RX100 VII
Професионалните функции за фотографирање и снимање ќе ги задоволат потребите на професионалните фотографи, креатори на содржини и видеоблогери.
RX100 VII
Професионалните функции за фотографирање и снимање ќе ги задоволат потребите на професионалните фотографи, креатори на содржини и видеоблогери.
Компактниот RX100 VII е опремен со сите технологии потребни за прекрасни слики. Објективот со зум од 24-200 мм се одликува со неверојатно брз AF од 0,02 сек., нови функции за следење во реално време и AF на очи во реално време, како и подобра стабилизација на слика и приклучок за надворешен микрофон за снимање висококвалитетни видеоснимки.
Галерија со фотографии од RX100 VII
Објективот со голем зум од 24-200 мм нуди извонреден квалитет на слика. Тој е дизајниран да обезбеди максимална резолуција и острина низ целиот опсег на зумирање, нуди извонредни телефото можности, има џебна големина и значително ги зголемува можностите за креативно изразување.
Објективот Vario-Sonnar T* со зум од 24-200 мм и F2,8-4,5 од ZEISS® нуди големи опсези за зумирање што се еквиваленти на два стандардни објективи за зумирање (24-70 мм и 70-200 мм), во многу компактна конфигурација.
Во елементите на објективот на фотоапаратот спаѓаат четири AA (напредни асферични) објективи и два елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија). Тие нудат извонредна резолуција до самите рабови на сликата и низ целиот опсег за телефото.
Новосоздадениот CMOS-сензор за слика од тип 1,0 со подредена структура и најновиот процесор за обработка на слика BIONZ X™ отвораат нови димензии на брзина и квалитет на слика.
Новиот и брз сензор за слика нуди континуирано фотографирање до 20 fps, а фотоапаратот ги следи објектите со AF/AE-пресметки со брзина од 60 пати во секунда, дури и кога се движат непредвидливо или многу брзо.
Фотографирањето без затемнување ви овозможува да го следите движењето на објектот преку LCD-екранот или визирот, со ажурирање на приказот со брзина од 60 fps за да се минимизира доцнењето.
(A) Фотографирање без затемнување (B) Фотографирање со затемнување
[1] 90 fps ( 0,011 сек. ) [2] 7 фотографии
Новосоздадената функција за секвенцијално фотографирање ќе ги долови дури и многу брзите движења, како на пример, моментот кога рекетот го удира топчето, снимајќи седум последователни слики со голема брзина од 90 fps, 60 fps или 30 fps. Таа ви овозможува да ги доловувате одлучувачките моменти што се инаку тешки за доловување, а може да ја користите и со тајмер. Поддржани се двата формати за слики JPEG и RAW.
RX100 VII нуди 357 AF-точки со откривање на фаза во фокусната површина што се водечки во негова категорија и опфаќаат 68% од кадарот. Достапни се и 425 AF-точки со откривање на контраст, а времето за заклучување на AF изнесува само 0,02 секунди, што е најголема брзина во светот.
[1] Покриеност на AF со откривање на фаза (357 точки)
[2] Покриеност на AF со откривање на контраст (425 точки)
Следењето во реално време користи алгоритми за препознавање објекти (AI) што ги обработуваат информациите за бои, шеми (светлина), оддалеченоста на објектот (длабочина) и лицето/очите за да ги следат објектите насекаде. Непрекинатиот и стабилен фокус врз објектите што се движат ќе ви помогне да ги доловите сите важни моменти во реално време, независно дали снимате или фотографирате.
Напредната технологија на Sony за следење и откривање очи се неопходни за прекрасни портрети. AF на очи во реално време ги открива очите кај луѓето и ги фокусира кога се движи објектот за полесно обликување на кадарот. Можете дури и да изберете дали ќе го фокусирате левото и десното око на објектот.
AF на очи во реално време е достапен и за животни и за луѓе. Снимањето одлични портрети од миленичињата никогаш не било полесно.
Големиот сензор за слика од тип 1,0 има резолуција од 20,1 милиони точки, технологија за задно осветлување и подобар стандарден опсег на ISO 100-12800. Високите нивоа на видлива резолуција на сликите и малиот шум придонесуваат за врвен квалитет на слика со реалистични текстури.
Новосоздадениот сензор за слика и алгоритмите за обработка на слика на фотоапаратот создаваат пореални текстури и бои. Поточно, тоновите на човечката кожа изгледаат природно, а живописните бои на цвеќињата се репродуцираат попрецизно.
Снимајте висококвалитетни слики со компензација за тресење при рачно користење на фотоапаратот, дури и во темни услови или во телефото опсег. Алгоритамот за стабилизација нуди ниво на стабилизација што е еквивалентна на поголема брзина на блендата од 4,0 чекори при 200 мм.
[1] Без оптички SteadyShot™ (симулирано)
[2] Со оптички SteadyShot
RX100 VII нуди брзини на блендата до 1/32000 сек., а брзата обработка на сензорот помага во намалување на ефектите на вртење на блендата што може да се појават при фотографирање објекти што се движат брзо. Достапно е и бесшумно фотографирање.
Ефектот на мека кожа ги намалува наборите на лицето и го враќа сјајот на кожата за да добиете подобри портрети. Опциите за креативен стил и ефекти на слика овозможуваат прецизни прилагодувања за да снимате препознатливи слики.
Фотоапаратот поддржува внатрешно снимање на 4K-видеоснимки (QFHD:3840×2160) со обработка на сите точки без спојување на точките. Рамномерниот и стабилен AF е резултат на подобрените алгоритми за AF, а за видеоснимките се достапни и функции за следење во реално време и AF на очи (луѓе) во реално време. Со HLG (Hybrid Log-Gamma) може да уживате во HDR-слики ако го поврзете фотоапаратот со телевизор од Sony компатибилен со HDR (HLG) преку USB-кабел.
Снимајте подобри видеоблогови со преносливиот RX100 VII. Новото следење со допир за видеоснимки овозможува брзо, лесно и сигурно автоматско фокусирање, а AF на очи во реално време (луѓе) овозможува прецизно фокусирање. Дури и кога пешачите, режимот „Active“ за стабилизација на слика нуди јасни 4K-видеоснимки, а со екранот што се закосува и приклучокот за надворешен микрофон ќе го обликувате кадарот и ќе снимате звук без напор.
И покрај неговата компактна големина, RX100 VII е опремен со влез за микрофон. Стандардниот влез од 3,5 мм им е навистина потребен на видеоблогерите и професионалците бидејќи им нуди професионално снимање на звук за сите видеоснимки и видеоблогови.
Снимајте јасни 4K-видеоснимки дури и кога пешачите со режимот „Active“ за стабилизација на слика. Ако сакате уште подобра стабилизација, во стил на механизмите за стабилизирање, Imaging Edge™ Movie Edit ви нуди лесно уредување на видеоснимките.
Видеоснимките снимени кога фотоапаратот е во вертикална положба можат да се гледаат во истата ориентација на компјутери и паметни телефони благодарение на метаподатоците што ги вметнува фотоапаратот.
RX100 VII ги поддржува профилите за слики S-Log3 и S-Log2. Независно дали ви требаат слики со висок динамички опсег и широк простор на бои за обработка по снимањето или уникатен изглед уште при снимањето, RX100 VII ќе ви понуди сè што ви е потребно.
Функцијата за фотографирање во интервали фотографира континуирано со интервал од 1 до 60 секунди со AE со следење. Снимените слики со забрзани движења можат да се прегледуваат преку фотоапаратот или да се спојат во видео со помош на компјутер.
XGA OLED Tru-Finder™ има резолуција од прибл. 2,35 милиони точки и прикажува слика со голема светлина, контраст и детали. Можете брзо да го активирате преку копчето за исфрлување и лесно да го вовлечете кога не го користите.
LCD-екранот од тип 3,0 со висока резолуција од 921k точки се закосува нагоре за 180° и надолу за приближно 90°, овозможувајќи лесно обликување на кадарот при снимање автопортрети или фотографирање од високи и ниски агли.
Допрете го екранот и веднаш ќе активирате следење во реално време за фотографии или видеоснимки. Достапни се и функции за фокус на допир, подлога на допир и бленда на допир.
Фотографиите може да се оценуваат или заштитат од бришење, а овие функции може да ги доделите на приспособливи копчиња. Сликите снимени во режим на континуирано фотографирање може да се прикажат во групи, а групите може да се избришат или заштитат со една функција.
Функциите на фотоапаратот што се активираат преку функциските копчиња може да имаат различни функции при фотографирање и снимање. Често користените функции и елементи може лесно да ги активирате ако ги доделите со помош на функциите за мое мени и вртливо копче.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Корисниците велат