RX100 V

AF со неверојатна брзина, компактен дизајн

Извонредно брзиот автоматски фокус (AF) и континуираното фотографирање ви ја нудат брзината потребна за доловување моменти што завршуваат додека да трепнете.

ВРВНИ КОМПАКТНИ

RX100 V е компактен фотоапарат од врвна класа со сензор од тип 1,0 и AF со извонредни перформанси

DSC-RX100M5A
Слика од RX100 V е компактен фотоапарат од врвна класа со сензор од тип 1,0 и AF со извонредни перформанси
Врвни перформанси во компактен уред со сензор од тип 1,0

RX100 V е најдобриот компактен уред за снимање и фотографирање со прекрасни детали. Овој фотоапарат го наследува сензорот за слика од тип 1,0 од серијата RX100 и нуди неверојатно брз автоматски фокус од 0,05 секунди, 315 AF-точки со откривање на фаза во фокусната површина, континуирано фотографирање до 24 fps со AF/AE со следење и извонредни можности за снимање во 4K. 

Побрз и попрецизен AF
Побрз и попрецизен AF

0,05 сек., AF со 315 точки

Континуирано фотографирање со 24 fps
Континуирано фотографирање со 24 fps

Со динамички AF/AE со следење

Систем за напредна обработка на слика
Систем за напредна обработка на слика 

Беспрекорен квалитет и брзина 

Обемна поддршка за снимање 4K-видео
Обемна поддршка за снимање 4K-видео

Секогаш остра и јасна слика

Супер забавено снимање
Снимање забавени движења

Побавни движења за повеќе детали

Повеќе разновидни функции
Повеќе разновидни функции

Изберете го саканиот начин на фотографирање

Побрз и попрецизен AF
Извонредна брзина за автоматско фокусирање од 0,05 сек. 

Подобрениот автоматски фокус е добиен како резултат на најсовремениот AF систем кој нуди комбинација од неверојатна брзина за AF од 0,05 секунди и широко и густо покривање на AF со 315 AF точки за откривање на фаза. 

Широка покриеност со 315 AF точки за фокусирање

315-те густо распределени AF точки за откривање фаза нудат широко покривање (65% од површината за слики на сензорот за слика) за доследно автоматско фокусирање и следење, дури и на малите објекти во движење. 

Автоматско фокусирање за само 0,05 секунди

[1] Точка на фокусирање [2] AF со откривање на контраст [3] AF со откривање на фаза

Автоматско фокусирање за само 0,05 секунди

Системот со брз хибриден AF, кој нуди комбинација од AF со откривање фаза со голема брзина и неверојатно прецизен AF со откривање на контраст, му овозможува на фотоапаратот да ги фокусира и сними подвижните објекти за само 0,05 секунди

Контин. фотографирање со 24 fps
Фотографирајте континуирано со 24 fps со AF/AE со прецизно следење

Рамномерно следење објекти со намалено затемнување

Снимајте слики со 20,1 MP, со брзина од 24 fps, непрекинато до 233 слики, со континуиран AF/AE со следење за сите од нив. Намаленото затемнување го олеснува и следењето подвижни објекти преку LCD-екранот и визирот.

Колку потивко, толку подобро

Изберете електронска бленда и исклучете го звукот за да се приближите до миленичињата и другите објекти и да ги доловите нечујно, дури и ако користите режими за континуирано фотографирање. 

Колку потивко, толку подобро
Систем за напредна обработка на слика 
Технологијата зад напредниот AF и континуираното фотографирање

Exmor RS™ CMOS сензор, BIONZ X™ и преден LSI

 Сензорот за слика Exmor RS CMOS со 20,1 ефективни милиони точки, AF-сензорот со откривање на фаза во фокусната површина, напредниот процесор BIONZ X за обработка на слика со голема брзина и предниот LSI кој поддржува обработка на слика се контролираат ефикасно. Заедно, постигнуваат AF со одзив од 0,05 сек., континуирано фотографирање со голема брзина и AF/AE со следење со прибл. 24 fps, повисока резолуција и мал шум, како и попрецизно откривање на лица и очи.

Бр.1 произведувач на сензори за дигитални фотоапарати и видеорекордери.

Извонреден квалитет на слика и континуирано фотографирање

Брзината на фотографирање не треба да се зголемува на сметка на квалитетот на слика. RX100 V може да снима слики со висока резолуција со повеќе од 20 MP и брзина од 24 fps, благодарение на брзината и капацитетот за напредна обработка на слика. 

Извонреден квалитет на слика и континуирано фотографирање
Обемна поддршка за снимање 4K-видео
Поостар фокус со брз хибриден автоматски фокус

Брзиот хибриден автоматски фокус и широкото покривање на автоматскиот фокус овозможуваат брзо фокусирање и следење со голема прецизност за да снимате остри слики дури и при снимање на 4K-видеоснимки .

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Извлечете максимум од 4K-снимките

RX100V снима 4K-видеоснимки со максимално вчитување преку сензорот, без соединување на точките како кај другите фотоапарати. Со компресија на 1,7x повеќе податоци во секоја 4K-слика, врвните детали се прикажуваат прецизно со помалку заматување и други артефакти.

Ги надминува основните предуслови за 4K
Снимање забавени движења
Погрижете се уникатните моменти да траат уште подолго 

Подолго снимање забавени движења до 960 fps

RX100 V снима видеоснимки со забавени движења до 960 fps (40x повеќе од стандардната стапка). Двојно подолгото време на снимање од неговиот претходник ќе ви овозможи да снимате повеќе случувања и подобро да ги доловите моментите за паметење.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Повеќе разновидни функции
Наследува контрола со повеќе разновидни опции

RX100 V ги наследува извонредниот електронски OLED-визир на вовлекување со анти-рефлективен слој T* од ZEISS®, повеќефункционалните прилагодливи копчиња/контролен прстен и LCD-екранот што се врти за 180 степени од неговиот претходник.     

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™
Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за далечинска контрола на фотографирањето; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

Се користи со iMovie и Final Cut Pro X
Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.

Спецификации и функции

Запознајте се со RX100 V - брз хибриден автоматски фокус во комбинација со AF со откривање на фаза во фокусната површина и AF со откривање на контраст за брзина од 0,05 сек.. Брз AF, напреден систем за континуирано фотографирање со брзина до 24 fps и AF/AE со следење, како и функција за снимање во 4K со висока резолуција и многу други функции за снимање професионални видеоснимки, поради што е најдобар џебен фотоапарат.
  • Одзив на AF од 0,05 сек. со 315 AF точки за откривање на фаза во фокусната површина

  • Континуирано фотографирање со брзина до 24 fps и AF/AE за максимум 233 слики

  • CMOS сензор за слика од тип 1,0 со прибл. 20,1 ефективни милиони точки, подредена структура и DRAM чип

  • Vario-Sonnar T* објектив од ZEISS®

  • Снимање забавени движења со 960 fps

Тип на сензор
Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм), сооднос 3:2
Број на точки (ефективни)
Прибл. 20,1 милиони точки
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
Автоматски (ISO125-12800, може да се избере со горна / долна граница),125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800 (може да се прошири до ISO80/100), NR за повеќе слики: автоматски(ISO125-12800), 200/400/800/1600/3200/6400/12800/25600
ISO чувствителност (видео)
Автоматски: (ниво на ISO 125 - ниво на ISO 12800, може да се избере со горна / долна граница), 125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800

Што има во пакетот

Батерија на полнење NP-BX1, AC-адаптер, микро USB-кабел, лента за околу зглоб, адаптер за лента, упатство за користење

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Награди

Награди