Слика од Компактен фотоапарат HX90V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX90V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX90V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX90V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX90V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX90V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX90V со 30x оптички зум
Зумирајте подалеку - Подобрете го приказот

Добијте подобар приказ од објектите кои ги зумирате со најмалиот дигитален фотоапарат во светот кој се одликува со објектив со 30x оптички зум создаден од Sony во соработка со легендарната компанија ZEISS®, јасен OLED Tru-Finder™ на вовлекување и други функции за подобрување на сеопфатните можности за фотографирање. Новиот HX90 од Sony - апсолутно беспрекорен од секој аспект.

Елементите на сеопфатниот квалитет на слика

Спојот помеѓу CMOS сензор за слика со повисоки перформанси, неверојатно брз процесор за слика и легендарниот објектив нуди најнови оптички и инженерски достигнувања во извонредно компактна форма.

Vario-Sonnar T* објектив со 30x оптички зум од ZEISS®
Зумирајте подалеку, поблиску и пошироко

Објективот Vario-Sonnar T* со 30x оптички зум од ZEISS® содржи огромно искуство од оптиката со голема прецизност за снимање јасни и остри слики без загуби во квалитетот низ целиот опсег од 24-720 мм.

Препознатлива оптика од ZEISS®

Легендарниот квалитет од ZEISS® нуди извонредна острина, богат контраст и минимално изобличување.

Exmor R® CMOS сензор

Exmor R® CMOS сензорот со задно осветлување и 18,2 ефикасни милиони точки прима повеќе светлина за повеќе детали во секоја снимка.

Процесор BIONZ X™ за обработка на слика

Сега репродуцира пореалистични детали и бои во сликите со помало изобличување и шум.

Сигурно управување

Веднаш преземете ја контролата врз секоја функција која ја сакате. Сите аспекти на користењето и ракувањето се интуитивни и практични, поради што многу е лесно да го засакате овој апарат.

Добијте најдобар приказ

OLED Tru-Finder

Овој OLED Tru-Finder на извлекување со висок контраст е далеку посветол од стандардните електронски визири и е совршен за секојдневна преносливост, безбедност и практичност.

Брз и интелигентен автоматски фокус
Извонредно брз, прецизен и интелигентен AF

Подобрениот алгоритам за откривање на просторот до објектот овозможува пооптимален и попрецизен погон на објективот за добивање уште побрз AF, за да можете да доловувате повеќе неочекувани моменти на едноставен начин.

Поставете го соодветниот стил на фотографирање

Добијте повеќе избори за соодветно снимање видео, во зависност од ситуацијата и начинот на кој сакате да го прикажете. Без разлика дали сакате само брзо да споделите некои случувања или да ги зачувате во висока резолуција за подоцна да ги уредите подетално, можете да фотографирате во стил кој ќе одговара на вашите потреби. Изберете формат, режим, експозиција и други поставки и започнете да снимате како што ќе посакате.

Подобри можности од стандардните

Покажете му на светот колку опции имате на располагање, дури и откако ќе ја снимите сликата. Дообработувајте ги фотографиите, споделувајте го снимениот материјал безжично, означете ги патувањата на мапа и забавувајте се на нови начини со вашиот фотоапарат како никогаш досега.

Вграден GPS уред
Следете го вашето патување детално

Вградениот GPS вметнува гео-ознаки во вашите фотографии и видеоснимки, така што кога ќе ги разгледувате подоцна ќе добиете мапа со приказ на локациите во кои сте фотографирале, со помош на софтверот Sony PlayMemories Home на компјутерот.

Споделувајте едноставно - Добијте далечинска контрола

Поврзувањето преку Wi-Fi® со паметни телефони со iOS и Android™ за далечинска контрола на фотоапаратот и споделување фотографии/видеоснимки е едноставно. Освен Wi-Fi® поддршката за поврзување со паметни телефони, технологијата NFC (поле за комуникации во близина) нуди „поврзување со еден допир“ со компатибилни паметни телефони и таблет-уреди со Android™. Корисниците треба само да ги допрат уредите за да ги поврзат, не се потребни сложени поставувања.

Репродуцирајте со поголемо задоволство

PlayMemories Camera Apps

Искористете ги предностите на PlayMemories Camera Apps кои го прават вашиот фотоапарат пофункционален, покреативен и позабавен за користење.

*Забелешка: Достапноста на услугите зависи од регионот.

Мојот најдобар портрет

Додавајте ефекти за омекнување на кожата, осветлување на кожата и осветлување на очите.

Паметен далечински управувач

Користете паметен телефон за контрола на експозицијата, активирање на блендата и добивање фотографии.

Синхронизација со паметен телефон

Автоматски префрлувајте фотографии во мобилниот уред откако ќе го исклучите.

Задржете го стилот

Изборен комплет галантерија составен од торбичка за куќиште, навлака за објектив и лента за на рамо (LCJ-HWA е достапна во три бои) кои го подобруваат стилот на фотоапаратот. Торбичката за куќиштето не мора да се отстранува при фотографирањето.

iMovie
Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.

Спецификации и функции

HX90V користи објектив со оптички зум од ZEISS® со неверојатен опсег и интегритет, OLED Tru-Finder за пореалистичен приказ за изгледот на вашите снимки и LCD монитор кој целосно се врти наназад за да можете да снимате автопортрети.
  • Vario-Sonnar T* објектив со 30x оптички зум од ZEISS® за извонредно јасни слики

  • Exmor R® CMOS сензор од 18,2 MP за слика со повисок квалитет дури и во темнина

  • Процесорот за обработка на слика BIONZ X™ нуди повеќе детали со помал шум

  • OLED Tru-Finder кој се вовлекува за појасен приказ и подобро ракување

  • LCD екран кој се врти за 180 степени за обликување на кадарот при фотографирање од ниска положба

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3 (7,82мм)
Број на точки (ефективни)
18,2MP
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
ISO 80-12800
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина