Прескокни до содржина

RX100 III

Совршенство во вашиот џеб

Нудејќи комбинација од квалитет на слика со 20,1MP, електронски визир, осветлен објектив од ZEISS® и компактна големина, RX100 III е создаден за сериозни фотографи кои се во движење.

Приказ без компромиси

Уникатни перформанси, сеопфатна практичност.

Поширок и посветол објектив, вграден OLED визир со T* слој од ZEISS®, BIONZ X® процесор и многу повеќе. Сето тоа е сместено во елегантен пакет кој е практичен за носење и прекрасен за користење.

Дигитален фото апарат Cyber-shot™ DSC-RX100 III од Sony со објектив од 24-70мм и f/1,8-2,8

Посветол, поширок објектив

Објектив од ZEISS® со широкоаголно снимање од 24мм и голема решетка дури и при зумирање.

Снимка одблиску од електронскиот визир (EVF) на дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DSC-RX100 III од Sony

Електронски визир (EVF)

Фотографирајте со прецизниот вграден OLED визир со T* слој од ZEISS®.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DSC-RX100 III од Sony нуди XAVC S формат за снимање

Видео снимки со врвен квалитет

Обработка на сите точки при 50 Mbps, како и снимање на XAVC S видео со висока резолуција.

Снимајте пошироко и поблиску

Добијте огромни панорами или совршени снимки одблиску.

Изработен од реномираниот производител ZEISS®, Vario-Sonnar T* објективот од 24-70мм со F1,8-2,8 нуди одлична флексибилност - овозможувајќи му на овој врвен дигитален фото апарат да снима снимки во широчина, одблиску и со практичен зум.

Широкоаголен приказ од 24мм на дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony

Предност на широк агол од 24мм

Снимате панорамски? Или, пак, снимате висока зграда од која не можете да се оддалечите? Нема проблем.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony нуди работно растојание од 30см (12”)

Разновиден објектив за макро опции

Осветлениот објектив од 70мм со решетка од F2,8 овозможува работно растојание од 30см (12”).

  • Електронски визир
  • Висока резолуција
  • Обложена оптика
  • Практично користење

Врвен квалитет на сликата

Благодарение на разновидниот објектив од ZEISS® со сензор од тип 1.0 и извонредно брзиот процесор, можете да фотографирате при слаба осветленост па сe до неверојатно широки агли и да ја добиете сликата што сте ја замислиле, при секое фотографирање.

Технологии на Sony

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony има фиксен Vario-Sonnar T* објектив од ZEISS®

Фиксен Vario-Sonnar T* објектив од ZEISS®

Vario-Sonnar T* објектив од 24-70мм со брза решетка од F1,8-2,8 од ZEISS®.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony има Exmor R® CMOS сензор со 20,1MP

Exmor R® CMOS сензор со 20,1MP

Exmor R® CMOS сензор од тип 1.0 со задно осветлување за висока резолуција и мал шум.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony има BIONZ X процесор за обработка на слика

Врвна обработка

Напреден процесор за обработка на слика за врвни детали и приказ на текстури.

Четири пати повеќе светлина

Подобро доловување на светлината со сензорот со задно осветлување.

Без метална инсталација во предниот дел (I), дизајнот на Sony создава површина за доловување на светлина која е приближно четири пати поголема (II) отколку кај стандардните сензори (III).

Илустрација на сензор со предно осветлување кај дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony
Стандарден сензор со предно осветлување
Илустрација на сензор со задно осветлување кај дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony
Сензор со задно осветлување од Sony
Процесорот BIONZ X™ на дигиталниот фото апарат DCS-RX100 III од Sony создава појасни и поостри линии

Доловете ги сите детали со BIONZ X™

Со BIONZ X™, репродукцијата на подобри детали и технологијата за намалување на прекршувањата создаваат појасни и поостри линии. Ќе добиете помало заматување од светлосните точки, особено при мали решетки.

Исполнет со функции

Компактен, лесен и потполно опремен.

Благодарение на вградениот електронски визир, сензорот кој е водечки во својата класа, осветлениот објектив од ZEISS® и многу други функции во елегантното алуминиумско куќиште, RX100 III продолжува да ја подига границата за врвните компактни фото апарати.

  • Преден поглед
  • Поглед од горе
  • Гледано одзади
  • Гледано од страна

Вака се станува познат режисер

Краток видео запис или запис за филмски фестивал? Снимете го веднаш.

Без разлика каква е вашата визија, опциите за фотографирање во повеќе формати и истовремено снимање кај RX100 III ќе ви помогнат при снимањето, а интелигентниот активен режим го намалува тресењето на фото апаратот за добивање професионални резултати.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony нуди обработка на сите точки при 50 Mpbs

Обработка на сите точки

Добијте обработка на сите точки при 50 Mpbs, како и снимање на XAVC S видео со висока резолуција.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony нуди снимање во XAVC S со врвен квалитет

СНимање со врвен квалитет

XAVC S овозможува снимање на прекрасни видео снимки со висока бит-стапка.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony може истовремено да снима XAVC S и AVCHD видео снимки

Двојно снимање на видео

Снимајте AVCHD или XAVC S формат со врвен квалитет и MP4 формат кој е практичен за вчитување на интернет во исто време.

Надминете го секој предизвик со повеќекратниот AF

Брзи движења или бавни насмевки, доловете го одлучувачкиот момент.

Големиот избор на опции за автоматско фокусирање (AF) ви овозможуваат да се концентрирате на вашиот субјект, а не на вашата опрема. Подолу се наведени две такви опции.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony има автоматски фокус за следење на движења

Автоматски фокус за следење на движења

Автоматскиот фокус со заклучување ја усогласува големината на кадарот со големината на субјектот за да го подобри следењето.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony има автоматско фокусирање на очи

Автоматско фокусирање на очи

Автоматското фокусирање на очи ги открива и ги фокусира очите - дури и кога објектот е делумно видлив.

Рачен фокус и прилагодени поставувања

Со големиот избор на рачни опции и прилагоденото копче, можете брзо да внесете креативна контрола во секоја снимка.

Дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony нуди опции за рачно фокусирање

Опции за рачен фокус (MF)

MF помош (зголемување на сликата) и други функции за полесно рачно фокусирање.

Доделувајте прилагодени контроли на дигиталниот фото апарат Cyber-shot™ DCS-RX100 III од Sony

Направете го вашиот фото апарат дел од себе

Доделете до 42 функции на прилагоденото копче “C” за прилагодена контрола.

Снимете, допрете и споделете.

Wi-Fi® и NFC (поле за комуникации во близина) овозможуваат безжичен пренос на фотографии и видео снимки кон телевизори, паметни телефони и таблет уреди со Android кои поддржуваат NFC.

Широката палета на галантерија ги задоволува сите потреби

Професионалните опции отвораат нови можности.

Зголемете го задоволството при фотографирањето уште повеќе и надополнете ги вашите фотографии со професионален изглед со помош на галантеријата која е специјално создадена за овој модел.

Capture One Express (за Sony)

Еден од најдобрите конвертори за RAW во светот од Phase One

Capture One Express (за Sony) е еден од најдобрите конвертори за RAW кој создава прецизни бои и неверојатни детали. Тој претставува прилагодливо и интегрирано решение со флексибилно управување на дигитални податоци, со сите неопходни алатки за прилагодување и со брзи перформанси.

iMovie

Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.

Спецификации и функции
Нудејќи комбинација од квалитет на слика со 20,1MP (ефективни), вграден електронски визир (EVF), посветол и поширок објектив од ZEISS® и компактна големина, фиксниот објектив RX100 III е создаден за сериозни фотографи кои се во движење. Неговата уникатна комбинација на карактеристики го прави идеален избор и за професионалци на кои им треба втор фото апарат како надополнување за нивниот модел со заменливи објективи.
  • Exmor R® CMOS сензор од тип 1.0 со 20,1MP (ефективни)

  • Процесор BIONZ X за врвни детали и намалување на шум

  • Fonticon_Zeiss_logo

    Vario-Sonnar® T* објектив од 24-70мм со решетка од F1,8-2,8 од ZEISS®

  • Вграден OLED Tru-Finder електронски визир (EVF)

  • LCD екран со завртување од 180º за автопортрети

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор од тип 1,0" (13,2мм x 8,8мм)
Број на точки (ефективни)
20,1MP
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
ISO 125-25600

Што има во пакетот

Комплет батерии на полнење NP-BX1, AC адаптер, Микро USB кабел, Лента за околу зглоб, Адаптер со ремен, Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Награди

Награди