Големина и тежина

Димензии (прибл. Ш x В x Д)
57,4 мм x 31,7 мм x 11,2 мм
Тежини (прибл.)
20 гр.

Општи карактеристики

Интерфејс
UHS-II / USB 3.1 Gen 1
Тип на приклучок
Стандард A
LED индикатор
Да
Поддржани оперативни системи
Windows 7(SP1), Windows 8.1, Windows 10, OS X 10.9 или понов

Функции

Еден од најбрзите во својата класа

Со читачот MRW-S1 за брзи мемориски картички, UHS-II SD картичките како што е серијата SF-G може да се вчитуваат со поголема брзина. Компатибилноста со извонредно брз пренос ви овозможува да извлечете максимум од вашите картички со голема брзина. Таа овозможува и максимални перформанси кај SD мемориските картички од тип UHS-I и тие што не се од типот UHS.

Слика од Читач за UHS-II SD мемориски картички

Заборавете на чекањето

Читачот на картички MRW-S1 го поддржува интерфејсот SuperSpeed USB 3.1 Gen 1 за да извлечете максимални перформанси од картичките од серијата SF-G. Како резултат на тоа, копирањето и правењето резервни копии од датотеките е многу побрзо отколку преку стандардниот отвор за SD картички на компјутерот.

Резервни копии што заштедуваат време и простор

MRW-S1 е идеален за правење резервни копии од фотографии и 4K видеоснимки со висока резолуција од UHS-II SD картички и го намалува времето на пренос за да можете побрзо да почнете со уредувањето.

Секогаш при рака кога ви е потребен

Џебниот дизајн (57 x 31 x 11 мм, тежина 20 гр.) ви овозможува да го носите овој читач насекаде.