HX99

Моќен зум и врвни перформанси

И покрај неговата извонредно компактна големина, фотоапаратот HX99 нуди висококвалитетни слики и врвни перформанси со одлични функции како зум од 24-720 мм, снимање 4K-видео , брз и прецизен AF, електронски OLED-визир со голем контраст, практичен прстен за контрола и LCD-екран на допир што се врти за едноставно ракување.

Сите неопходни функции во вашата дланка

Со објектив за зумирање од 24-720 мм од ZEISS ® и снимање 4K-видео

HX99 е најмалиот фотоапарат во светот со зум од 24-720 мм кој може да го понесете каде и да одите. Со неговиот објектив Vario-Sonar T* од 24-720 мм од ZEISS® и одличните функции како брз и интелигентен AF и AF на очи со брз одзив, овој фотоапарат нуди извонредни перформанси во секакви услови.

Спецификации и функции
Најмалиот компактен фотоапарат во светот со зум од 24-720 мм, HX99 е лесен за носење и се одликува со снимање на 4K-видеоснимки , брз и интелигентен AF, AF на очи, оптички SteadyShotTM, OLED Tru-FinderTM со голем контраст, практичен прстен за контрола и екран на допир што се врти за 180°.
  • Vario-Sonnar® T* објектив за зумирање од 24-720 мм од ZEISS®

  • Снимање 4K-видеоснимки со обработка на сите точки

  • Брз и интелигентен AF и AF на очи со голема прецизност

  • OLED Tru-Finder со јасна слика, голем контраст и практичен прстен за контрола

  • LCD-екран што се врти за 180° за лесно обликување на кадарот при снимање автопортрети

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3 (7,82мм)
Број на точки (ефективни)
Прибл. 18,2 милиони точки
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
Автоматски (ISO80-3200, може да се избере со горна / долна граница), 80/100/200/400/800/1600/3200 (може да се прошири до ISO6400), NR за повеќе слики: автоматски (ISO80-3200 исто како во избраниот опсег во автоматскиот режим), 100/200/400/800/1600/3200/6400/12800

Што има во пакетот

Батерија на полнење NP-BX1, AC-адаптер, микро USB-кабел, лента за околу зглоб, упатство за користење

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина