RX10 IV СО 0,03 сек. AF/25X ОПТИЧКИ ЗУМ

Сите спецификации и функции

DSC-RX10M4

Сензор

Тип на сензор
Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм), сооднос 3:2
Број на точки (ефективни)
Прибл. 20,1 милиони точки
Број на точки (вкупно)
Прибл. 21,0 милион точки

Објектив

Вид на објектив
Vario-Sonnar T* објектив од ZEISS, 18 елементи во 13 групи (6 асферични елементи, вклучувајќи и AA објектив)
F-број (максимална решетка)
F2,4(Ш)-4,0(Т)
ND филтер
-
Фокусна должина
f=8,8-220 мм
АГОЛ НА ГЛЕДАЊЕ (ЕКВИВАЛЕНТ НА ФОРМАТОТ ОД 35 MM)
84 степени-4 степени 10 мин. (24-600 мм)
Опсег на фокусирање (од предниот дел на објективот)
AF (Ш: Прибл. 3 см (0,10 ft.) до бесконечност, Т: Прибл. 72 см (2.36 ft.) до бесконечност, f=250 мм (еквивалент на формат од 35 мм): Прибл. 140 см (4,59 ft.) до бесконечност), опсег на фокусирање од сензорот за слика: AF (Ш: Прибл. 18 см (0,59 ft.) до бесконечност, Т: Прибл. 92 см (3,02 ft.) до бесконечност, f=250 мм (еквивалент на формат од 35 мм): Прибл. 157 см (5,16 ft.) до бесконечност)
Оптички зум
25x(оптички зум при снимање видео)
Јасно зумирање на слики (фотографија)
20M прибл. 50x / 10M прибл. 70x / 5M прибл. 100x / VGA прибл. 380x
Јасно зумирање на слики (видео)
4K: Прибл. 37,5x;HD: Прибл. 50x
Дигитален зум (фотографија)
20M прибл. 100x / 10M прибл. 140x / 5M прибл. 200x / VGA прибл. 380x
Дигитален зум (видео)
Дигитален зум прибл. 100x
Дијаметар на филтер
72мм

Екран

Тип на екран
7,5 см (тип 3,0)(4:3) / 1.440.000 точки / Xtra Fine / TFT LCD екран
Прилагодлив агол
Нагоре прибл. за 109 степени, надолу прибл. за 41 степени
Панел за приказ (на горната страна)
Да
Избирач на екран (визир/LCD)
Автоматски/EVF (рачно)/монитор (рачно)
Зголемување со помош при MF
5,3x, 10,7x

Визир

Вид на екран/Број на точки
Електронски визир (XGA OLED) од тип 0,39, 2.359.296 точки
Покриеност на поле
100%
Зголемување
Прибл. 0,70x со објектив од 50 мм при бесконечност, -1 м-1(диоптер) (еквивалент од 35 мм)
Точка на окото
Прибл. 23 мм од окуларот, 21,5 мм од рамката на окуларот при -1 м-1(диоптер) (CIPA-стандард)
Прилагодување на диоптерот
-4,0 до +3,0м-1
Контрола на јасноста
Рачно (5 чекори) / сончево време

Камера

Дел за обработка на сликата
Да (BIONZ X)
STEADYSHOT (ФОТОГРАФИЈА)
Оптички;да (интелигентен активен режим, оптички тип со електронска компензација, тип кој спречува вртење)
Вид на фокусирање
Брз хибриден AF(AF со откривање на фаза/AF со откривање на контраст)
Режим на фокусирање
AF за единечни снимки; автоматски AF; континуиран AF; DMF; рачен фокус
Површина на фокусирање
Широкоаголно (315 точки (AF со откривање на фаза), 25 точки (AF со откривање на контраст)); централно; флексибилна точка (S/M/L), флексибилна точка која се проширува; AF со заклучување (широкоаголно/централно/флексибилна точка (S/M/L)/флексибилна точка која се проширува)
АВТОМАТСКИ ФОКУС СО ЗАКЛУЧУВАЊЕ
Да
Режим за мерење на светлината
Повеќе примероци; центрирано; во точка (стандардна/голема); цел екран просеч.; најдобро
Компензација на експозицијата
+/- 3,0EV, чекори од 1/3EV
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
Автоматски(ISO125-12800, може да се избере со горна / долна граница), 100/125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800 (може да се прошири до ISO64/80), NR за повеќе слики:автоматски(ISO100-12800), 100/ 200/400/800/1600/3200/6400/12800/25600
ISO чувствителност (видео)
Автоматски: (ниво на ISO 100 - ниво на ISO 12800, може да се избере со горна / долна граница), 100/125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800
Минимално осветлување (видео)
Автоматски: 2,4 лукси (брзина на блендата 1/30")
Режими на балансот на белата боја
Автоматски;дневна светлина;сенка;облачно;блескаво;флуоресцентно: Топли бели тонови; флуоресцентно: Ладни бели тонови;флуоресцентно: Дневни бели тонови;флуоресцентно: Дневна светлина;блиц;темп. на бои/филтер;прилагодено
Детално прилагодување на WB
ДаG7 до M7, 57 чекориA7 до B7, 29 чекори
Брзина на блендата
iAuto(4"-1/2000*) / автоматска програма(30"-1/2000*) / рачна експозиција(светилка, 30"-1/2000*) / приоритет на решетка(30"-1/2000*) / приоритет на бленда(30"-1/2000*); *При вредност на решетката од F8 или поголема. Најбрзо ограничување при F2,4 е 1/1000.
Електронска бленда
iAuto(4"-1/32000) / автоматска програма(30"-1/32000) / рачна експозиција(30"-1/32000) / приоритет на решетка(30"-1/32000) / приоритет на бленда(30"-1/32000)
Решетка
iAuto (F2,4/F11) / автоматска програма (F2,4/F16) / рачно (F2,4/F16) / приоритет на бленда (F2,4/F11) / приоритет на решетка (F2,4/F16)
Контрола на сликата
Контраст; заситеност; острина; креативен стил; простор на бои(sRGB / Adobe RGB); квалитет(RAW / RAW и JPEG / екстра фино / фино / стандардно)
Намалување на шумот
NR со долга експозиција: вклучено/исклучено, достапно при брзини на отворање на блендата поголеми од 1/3 сек.; NR при високи ISO вредности: нормално/ниско/исклучено; NR за повеќе слики: Автоматски, ISO100-25600
Функции со динамички опсег
Исклучено, оптимизатор на динамички опсег (автоматски/ниво 1-5), автоматски висок динамички опсег (разлика при автоматска експозиција, ниво на разлика на експозиција (1,0-6,0 EV, 1,0 EV чекор))
Режим за снимање
АВТОМАТСКИ (интелигентен автоматски режим/врвен автоматски режим); автоматска програма; приоритет на решетка; приоритет на брзина на бленда; рачна експозиција; MR (повикување на меморија) [3 комплета куќишта/4 комплета мемориски картички]; режим на видео (автоматска програма, приоритет на решетка, приоритет на брзина на бленда, рачна експозиција); HFR режим (автоматска програма, приоритет на решетка, приоритет на брзина на бленда, рачна експозиција); панорама; избор на сцени
Избор на сцени
Портрет; спортски случувања; макро; пејзаж; зајдисонце; ноќна сцена; рачно снимање во самрак; ноќен портрет; спречување на заматувањето на движењата
Брзина на континуирано фотографирање (максимум) (со макс. точки за снимање)
Континуирано фотографирање Hi: прибл. 24 fps, Континуирано фотографирање Mid: прибл. 10 fps, Континуирано фотографирање Low: прибл. 3,5 fps
Тајмер
10 сек. / 5 сек. / 2 сек. / 3 или 5 последователни снимки со избор на доцнење од 10 сек., 5 сек., или 2 сек., / групирани снимки со избор на доцнење од 10 сек., 5 сек., или 2 сек.
Режими на придвижување
Единечно фотографирање; континуирано фотографирање (избор на Hi/Mid/Lo); тајмер; тајмер (конт.); конт. групирање; единечно групирање; групирање со баланс на белата боја; DRO групирање
Панорама (фотографирање)
Режим на панорама
Ефект на слика
Фотографија: фотоапарат - играчка;модерни бои;правење постери;ретро фотографија;меки и осветлени тонови;делумни бои;еднобојни слики со висок контраст;мек фокус;HDR слика;богати црно-бело тонови;минијатурен ефект;водени бои;цртеж;Видео:фотоапарат - играчка;модерни бои;правење постери;ретро фотографија;меки и осветлени тонови;делумни бои;еднобојни слики со висок контраст.
Креативен стил
Стандардно, живописно, неутрално, јасно, длабочина, осветлено, портрет, пејзаж, зајдисонце, ноќна сцена, есенски лисја, црно-бело, сепија, стилска кутија
Профил на слики
исклучено/PP1-PP9 (ниво на црна боја, гама (видео, фотографија, кино 1-2, ITU709, ITU709 [800%], S-Log2, S-Log3), гама на црна боја, детали во заднина, режим на бои, заситување, ниво на бои, фаза на бои, длабочина на бои, детали, копирање, ресетирање)
Број на препознаени сцени
Фотографија: врвен автоматски режим: 44 / iAuto: 33; 44

Блиц

Режим на блиц
Вграден, со рачно извлекување
Вид на блиц
Автоматски / вклучен блиц / бавна синхронизација / задна синхронизација. / исклучен блиц /;безжично (со дополнителен компатибилен блиц)
AF осветлување
Автоматски / исклучено
Снимање на група
Да
Режим на надворешен блиц
Блицот за α системи од Sony е компатибилен со приклучок за повеќе интерфејси, прикачете го изборниот адаптер за приклучок на блиц кој е компатибилен со приклучокот за галантерија со автоматско заклучување
Опсег на блиц
ISO автоматски: Прибл. 1,0 м до 10,8 м (3,28 ft. до 35,43 ft.) (Ш) / прибл. 1,0 м до 6,5 м (3,28 ft. до 21,33 ft.) (Т), ISO12800: до прибл. 20,8 м (68,24 ft.) (Ш) / прибл. 12,8 м (41,99 ft.) (Т)

Снимање

Компатибилни медиуми за снимање
Memory Stick Duo;Memory Stick PRO Duo;Memory Stick PRO Duo(со голема брзина);Memory Stick PROHG Duo;Memory Stick Micro;Memory Stick Micro (Mark2);SD мемориска картичка;SDHC мемориска картичка(UHS-I);SDXC мемориска картичка(UHS-I);microSD мемориска картичка;microSDHC мемориска картичка;microSDXC мемориска картичка
Формат на снимање
Фотографија: JPEG(компатибилност со DCF вер. 2.0, Exif вер. 2.31, MPF Baseline), RAW (формат ARW 2.3 од Sony); XAVC S; компатибилност со AVCHD формат вер. 2.0
Формат за снимање (звук во видео)
XAVC S:LPCM 2-кан; AVCHD:Dolby Digital (AC-3) 2-кан.(Dolby Digital Stereo Creator)
Простор на бои (фотографија)
sRGB, Adobe RGB
DCF/DPOF
DCF/DPOF/EXIF/MPF
Фотографија, Број на снимени точки (големина на слика)
Фотографија: режим 3:2: 20M(5.472×3.648) / 10M(3.888×2.592) / 5M(2.736×1.824), режим 4:3: 18M(4.864×3.648) / 10M(3.648×2.736) / 5M(2.592×1.944) / VGA, режим 16:9: 17M(5.472×3.080) / 7,5M(3.648×2.056) / 4,2M(2.720×1.528), режим 1:1: 13M(3.648×3.648) / 6,5M(2.544×2.544) / 3,7M(1.920×1; режим 16:9: 17M(5.472×3.080) / 7,5M(3.648×2.056) / 4,2M(2.720×1.528)
HFR
Снимање Избирач на NTSC/PAL: Режим [PAL] XAVC S HD: 50p 50M(1.920x1.080/250 fps), 50p 50M(1.920x1.080/500 fps), 50p 50M(1.920x1.080/1000 fps) / 25p 50M(1.920x1.080/250 fps), 25p 50M(1.920x1.080/500 fps), 25p 50M(1.920x1.080/1000 fps), избирач на NTSC/PAL: Режим [NTSC] XAVC S HD: 60p 50M(1.920x1.080/240 fps), 60p 50M(1.920x1.080/480 fps), 60p 50M(1.920x1.080/960 fps) / 30p 50M(1.920x1.080/240 fps), 30p 50M(1.920x1.080/480 fps), 30p 50M(1.920x1.080/960 fps) / 24p 50M(1.920x1.080/240 fps), 24p 50M(1.920x1.080/480 fps), 24p 50M(1.920x1.080/960 fps) Број на ефективни точки вчитани преку сензоротПриоритет на квалитет: 240 fps/250 fps(1.824x1.026), 480 fps/500 fps(1.824x616), 960 fps/1000 fps(1.244x420)/Приоритет на време за фотографирање: 240 fps/250 fps(1.824x616), 480 fps/500 fps(1.292x436), 960 fps/1000 fps(912x308)
Фотографија, Број на снимени точки (големина на слика) за видео
Режим 16:9: 17М (5.472×3.080) / 7,5M (3.648×2.056) / 4,2M (2.720×1.528)
Снимање преку прокси сервер
Да

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Повеќенаменски/микро USB приклучок, Hi-Speed USB (USB2.0), микро HDMI, микрофон(стерео мини приклучок од 3,5 мм), приклучок за повеќе интерфејси, слушалки
NFC
Компатибилност со NFC форум Type 3 Tag, далечински управувач со еден допир, споделување со еден допир
WI-FI
Да(IEEE802.11b/g/n(фреквенција од 2,4GHz))
Поврзување преку Wi-Fi®
-
Bluetooth®
Да (Bluetooth® стандардна вер. 4.1 (фреквенција од 2,4 GHz))

Моќност

Извор на напојување
DC 7,2 V (испорачана батерија) / DC 5,0 V (испорачан AC адаптер)
Систем на батерии
Комплет со батерија на полнење NP-FW50
Потрошувачка (режим на камера)
Прибл. 2,2 W со LCD монитор и прибл. 2,4 W со визир
Полнење преку USB/Напојување преку USB
Да (снимање, репродукција)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (ФОТОГРАФИИ)(CIPA) 
Монитор:прибл. 400 / прибл. 200 мин., визир: прибл. 370 / прибл. 185 мин.
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (РЕАЛНО СНИМАЊЕ НА ВИДЕО)(CIPA) 
Монитор:прибл. 75 мин., визир: прибл. 75 мин.
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (КОНТИНУИРАНО СНИМАЊЕ НА ВИДЕО)(CIPA) 
Монитор:прибл. 135 мин., визир: прибл. 135 мин.

Други

Playmemories Camera Apps
-
Функции за снимање
AF на очи; откривање на лице; регистрирање на лице; снимање фотографии (при снимање видео); бленда со функција за насмевки; линии во вид на решетка; Quick Navi; дигитална либела (две оски на вртење); групирање со баланс на белата боја; DRO групирање; помош при MF; изострување; црни и бели ленти; приказ на обележувачи; приказ на ниво на звук; темпирање на излез за звук; зумирање во чекори/брзо зумирање; TC/UB; име на фотограф и авторски права; минимална брзина на блендата при автоматско ISO; далечинска контрола преку компјутер; помош при зумирање; задржување на фокусот; помош за приказ на гамата; [Mov]чувствителност при AF со следење; [Mov]брзина на придвижување на AF; постави име на датотека; ограничувач на опсегот на фокусирање
Функции за репродукција
BRAVIA Sync(контрола за HDMI); индексен приказ на 9/25 слики; автоматска ориентација; слајд шоу; премотување напред/назад (видео); бришење; заштита; функција за снимање движења; снимање фотографии; автоматска ротација на слика; континуирано групирање на снимки
TRILUMINOS™ Colour
Да
Репродукција на 4K слика
Да
Работна температура
0 степени C. - +40 степени C. / 32 степени F. - 104 степени F.

Отпечати

Отпечати
Exif печатење; усогласување на отпечатени слики (PIM3)

Големина и тежина

ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д) (ПРИБЛ.)
132,5 x 94,0 x 145,0 мм (5 1/4 x 3 3/4 x 5 3/4 инчи) 132,5 x 94,0 x 127,4 мм (5 1/4 x 3 3/4 x 5 1/8 инчи) (од предниот дел на објективот до мониторот)
ТЕЖИНА (УСОГЛАСЕНОСТ СО CIPA)
Прибл. 1095 гр. (2 lb 6,7 oz.)(со вклучена батерија и SDXC картичка) / прибл. 1050 гр. (2 lb 5,1 oz.)(само куќиште)

Опции на бои

black

Што има во пакетот

  • Комплет батерии на полнење NP-FW50
  • AC адаптер AC-UUD12
  • Микро USB кабел
  • Лента за на рамо
  • Капаче за објектив
  • Капаче за приклучок
  • Сенило
  • Капаче за окулар
  • Упатство за употреба
Placeholder

Функции

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Објектив со оптички зум од 24-600 мм со голема решетка F2,4-4

Овој објектив со оптички зум од 25x се одликува со извонреден широкоаголен до извонреден телефото опсег од 24-600 мм плус можност за макро, AA (напредни асферични) и ED (исклучително мала дисперзија) стаклени елементи, T* слој од ZEISS® и голема решетка од F2,4-4. Тие му овозможуваат на фотоапаратот да понуди високи оптички перформанси за висока резолуција и прекрасни ефекти на дефокусирање.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Exmor RS™ CMOS сензор за голема брзина

AF со откривање на фаза со 315 точки во фокусната површина овозможува неверојатно брзо и прецизно автоматско фокусирање и следење. Освен тоа, CMOS сензорот за слика од тип 1,0 со 20,1 MP (ефективни), подредена структура и DRAM чип овозможува снимање забавени движења до 960 fps и се одликува со бленда која спречува изобличувања со неверојатна брзина од 1/32000 сек.  

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

BIONZ X процесор за обработка на слика со голема брзина

Постигнувајќи подобри перформанси на обработка од неговиот претходник, новиот процесор за обработка на слика BIONZ X е неверојатно сигурен за снимање објекти што се движат брзо и за континуирано фотографирање со брзина до 24 fps. Неговиот новосоздаден алгоритам за обработка на слика ви овозможува да снимате висококвалитетни слики со помалку шум низ целиот опсег на чувствителност, притоа задржувајќи ги природните детали.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Усовршување на брзиот хибриден автоматски фокус

Фотоапаратот од новата серија RX10 содржи нов брз хибриден автоматски фокус, кој постигнува неверојатно брз одзив на автоматско фокусирање од 0,03 сек.. Овој револуционерен систем за автоматски фокус беспрекорно ја интегрира врвната брзина и следење на AF со откривање на фаза во фокусната површина и неверојатно прецизниот AF со откривање на контраст, а ги подобрува и функциите на фотоапаратот за фокусирање, следење и снимање остри, јасни фотографии на објекти во секоја ситуација, дури и при брзи, динамични случувања.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Широко покривање со 315 густо распределени AF точки

Најголемиот број на AF точки (315) за откривање на фаза во фокусната површина во светот опфаќаат прибл. 65% од целата површина на сликата на новиот сензор за слика на RX10 IV. Тие овозможуваат доволно широко и густо покривање со AF за брзо доловување на објекти, како што се малите или брзите објекти кои тешко се фокусираат, низ целата површина на сликата. [1] Покриеност на AF со откривање на фаза (315 точки) [2] Покриеност на AF со откривање на контраст (25 точки)

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Технологија за AF со следење со голема густина

Перформансите за следење се прилично сигурни, бидејќи RX10 IV е првиот фотоапарат од серијата Cyber-shot со технологија за AF со следење со голема густина која активира AF точки за покривање на површината околу објектот со врвна прецизност и стабилност. [1] AF точки што се прикажуваат на екранот [2] Алгоритам за AF (не се прикажува на екранот) 

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Едноставна, природна подлога на допир и фокус на допир 

Со функцијата за подлога на допир може да лизгате со прстот врз LCD екранот за да го поместите фокусот од една во друга зона, додека гледате низ визирот. Без разлика на тоа дали поместувањето го правите според растојанието на движење на прстот (релативна положба) или според зоната на сликата што ја допирате на екранот (апсолутна положба), поместувањето е рамномерно и едноставно. За фокусот на допир, само допрете го LCD екранот во точката на сликата што сакате да се фокусира. 

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

AF на очи во реално време

AF на очи во реално време може да снима интересни изрази на лицето со неверојатно прецизно откривање на очи што е подобрено за да може автоматски да ги фокусира и следи очите на субјектот, дури и кога лицето се движи или е завртено за 3/4. Оваа функција ви дава поголема слобода за правење одлични снимки.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

AF го олеснува фокусирањето

Побрзото автоматско фокусирање користи паметни функции, вклучувајќи ограничувач на опсегот на фокусирање кој ви овозможува да го ограничите фокусот на објекти кои се оддалечени 3 м или подалеку; AF-ON поставување кое ви овозможува да ја подготвите блендата без подолгата постапка на притиснување до половина за фокусирање; и режим AF-A кој автоматски избира меѓу режимите AF-S (единечен AF) и AF-C (континуиран AF), според промените во движењето на објектите.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Повикување на прилагодено поставување при држењето

Меморираните поставки за експозиција (брзина на блендата, решетка, AF површината, итн.) може да се доделат на прилагодливите копчиња за нивно привремено повикување додека копчето е притиснато. На пример, ако фотографирате спортски натпревари на стадион, можеби ќе сакате набрзина да ја фотографирате таблата со резултатот, за што ќе ви биде потребна привремена промена на експозицијата, а потоа ќе се вратите на случувањата.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Регистрација на фокусна површина

Прилагодете копче така што ќе му доделите често користено поставување на фокусна површина, потоа моментално повикајте го ова поставување кога ќе посакате. Ова може да биде практично ако идеалната фокусна точка често се менува, на пример, меѓу ударите на тениски натпревар. Фокусната точка и фокусната површина може да се постават по ваша желба за оптимално фокусирање на сцената што ја фотографирате.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Зголемен капацитет за континуирано фотографирање

Моќната комбинација од Exmor RS сензорот за слика од тип 1,0 и процесорот за обработка на слика BIONZ X овозможува континуирано фотографирање со AF/AE со следење со приближно 24fps за фотографирање максимум 249 слики истовремено. Како резултат на тоа, може да се снимат одлучувачките моменти дури и од динамичните случувања.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Нечујно фотографирање за чувствителни прилики

На претстави, во близина на диви животни и во други ситуации чувствителни на звук, може да снимате во потполна тишина, дури и при континуирано фотографирање, со исклучување на звукот на блендата на фотоапаратот со неколку едноставни поставки („Вид на бленда: Електронска„ и „Аудио сигнали: Исклучено“). 

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Бленда што спречува изобличувања за објекти што се движат брзо

Брзото читање податоци на Exmor RS сензорот за слика значително го намалува изобличувањето на сликите на објекти што се движат брзо, како шутнатата топка. Електронската бленда што спречува изобличувања овозможува брзини на блендата до 1/32000 сек. [1] Стандардна електронска бленда [2] Електронска бленда RX10 IV

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Снимање видеоснимки со брз хибриден автоматски фокус

При снимањето видеоснимки, овој напреден двојно побрз систем за автоматски фокус нуди порамномерно и поедноставно фокусирање и ја овозможува истата разновидна употреба на AF со откривање на фаза како при фотографирањето. Поставките за брзина на придвижување / следење со AF може да ви помогнат да бидете креативни со фокусот. На пример, снимајќи со помали брзини на AF, може да постигнете впечатливи ефекти на бавен фокус.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Снимање 4K видеоснимки / формат XAVC S

RX10 IV може да компресира приближно 1,7 пати повеќе податоци во 4К видеоснимките отколку што е потребно за репродукција на 4К видеоснимки. Обработката на сите точки без соединување на точките ги намалува нивоата на заматување. Предниот LSI го намалува ефектот на вртење на блендата предизвикан од брзо движење. Форматот XAVC S ви овозможува да снимате висококвалитетни 4К и Full HD видеоснимки со минимален шум предизвикан поради компресија со максимални бит-стапки од 100 Mbps и 50 Mbps.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Снимање податоци преку прокси сервер за полесно, побрзо уредување и споделување

Освен видеоснимки со 4K резолуција, RX10 IV снима и датотеки со ниска бит-стапка за прокси сервери за побрзо, полесно и поефикасно уредување со компјутери што не се многу моќни. Датотеките за прокси сервери, исто така, овозможуваат полесно споделување на датотеката и онлајн комуникација.

Функции за видео во професионален стил 

Профилот на слики, S-Gamut/S-Log2/S-Log3, помошта за приказ на гамата, црните и белите ленти, HDMI Clearout, TC/UB, контролата на снимањето и обележувачот се компатибилни со функциите за видео кои може да се најдат на професионалната опрема.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Снимање забавени движења до 40x побавни од природното движење

CMOS сензорот со подредена структура може да снима со мошне висока стапка на слики до 960 fps (40x побавно од природното движење) со подолго максимално време (до 4 секунди во режимот за приоритет на квалитет и до 7 секунди во режимот за приоритет на време за снимање) сè до извонредниот телефото опсег. Како резултат на тоа, може да снимате исклучително јасни, рамномерни снимки одблиску на далечни случувања со забавени движења. 

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Оптички SteadyShot™

Оваа технологија за оптичка стабилизација на слика развиена од Sony е корисна при рачно фотографирање и снимање видео, особено при слаба осветленост или при извонреден телефото опсег кога зумирате до 600 мм. Овој систем е еквивалентен на поголема брзина на блендата од 4,5 чекори и спречува заматување на фотоапаратот давајќи појасни и постабилни резултати. [1] SteadyShot ИСКЛУЧЕН [2] SteadyShot ВКЛУЧЕН

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Практичен LCD екран кој се врти и екран на горната страна 

За појасен приказ и фокусирање, резолуцијата од 1440K точки на вградениот LCD екран ја надминува резолуцијата на неговиот претходник RX10 IV. Освен тоа, овој екран може да се заврти нагоре за приближно 109° и надолу за 41°, овозможувајќи полесно следење на снимките од различни позиции при снимањето. Кога користите визир во други ситуации за фотографирање, екранот на горната страна на фотоапаратот ви овозможува да ги проверите важните параметри со еден поглед без да го мрдате фотоапаратот.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Помош при зумирање

Кога ќе престанете да го следите објектот што се движи додека го обликувате кадарот (што често се случува при снимање со извонредно телефото), притиснете и задржете го копчето C (прилагодено) на кое му е доделена функцијата Помош при зумирање за да го активирате автоматското оддалечување на функцијата за Помош при зумирање. Повторно пронајдете го и опфатете го објектот во кадарот и потоа отпуштете го копчето, а фотоапаратот автоматски се оддалечува на првичната фокусна должина, за да можете да продолжите со снимањето на објектот. (Придружен текст на сликата- лево: Пронаоѓање и враќање на објектот во кадарот, десно: Успешно враќање во кадарот)

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Висока отпорност на прав и влага

Отпорноста на прав и влага и конструкцијата на работните делови му овозможуваат на фотоапаратот да издржи ригорозно снимање на природа, спортски настани и диви животни во тешки услови на дожд, прав, влага, итн.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Снимање фотографии од видеоснимки

Зачувувајте одлучувачки моменти како слики од видеоснимките, на пример, може да зачувате слика со многу детали и со 8 милиони точки од 4K видеоснимка. Од Full HD снимките можете да создадете слики со 2 милиони точки.

Подобрена функција за изострување

Прецизноста на функцијата за изострување, која ги нагласува контурите на фокусираниот регион во зададена боја при фотографирање со рачен фокус или директен рачен фокус е подобрена за да се овозможи уште поедноставно детално фокусирање при макро фотографирањето, итн.

Мое мени на ваш начин

Со Мое мени можете да регистрирате елементи од менито за моментално повикување и да прилагодувате менија. Исто така, може да доделувате функции на копчиња за максимум 30 функции, за да го прилагодите интерфејсот на фотоапаратот на вашиот начин на фотографирање.

Врска за информации за локацијата преку Bluetooth®

Врската за информации за локацијата ви овозможува да извлечете максимум од можностите на RX10 IV. Фотоапаратот може да го впарите со апликацијата Imaging Edge Mobile инсталирана на компатибилен мобилен телефон или таблет-уред за да добивате податоци за локацијата, да ги вметнете тие податоци во фотографиите и да ги коригирате поставките за датум/време и локација на фотоапаратот.

Дознајте повеќе

Remote Camera Control

Преземете и инсталирајте ја апликацијата Remote Camera Control на компјутер за да ги промените поставките на фотоапаратот, да фотографирате и да ракувате со фотоапаратот преку компјутерот со помош на поврзување на фотоапаратот со компјутерот преку USB. Сликите снимени со фотоапаратот ќе бидат директно зачувани.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Далечински управувач со еден допир/Споделување со еден допир

Далечински управувач со еден допир го претвора вашиот паметен телефон или таблет-уред во визир/далечински управувач. Споделувањето со еден допир овозможува пренос на фотографиите/видеоснимките во вашиот уред за споделување на социјалните мрежи. Инсталирајте ја апликацијата Imaging Edge Mobile преку Wi-Fi во вашиот уред со Android што поддржува NFC, а потоа допрете го уредот до фотоапаратот за да ги поврзете. Немате NFC? Нема проблем, бидејќи и компатибилноста со новиот QR код овозможува впарување на уредите. 

Дознајте повеќе

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Capture One (за Sony)

Capture One Express (за Sony) е бесплатен и награден софтвер за уредување слики што нуди обработка на RAW со врвен квалитет на слика, лесно управување на датотеките со слики и моќни алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.

Бесплатно преземање (одете на веб-сајтот Phase One)

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.

Слика од RX10 IV со 0,03 сек. AF/25x оптички зум

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги вашите фотографии со компјутерските апликации Imaging Edge. Користете ја функцијата „Remote“ за далечинска контрола на фотографирањето; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции на слики; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

Дознајте повеќе