Големина и тежина

Димензии (прибл. Ш x В x Д)
50,3 × 14 × 118,7 мм (само куќиште)
Тежини (прибл.)
95 гр.

Општи карактеристики

Интерфејс
USB 3.1 Gen 2
Приклучок за поврзување USB-уреди
USB Type-C x 1, USB Standard-A x 1
Приклучок за поврзување со главен компјутер
USB од тип C
Приклучок за напојување преку USB-уреди
USB од тип C
Приклучок за поврзување со 4K-монитор
HDMI®
За SD-мемориска картичка
Отвор за SD-картички
За microSD-мемориска картичка
microSD влез
Компатибилни мемориски картички
Мемориски картички SDXC/microSDXC/SDHC/microSDHC UHS-II, мемориски картички SDXC/microSDXC/SDHC/microSDHC UHS-I, мемориски картички SDXC/microSDXC/SDHC/microSDHC/SD/microSD
Напојување
До DC 20 V 5 A (100 W) преку USB PD IN (USB PD AC-адаптерот е изборен. Се препорачува USB PD AC-адаптер од 35 W или повеќе.)
Брзина на пренос (читање)
до 1000 MB/s (USB 3.1 Gen 2-врска), до 300 MB/s (мемориски картички SD/microSD UHS-II)
Излезен приклучок за напојување преку USB-магистрала
Приклучок USB Type-C: до 15 W (5 V 3 A), приклучок USB Standard-A: до 12 W (5 V 2,4 A)
Работен температурен опсег
+5 - +40℃ (без кондензација)
Поддржани оперативни системи
OS X 10.11 или понов, Windows 7 или понов (32 бита/64 бита)
Гаранција
1 година

Што има во пакетот

  • Кабел од типот USB Type-C кон USB Type-C за поврзување со компјутер (поддршка за USB 3.1 Gen 2 и USB PD 3.0 со вграден eMarker, 14 см) x 1, комплет отпечатени документи
Placeholder

Функции

Слика од Читач за UHS-II SD/microSD во USB-размножувачот

Најбрзиот читач за UHS-II SD/microSD со најкратки времиња за пренос

Одликувајќи се со брзини до 300 MB/s, читачот за картички UHS-II SD и microSD во MRW-S3 нуди најбрз начин за складирање и копирање видеоснимки и фотографии со висока резолуција снимени со фотоапарати што поддржуваат UHS-II. На крајот од целодневното фотографирање ќе можете да заштедите многу време при правењето резервни копии од сработеното и ќе можете побрзо да почнете со прегледувањето, уредувањето и споделувањето на вашите слики. 

Слика од Читач за UHS-II SD/microSD во USB-размножувачот

Најбрзиот USB-размножувач

Нема побрз USB-размножувач од MRW-S3. Со поддршката за USB 3.1 Gen 2, тој нуди брзини на пренос до 1000 MB/s за да можете да користите картички UHS-II како што е серијата SF-G, со брзини до 300 MB/s, но и други читачи на картички како XQD и CFexpress. Исто така, ќе можете да извлечете максимум од брзите надворешни USB SSD-уреди за складирање (хард дискови без подвижни делови) за брзо правење резервни копии.

Слика од Читач за UHS-II SD/microSD во USB-размножувачот

Стабилно напојување до 100 W преку USB

MRW-S3 ги поддржува сите USB PD AC-адаптери со моќност до 100 W за да ви овозможи стабилно и сигурно напојување преку вашиот компатибилен USB PD AC-адаптер за сите поврзани уреди (во приклучоците USB Type-C™ и USB Standard-A). Ова ќе им овозможи на професионалните фотографи и видеографи да се фокусираат на нивниот работен процес без да се грижат за ненадејни прекини поради недоволно напојување. Се препорачува USB PD AC-адаптер од 35 W или повеќе.

Слика од Читач за UHS-II SD/microSD во USB-размножувачот

Индикатори за нивото на енергија преку USB

MRW-S3 има индикатори за нивото на енергија преку неговите приклучоци USB-A и USB-C за да знаете дали има доволно енергија за стабилна и сигурна врска пред да ги поврзете вашите USB-уреди. Ако LED-индикаторот свети постојано, тогаш USB-приклучокот добива максимално ниво на енергија. Ако LED-индикаторот трепка, тоа значи дека има доволно енергија за приклучување стандардни USB-уреди, но не и уреди со голема потрошувачка на енергија. Ако LED-индикаторот е исклучен, тогаш може да приклучите само USB-уреди со сопствено напојување.

Слика од Читач за UHS-II SD/microSD во USB-размножувачот

Отстранлив кабел од типот USB-C кон USB-C

Не само што USB-размножувачите со фиксно прикачен USB-C-кабел се непрактични за носење, туку и местото каде што кабелот се поврзува со куќиштето може да се оштети со тек на време. MRW-S3 има отстранлив кабел од типот USB-C кон USB-C заради минимално абење на кабелот и практично складирање на вашиот USB-размножувач кога не го користите. Овој краток кабел може да се користи и за поврзување обични уреди со USB 3.1 Gen 2 или за поврзување USB PD AC-адаптер со моќност до 100 W, благодарение на вградениот eMarker.

Слика од Читач за UHS-II SD/microSD во USB-размножувачот

HDMI-излез за 4K-резолуција со 30 fps 

Немате HDMI-излез на лаптопот или компјутерот? Нема проблем. MRW-S3 има HDMI-излез што нуди 4K-резолуција со 30 fps, овозможувајќи ви брзо и лесно прегледување и уредување на вашите содржини преку телевизор или монитор. А ако имате лаптоп со ограничен број приклучоци, тогаш нема да треба да носите дополнителен предавател и ќе ослободите уште еден од потребните USB-C-приклучоци.

Слика од Читач за UHS-II SD/microSD во USB-размножувачот

Стилско и издржливо алуминиумско куќиште со брановидна површина

Завршната обработка од издржлив брусен алуминиум ги минимизира гребнатините и отпечатоците од прсти. Брановидната површина, пак, нуди сигурно држење за полесно ракување при често приклучување и исклучување уреди и кабли во текот на денот.

Слика од Читач за UHS-II SD/microSD во USB-размножувачот

Компактни и лесни

MRW-S3, со димензии 118,7 x 50,3 x 14 мм и тежина од само 95 гр., е практичен за носење кога фотографирате на различни локации.