RX0 II

Мал и цврст. За професионална употреба

Врвен квалитет на слика и извонредно компактно куќиште

RX0 II претставува идеален придружник за споделување на животот. Снима прекрасни слики дури и при слаба осветленост со моќниот сензор од тип 1,0 и објективот Tessar T* од ZEISS® со мало изобличување, а сликите може да ги споделите преку паметен телефон. Тој нуди и внатрешно снимање на 4K-видеоснимки, импресивна стабилизација на слика, подобрено фокусно растојание од 20 см и LCD-екран што се врти за 180°.

Цврст дизајн, врвни перформанси

Фотоапаратот има цврста конструкција, може да се користи секаде и има едноставен и практичен дизајн со прави линии и без непотребни испакнувања. Неверојатно издржливото куќиште од дуралуминиум е доволно цврсто, но и лесно. 

Одговара на вашиот џеб и на вашиот животен стил

Создаден за врвен квалитет на слика

Создаден за врвен квалитет на слика

Снимајте го животот од сите агли

Снимајте го животот од сите агли

Изберете го вашиот стил на фотографирање

Проширете ги вашите креативни опции

Опремен со голема моќ за обработка на слика

Опремен со голема моќ за обработка на слика

Создаден за врвен квалитет на слика

Остри фотографии/видеоснимки со висока резолуција

Остри фотографии/видеоснимки со висока резолуција

Малото куќиште на RX0 II нуди многубројни современи технологии за обработка на слика со кои ќе добиете прекрасни слики независно од условите за фотографирање. Јасното зумирање на слики овозможува зумирање до 2x со минимална загуба на квалитет.

Извонредни детали и мал шум

Извонредни детали и мал шум

Exmor RS™ CMOS-сензорот од тип 1,0 заедно со напредниот процесор за обработка на слика BIONZ X™ создаваат широк динамички опсег, помал шум, природни детали и богата градација на тонови.

Tessar T* објектив од ZEISS®

Tessar T* објектив од ZEISS®

Широкоаголниот објектив Tessar T* од 24 мм со F4 од ZEISS® создава прекрасни слики во секакви услови, со подобрен контраст и острина и намалено изобличување.

Режим на мека кожа

Ефект на мека кожа

За да добиете подобри портрети и автопортрети, режимот за мека кожа на фотоапаратот ги намалува малите набори на кожата на лицето и ја измазнува кожата, а притоа ја зачувува острината на очите и усните на субјектот.

AF на очи

AF на очи

Кога снимате портрети и автопортрети, функцијата AF на очи на RX0 II е практично поставена да врши автоматско фокусирање на очите на субјектот.

Прекрасни видеоснимки со висока резолуција

Внатрешно снимање на 4K-видеоснимки со обработка на сите точки

RX0 II овозможува снимање на 4K-видеоснимки со обработка на сите точки без спојување на точките, користејќи прекумерно семплирање до 1,7x за да добиете неверојатно јасни слики и динамички сцени. И покрај неговата компактна големина, тој поддржува внатрешно снимање на 4K-видео со 30p (QFHD: 3840 x 2160), поради што е идеален за снимање висококвалитетни видеоснимки додека патувате или снимате сцени од секојдневниот живот.

Одличните видеоснимки стануваат уште подобри

Новата електронска стабилизација на слика ви помага да снимите одлични видеоснимки, а Movie Edit за паметни телефони создава јасни слики, слично како да снимате со стабилизатор. Movie Edit може автоматски да го држи субјектот во кадарот, дури и ако ги отсечете видеоснимките во вертикален формат за паметните телефони и социјалните медиуми.

Снимајте го животот од сите агли

Цврста изработка за безгрижно фотографирање

RX0 II е извонредно компактен и лесен со цврст и издржлив дизајн. Ставете го во ранец или носете го на врвка без да се грижите и користете го на места каде што досега не сте можеле да фотографирате. 

Извонредно компактен и подготвен за авантура

Извонредно компактен и подготвен за авантура

RX0 II е моќен фотоапарат во мало пакување. Практичен е за носење насекаде и нуди висококвалитетни слики без разлика каде фотографирате. Неговиот едноставен дизајн без испакнувања овозможува лесно поставување, пакување и складирање. 

Отпорност на вода/прав

Длабочина до 10 метри/33 стапки

Без разлика дали нуркате во свежа или солена вода, фотографирате покрај базенот или на отворено додека грми - RX0 II ќе ви го зголеми потенцијалот за фотографирање. Нема потреба да го заштитувате од дожд или истурени пијалаци, ниту во пустински услови со песок и прав. Сето ова е можно без специјално водоотпорно куќиште или дополнителна галантерија.

Отпорност на вода
Отпорност на удари

Отпорност на удари

Од висина до 2,0 метри/6,5 стапки

Благодарение на дизајнот отпорен на удари, нема потреба да се грижите за случајни незгоди - цврстото куќиште на RX0 II е создадено да издржи паѓање од висина до 2,0 метри (6,5 стапки).

Отпорност на кршење

До 200 kgf/440 lbf/2000 N

Нема потреба од нежно ракување - слободно ставете го фотоапаратот во торба или во џеб и носете го насекаде без да се грижите.

Отпорност на кршење

Проширете ги вашите креативни опции

LCD-мониторот што се врти е совршен за автопортрети

LCD-мониторот на фотоапаратот се врти нагоре за 180° за лесно обликување на кадарот на автопортретите и видеоблоговите. Дизајнот што е отпорен на вода и прав ви овозможува да го користите фотоапаратот под вода. Екранот се врти и надолу за приближно 90° за полесно фотографирање од висок агол.

LCD-мониторот што се врти е совршен за автопортрети
Поголема контрола со изборниот држач за фотографирање

Поголема контрола со изборниот држач за фотографирање

Држачот за фотографирање VCT-SGR1 е опремен со вградени контроли за активирање на блендата и копчиња за снимање и зумирање. Исто така, држачот за фотографирање може да се претвори во мини статив за на маса.

Надворешен микрофон за висококвалитетен звук

И покрај неговата компактна големина, RX0 II е опремен со приклучок за микрофон за приклучување надворешен микрофон за подобар квалитет на звукот во вашите видеоблогови и видеоснимки. 

Надворешен микрофон за висококвалитетен звук

Голема моќ за обработка на слика 

Видеоснимки со забавени движења од фотографирање со 960/1000 fps

Фотографирањето со брзина до 960 fps/1000 fps ви овозможува да доловувате краткотрајни моменти и да снимате видеоснимки со забавени движења. Исто така, ќе можете да снимате во Full HD-резолуција со брзина до 120 fps/100 fps.

Снимање во интервали за видеоснимки со забрзани движења

Новата функција за снимање во интервали на фотоапаратот овозможува континуирано фотографирање во интервали од 1 до 60 секунди. Овие фотографии потоа може да ги претворите во видеоснимки со забрзани движења преку компјутер.

Континуирано фотографирање до 16 fps и намалено затемнување

Континуирано фотографирање до 16 fps и намалено затемнување

Можностите за континуирано фотографирање на RX0 II овозможуваат подобро доловување на одлучувачките моменти со движења и краткотрајните изрази на лицата. Во една серија може да се снимат до 129 слики JPEG (стандардно). 

Бленда што спречува изобличувања со брзина до 1/32.000 сек.

Бленда што спречува изобличувања со 1/32.000 сек. 

Блендата што спречува изобличувања постигнува брзина до 1/32.000 сек. и го минимизира феноменот вртење на блендата што може да ги изобличи сликите од објекти што се движат брзо.

Профили на слики за професионални потреби

Профили на слики за професионални потреби

Со профилите на слики и S-Log2 може да ја поставите целата филмска продукција преку фотоапаратот и да ги прилагодите параметрите што ќе влијаат врз конечниот изглед на вашите видеозаписи. 

Безжична контрола на повеќе фотоапарати

Безжична контрола на повеќе фотоапарати

Совршен систем што се користи преку паметен телефон

Imaging Edge Mobile од Sony овозможува контролира на повеќе фотоапарати преку телефон или друг мобилен уред. Безжичното поврзување нуди поголема флексибилност за позиционирање на фотоапаратите што се цврсти и доволно мали за да ги носите насекаде. 

Снимање со повеќе фотоапарати преку жична врска

Снимање со повеќе фотоапарати преку жична врска

Прецизна контрола за професионални работни процеси

Со изборната кутија за контрола на фотоапарати (CCB-WD1), можете истовремено да контролирате повеќе фотоапарати, да ги следите и менувате поставките далечински преку компјутер. На овој начин добивате стабилна врска со фотоапаратите за полесна и прецизна синхронизација, како и моментален пренос на датотеки од фотоапаратите за полесно управување.

Спецификации и функции
RX0 II има извонредно компактна големина и цврсто и издржливо куќиште што е отпорно на вода, удари и кршење. Мониторот што се врти за 180° ви овозможува да го обликувате кадарот за автопортрети и видеоблогови, а сензорот од тип 1,0 и напредниот процесор за обработка на слика нудат прекрасни тонови на кожата и AF на очи. Снимајте 4K-видеоснимки со 30p и стабилизација на слика.
  • Широкоаголен објектив Tessar T* од 24 мм со F4 од ZEISS®

  • Водоотпорно и цврсто куќиште

  • LCD екран кој се врти за 180 степени

  • Внатрешно снимање на 4K-видеоснимки

  • Снимање забавени движења со 960 fps/1000 fps

Тип на сензор
Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм), сооднос 3:2
Број на точки (ефективни)
Прибл. 15,3 милиони точки
Отпорност на вода
Да (еквивалент на IPX8)
Отпорност на кршење
Да(200 kgf/2000 N/440 lbf)
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
Автоматски (ISO125-12800, може да се избере со горна / долна граница), 125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800 (може да се прошири до ISO80/100), NR за повеќе слики: автоматски (ISO200-25600), 200/400/800/1600/3200/6400/12800/25600
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина