Читач за картички CFexpress Type A / SD
Функции
Оптимизиран за картичките CFexpress Type A од Sony
Извлечете максимум од мемориските картички CFexpress Type A и SD од Sony со овој читач за картички со висока брзина. Компактниот дизајн и USB-приклучоците овозможуваат брз пренос на податоци и правење резервни копии каде и да сте.
Поддржува мемориски картички CFexpress Type A и SD UHS-II/UHS-I
Овој читач за картички е сè што ви треба за префрлување податоци од мемориските картички CFexpress Type A и SD.
Побрз пренос на податоци преку USB Type-C®
Благодарение на USB 3.2 Gen 2, MRW-G2 поддржува протокол за пренос на податоци SuperSpeed 10 Gbps пркеу приклучоците USB Type-C® (препорачано) и Type-A. Со уредот се испорачуваат кабли со високи перформанси за двата приклучоци заради широка компатибилност со уреди.
Едноставно користење
За да ви овозможи попрактично работење, вдлабнатината на отворот за картички ја намалува веројатноста за ненамерно исфрлување на картичката, а вградена е и LED-светилка (свети кога е вметната картичка, трепка кога чита податоци од неа).
Компактен, практичен за носење и дизајниран за поефикасни работни процеси
Тенкиот и лесен дизајн на MRW-G2 ви овозможува да го носите во џеб или во торба, поради што е идеален за работа со датотеки со висока резолуција кога сте во движење. Поврзувањето со еден кабел е сè што е потребно и за пренос на податоци со голема брзина и за напојување.
Спецификации
- Интерфејс
- USB3.2 Gen2 x 1