КОМПАКТНИ

Компактен фотоапарат HX60 / HX60V со 30x оптички зум

DSC-HX60 / DSC-HX60V
Слика од Компактен фотоапарат HX60 / HX60V со 30x оптички зум

Без GPS|Со GPS

Слика од Компактен фотоапарат HX60 / HX60V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX60 / HX60V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX60 / HX60V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX60 / HX60V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX60 / HX60V со 30x оптички зум
Слика од Компактен фотоапарат HX60 / HX60V со 30x оптички зум
Големо зум, целосна контрола

Зумирајте и фотографирајте со потполна прецизност со овој компактен дигитален фото апарат. Уживајте во целата палета на технологии за подобрување на сликата, вклучувајќи го 30x оптичкиот зум, Exmor R® CMOS сензорот со 20,4MP и стабилизацијата на слики - за рамномерни и прецизни детали, без разлика дали сцената е блиску или далеку.

Exmor R™ CMOS сензор
Exmor R™ CMOS сензор со 20,4MP

Нагласете ги деталите, дури и при слаба осветленост. Exmor R® CMOS сензорот со задно осветлување и 20,4MP има широки приемни површини за да овозможи повеќе светлина и детали во секоја слика.

Процесор за слика BIONZ X
Процесор за слика BIONZ X

Очекувајте прикажување на пореалистични бои, подобро намалување на шум и побрзо секвенцијално фотографирање со процесорот за слика BIONZ X - 3x помоќен од претходниот BIONZ процесор, за слики со највисок квалитет.

Sony G леќа
Sony G леќа

G објективите нудат напредни оптички технологии од Sony за остри слики и прекрасно дефокусирање на заднината.

Држете стабилно и зумирајте
30x оптички зум
30x оптички зум

G објективот од Sony со оптички зум до 30x е совршен за доловување на животот во дивината, зајдисонцата и многу повеќе, со извонредна јасност.

Оптички SteadyShot
Оптички SteadyShot

Објективот се движи жироскопски и врши компензација за движењата предизвикани при рачното фотографирање, овозможувајќи ви неверојатно остри слики низ целиот опсег на фокусирање.

Автоматски фокус со заклучување
Следете ги случувањата

Никогаш не испуштајте ја од вид совршената снимка. Автоматскиот фокус со заклучување автоматски ја прилагодува големината на кадарот врз основа на карактеристиките на субјектот за чисти и дефинирани резултати.

Подобрете ги вашите фотографии уште повеќе
Вртливо копче за режим
Рачни контроли

Со вртливото копче за режим, можете да изберете приоритет на решетка или бленда и да ги промените поставувањата за да одговараат на снимањето. Контролирајте го количеството на светлина во кадарот со вртливото копче за компензација на експозиција.

Приклучок за повеќе интерфејси
Приклучок за повеќе интерфејси

Користете цела палета на галантерија за вашиот фото апарат, како надворешни блицеви, микрофони за во студија, електронски визири и многу повеќе. Приклучок за галантерија ги напојува додатоците за да го подобри вашето снимање.

Држач
Ергономски држач

HX60 добро лежи во рака благодарение на компактниот дизајн и удобниот држач за едноставно ракување, независно од ситуацијата.

Блиц на извлекување
Блиц на извлекување

Ако снимате во темнина, блицот на извлекување на горната страна од фото апаратот ќе ви обезбеди светли и јасни резултати.

Живописна репродукција на слики во движење

Погледнете ги сликите веднаш и гледајте ги снимките додека снимате благодарение на вградениот 7,6см (3”) LCD екран. Сликите изгледаат јасно и чисто на екранот, токму така како што ги гледате.

LCD екран од 7,6см/3"
Разбудете го режисерот во Вас

Внесете кино квалитет во вашите домашни видео снимки. Само притиснете го наменското копче за видео и започнете со снимање на остри, јасни Full HD видео снимки. Интелигентниот активен режим ги одржува вашите видео снимки стабилни и без тресење, дури и кога пешачите или зумирате.

Full HD снимки со 24p
Full HD

Снимајте во Full HD за да добиете јасни и рамномерни видео снимки – можете да снимате со стапка на слики од 24p за вистинска кино резолуција.

AVCHD
AVCHD

Ако сакате сериозно снимање, обидете се со прогресивниот формат AVCHD за остри, професионални снимки.

Погледнете го секој трик и премин

Извонреден ефект за прикажување на скокови, трикови и многу повеќе со функцијата за снимање на движења. Снименото движење на објектите е прикажано во низа фотографии поставени една врз друга на иста заднина.

Функција за снимање на движења
Создавајте, поврзувајте и споделувајте

Само едно нешто е подобро од снимање одлични фотографии, а тоа е нивното споделување. Со вградените Wi-Fi® и NFC можете да ги споделувате вашите најдобри слики за само неколку секунди. А со апликацијата Smartphone Remote секогаш ќе имате контрола.

Wi-Fi® и NFC
Споделувајте преку Wi-Fi® и NFC

Користете NFC за да воспоставите Wi-Fi® врска и да ги споделите вашите слики и видео снимки со пријателите и семејството.

Aпликација Smartphone Remote
Претворете го Smartphone уредот во далечински управувач

Менувајте ги поставувањата, зумирајте и, најважно, фотографирајте со апликацијата Smartphone Remote.

Бидете креативни со ефектите за слики

Внесете нова енергија во сликите со помош на вградената технологија за ефекти на слики. Постојат повеќе режими за избор - не мора ниту да преземате софтвер за уредување на слики.

Ефект на слика
Погледнете ги вашите слики во 4K детали

Поврзете го HX60 на 4K Ultra HD телевизор за да ги видите вашите фотографии со извонредна јасност на голем екран. Секоја сенка која ќе ја видите ќе изгледа живописно и реалистично благодарение на TRILUMINOS™ colour.

Следете го патувањето

Со HX60V можете да дознаете каде сте - и каде сте биле. Вградениот GPS ги означува сите ваши фотографии и видео снимки додека патувате.

Вграден GPS уред
iMovie
Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.

Спецификации и функции

  • Exmor R® CMOS сензор со 20,4MP

  • Процесор BIONZ X за врвни детали и намалување на шум

  • G објектив од Sony со 30x оптички/60x јасен зум на слика

  • Задржете го фокусот врз објектите со автоматскиот фокус со заклучување

  • PlayMemories Camera Apps ја зголемуваат креативноста

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3 (7,82мм)
Број на точки (ефективни)
20,4MP

Што има во пакетот

Комплет батерии на полнење, AC адаптер, Микро USB кабел, Лента за околу зглоб, Капаче за приклучок, Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина