,0 со прибл. 20,1 ефективни милиони точки, AF со откривање на фаза, подредена структура и DRAM чип

  • Процесор за обработка на слика BIONZ X™ за репродукција на врвни детали и намалување на шумот

  • Одзив на AF од 0,03 сек. со 315 AF точки за откривање на фаза во фокусната површина

  • Континуирано фотографирање со брзина до 24 fps и AF/AE за максимум 249 слики

Тип на сензор
Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм), сооднос 3:2
Број на точки (ефективни)
Прибл. 20,1 милиони точки
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
Автоматски(ISO125-12800, може да се избере со горна / долна граница), 100/125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800 (може да се прошири до ISO64/80), NR за повеќе слики:автоматски(ISO100-12800), 100/ 200/400/800/1600/3200/6400/12800/25600

Што има во пакетот

Комплет батерии на полнење NP-FW50, AC адаптер AC-UUD12, Микро USB кабел, Лента за на рамо, Капаче за објектив, Капаче за приклучок, Сенило, Капаче за окулар, Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина