Приказ на објективот од предната страна
Приказ на објективот од левата страна
Приказ на објективот од горната страна
Приказ на објективот од десната страна
Приказ од левата страна на објективот со сенило SH-169
Приказ на објективот од предна страна, прикачен на фотоапаратот ZV-E10
Слика од производот, прикачен на фотоапаратот ILCE-7IM4
Широкоаголен објектив со моторизиран зум, F4 и APS-C

Најмалиот и најлесниот широкоаголен објектив во светот со фиксна решетка F4, моторизиран зум и APS-C-сензор нуди одлична преносливост и врвен квалитет на слика. Рамномерниот моторизиран зум нуди брзина и контрола за обликување кадри, заради подобар приказ на динамичките широкоаголни перспективи.

Компактен објектив со моторизиран зум
Објектив 10-20 мм F4 G

Погледнете видеозапис

Слика од лого за APS-C E-приклучок

APS-C објективите со E-приклучок, во комбинација со α фото апаратите со E-приклучок од Sony,нудат врвни перформанси.

Галерија со фотографии од E PZ 10-20 мм F4 G
Слика од рака која го држи објективот E PZ 10-20 мм F4 G, очигледно е дека објективот е доволно мал за да се држи во рака
Најмал и најлесен во светот

Со должина од 55 мм и тежина од 178 грама (2-1/4 инчи, 6,3 oz.), ова е најмалиот и најлесниот широкоаголен објектив со моторизиран зум и F4. Има внатрешен зум и фокус, па должината не му се менува при зумирање или фокусирање, овозможувајќи стабилен центар на гравитација што е идеален за снимање видеоблогови и снимање со механизам за стабилизација. Преносливоста го прави одличен избор за различни ситуации.

Слика што прикажува дека во кадарот може да собере повеќе луѓе, дури и при снимање автопортрет
Динамички перспективи и слики

Фокусната должина од 10 мм (еквивалент на форматот 35 мм: 15 мм) нуди екстремно широки агли на гледање што можат лесно да опфатат пространи сцени или да откријат повеќе детали на помал простор. Овој повеќенаменски објектив нуди подинамички слики со уникатни перспективи, ефикасно го одвојува субјектот од заднината и ја истакнува далечината или брзината во видеозаписите.

Слика од ентериер во зграда со детали со висока резолуција
Извонредна оптика во компактен објектив

Трите асферични елементи го намалуваат искривувањето на полето и астигматизмот, а ED-елементот ја коригира хроматската аберација за висока резолуција низ целиот зум од 10-20 мм (еквивалент на форматот 35 мм: 15 до 30 мм). Заматувањето карактеристично за G-објективите придонесува за прекрасни слики со минималното растојание за AF од 0,2 метри и минималното растојание за MF од 0,13-0,17 метри на овој објектив.

Слика од маж кој снима видео и ја користи рачката за зумирање на објективот E PZ 10-20 мм F4 G
Брз моторизиран зум 

Новиот систем за електронски и моторизиран зум веднаш ја претвора ротацијата на прстенот за зумирање во поместување на зумот заради прецизно реализирање на намерата на снимателот. Исто така, рачката за зумирање го олеснува зумирањето со константна и мала брзина. Зумот може да се контролира и далечински преку изборниот држач GP-VPT2BT, далечинскиот управувач RMT-P1BT или апликацијата Imaging Edge Mobile.

Оптимизиран за јасни видеоснимки

Напредната технологија на објективот ги намалува промените во фокусната должина, како и поместувањата на фокусот и оската при зумирање, за да овозможи постојано снимање на јасни и висококвалитетни видеоснимки. Несаканите и непријатни промени во аголот на гледање и кадарот се минимизирани за да може гледачот да ужива во сликата максимално.

Слика од конструкцијата на системот за автоматско фокусирање со линеарни мотори
Извонреден AF за фотографии и видеоснимки   

Двата линеарни мотори нудат брзо и тивко автоматско фокусирање со мали вибрации кое ги следи субјектите при снимање видео со висока стапка на слики, како и субјектите кои се движат брзо при континуирано фотографирање со голема брзина. Фокусот е особено важен при снимање во 4K или 8K, особено при зумирање. Овој објектив лесно ги фокусира динамичките субјекти и ги следи тивко и рамномерно.

Слика што ја прикажува конфигурацијата на леќите
Конфигурација на објективи 

Дизајнот на G-објективите го подобрува балансот помеѓу високата резолуција и заматената заднина, како и идејата на уметникот.

[1] Асферична леќа [2] Асферична леќа ED (исклучително мала дисперзија) [3] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)

Функција за пренос на модулација на E PZ 10-20 мм F4 G
Табела MTF 

MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.

[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] При 10 мм / макс. решетка [4] При 10 мм / решетка F8 [5] При 20 мм / макс. решетка [6] При 20 мм / решетка F8 [7] Просторна фреквенција [8] 10 пара линии / мм [9] 30 пара линии / мм [10] Радијални вредности [11] Тангентни вредности

Слика одблиску од FX6 додека се користи за снимање
Предности на објективите од Sony за снимање видео

Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.

Контроли на објективот
Слика од прстен за фокусирање, копче за задржување фокус, рачка за зумот, прстен за зумот и преклопник за режим на фокусирање

[1] Прстен за фокусирање [2] Копче за задржување на фокусот [3] Рачка за зумирање [4] Прстен за зумирање [5] Преклопник за режим на фокусирање

Компатибилност со E PZ 10-20 мм F4 G

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

Спецификации и функции

  • Најмалиот и најлесниот широкоаголен G-објектив во светот со моторизиран зум

  • Асферичен елемент ED (исклучително мала дисперзија) за висока резолуција низ целата слика

  • Брзиот моторизиран зум веднаш ги претвора движењата на прстенот за зумирање во поместување на зумот

  • Два линеарни мотори за брзо и тивко автоматско фокусирање со мали вибрации

  • Прстени за фокусирање и зумирање, практични функции за контрола и дизајн отпорен на прав и влага

Минимално фокусно растојание
0,20 м (AF), Широк агол: 0,13 м / Телефото: 0,17 м (MF) ((0,66 ft (AF), Широк агол: 0,43 ft / Телефото: 0,56 ft (MF))
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,14 (AF), 0,18 (MF)
Пречник на филтерот (мм)
62
Тежина
178 гр. (6,3 oz.)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина