RX10 IV
Неверојатно брз фокус и зумирање
Уживајте во RX10 кој ги издигнува функциите на „сè-во-едно“ фотоапаратите и квалитетот на сликата на највисоко ниво досега.
Уживајте во RX10 кој ги издигнува функциите на „сè-во-едно“ фотоапаратите и квалитетот на сликата на највисоко ниво досега.
Сега е полесно да снимате неверојатни фотографии и видеоснимки во секоја прилика. Новиот фотоапарат RX10 IV претставува многу повеќе од компактен, паметен сè-во-едно уред - тој се одликува со револуционерни иновации од кои би се воодушевиле и професионалци, од извонредно брз систем за автоматски фокус од овој вид, врвната оптика со опсег на зумирање од 25x, до неверојатно прецизната, моќна обработка на слика и многу повеќе.
Системите за автоматски фокус на RX10 IV го подобруваат одзивот, прецизноста и опсегот за попрецизно контролирано и непрекинато фокусирање на објектот, независно од тоа колку брзо се одвива сцената.
Најголемата брзина од 0,03 сек. за автоматско фокусирање во светот е овозможена од Exmor RS™ CMOS сензорот за слика од тип 1,0, кој нуди брзо, прецизно автоматско фокусирање во секое време.
[1] Покриеност на AF со откривање на фаза (315 точки)
[2] Покриеност на AF со откривање на контраст (25 точки)
315 точки за AF со откривање на фаза опфаќаат прибл. 65% од површината на сликата за да обезбедат автоматско фокусирање со широка покриеност на објектите кои се појавуваат во кадарот.
Со технологијата за AF со следење со голема густина, фокусот сигурно останува на објектите што се движат и ги активира AF точките за покривање на површината околу објектот.
[1] AF точки што се прикажуваат на екранот
[2] Алгоритам за AF (не се прикажува на екранот)
Извонредниот фотоапарат RX10 IV нуди поинтуитивна, разновидна контрола на фокусот на дофат на вашите прсти.
Лизгајте со прстот за да го поместите фокусот. Оваа функција е мошне практична додека гледате низ визирот.
Само допрете го LCD екранот за да се фокусира избраниот објект.
Ракувањето со допир и другите иновации во автоматското фокусирање оптимално ги користат предностите на системот со брз хибриден автоматски фокус, како што се врвната брзина, прецизноста и разновидноста при фотографирањето локации, континуираното фотографирање и фотографирањето со извонредно телефото.
Тој овозможува побрзо фокусирање во зависност од растојанието од објектите.
Автоматско префрлање меѓу единечен AF и континуиран AF со следење, во зависност од потребата.
Тоа ви овозможува да доловувате моменти веднаш без постапката за фокусирање со притиснување до половина.
Снимајте одлучувачки моменти дури и од динамичните случувања. Со предниот LSI со голема брзина и огромната моќ на процесорот за обработка на слика BIONZ X™, RX10 IV овозможува континуирано фотографирање, дури и со AF/AE со следење со приближно 24 fps за максимум 249 слики истовремено.
Дури и сликите фотографирани континуирано со 24 fps изгледаат неверојатно рамномерни и богати додека ги следите на електронскиот визир, кој се одликува со апсолутно минимално доцнење на приказот во текот на фотографирањето.
Снимајте настани во живо, диви животни и случувања без да одвлекувате внимание, со поставувањето за нечујно фотографирање на електронската бленда. Со брзина до 1/32000 сек., оваа бленда исто така го минимизира изобличувањето на сликата.
Фотоапаратот RX10 IV од Sony се одликува со врвен објектив со голема решетка, најсовремен BIONZ X процесор кој овозможува висока резолуција до рабовите на сликата, можност за фотографирање прекрасни ефекти на дефокусирање и стабилни снимки одблиску и многу повеќе. Квалитетот на секоја фотографија и видеоснимка, дури и при снимање со максимална брзина, е исто толку извонреден како и сите други иновации на овој врвен Cyber-shot.
Вградениот Vario-Sonnar T* објектив со голем зум од 24-600 мм и F2,4-4 од ZEISS® овозможува одличен контраст и острина на секоја снимка низ целиот опсег, од извонредно широкоаголен до извонреден телефото опсег.
Напредниот алгоритам на процесорот за слика BIONZ X го подобрува квалитетот на сликата со зголемување на резолуцијата, минимизирање на шумот и доловување на реалноста во сета нејзина разновидност и префинетост.
Брзиот хибриден автоматски фокус овозможува побрзо и попрецизно автоматско фокусирање, додека снимањето на 4K видеоснимки (QFHD: 3840x2160) со обработка на сите точки без соединување на точките обезбедува снимање со доволно висока резолуција за да ги задоволи потребите на професионалците.
Фокусирањето, следењето, прилагодувањето на поставките и другите клучни функции не само што се едноставни за ракување во секое време, туку се и наменети за употреба во професионален стил.
Imaging Edge нуди максимален квалитет на слика и подобра ефикасност. „Далечински управувач“ за контрола на фотографирањето; „Уреди“ за претворање RAW-податоци во фотографии и „Прегледувач“ за приказ, оценување и избирање фотографии.
Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.
Што има во пакетот
Комплет батерии на полнење NP-FW50, AC адаптер AC-UUD12, Микро USB кабел, Лента за на рамо, Капаче за објектив, Капаче за приклучок, Сенило, Капаче за окулар, Упатство за употреба
The Sony RX10 IV is the ultimate 1" bridge camera!