Слика од FE C 16-35 мм T3,1
Слика од FE C 16-35 мм T3,1
Слика од FE C 16-35 мм T3,1
Слика од FE C 16-35 мм T3,1
Слика од FE C 16-35 мм T3,1
Исто како вашата замисла

Опфатете ја вашата замисла со широкоаголниот објектив со зум SELC1635G. Подобрениот оптички дизајн и водечката технологија овозможуваат сигурно снимање на дигитална кинематографија, документарци и други врвни видеосодржини во формат на целосна слика.

Неограничено изразување за креаторите на содржини
Слика од Филмски слики со прекрасни ефекти на дефокусирање
Филмски слики со прекрасни ефекти на дефокусирање

Снимајте прекрасни филмски слики со извонредна резолуција - квалитет што е препознатлив за објективите G од Sony. Фиксната голема решетка T3,1 (F2,8), од широк агол до телефото, нуди неверојатни ефекти на дефокусирање и длабочина на заднината.

Слика од Брза рачна контрола за креаторите на содржини
Брза рачна контрола за креаторите на содржини

Прилагодувајте го фокусот, зумот и ирисот со доследна прецизност. Оптиката за континуиран фокус и прстените за прецизна контрола нудат разновидни опции при снимањето со камери од голем формат како VENICE, PXW-FX9 и фотоапаратите без огледало Alpha.

Слика од Обемна контрола
Обемна контрола

Отстранливиот серво мотор ви нуди пристап и до најновите алатки за снимање видео што се ексклузивни за системот со E-приклучок од Sony. Користете го брзиот и прецизен AF за брзо фотографирање, моќен серво зум, фокусирање со следење и контрола на ирисот - директно преку вашата камера, далечински или преку паметен телефон, за да ја зголемите креативноста и ефикасноста.

Слика од Напреден оптички дизајн

Слики без нано слој AR (лево) и со нано слој AR (десно).

Напреден оптички дизајн

Двата XA-елементи и трите асферични елементи ги минимизираат изобличувањата, искривувањето на полето и астигматизмот. Двата елементи од ED-стакло го намалуваат изобличувањето на боите, а напредниот нано слој AR (анти-рефлективен) на оптичките површини ги намалува одблесоците и отсјајот. Лебдечкиот механизам за фокусирање е оптимизиран за снимање видео и овозможува неверојатна резолуција и многу мало изобличување независно од растојанието на кое снимате.

Слика од Прецизен и брз рачен фокус
Прецизен и брз рачен фокус

SELC1635G има рамномерен и бесшумен мотор за MF со линеарен одзив што нуди рачно фокусирање без доцнење заради прецизно и интуитивно снимање (кинематографија) и контрола врз камерата.  Прстенот за фокусирање со запчаници нуди ротација со голем опсег (140 степени) за прецизна контрола со чекори, јасен сооднос на оддалеченост и ресетирање измеѓу снимањата. Исто така, тој нуди обратна ротација на прстенот за зумирање и опција да се вклучат звучни сигнали за избирање чекори на решетката, овозможувајќи повратен ефект на допир за прецизно прилагодување.

Слика од конфигурација на објективи
Конфигурација на објективи 

Дизајнот на G-објективите од Sony ја нагласува рамнотежата помеѓу високата резолуција и дефокусирањето на заднината што ја подобруваат замислата на уметникот.
[1] Екстремно асферичен објектив (XA-објектив)  [2] Асферичен објектив  [3] ED-стакло

Слика од табела за MTF
Табела MTF 

MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%)  [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм)  [3] При 16 мм / макс. решетка  [4] При 16 мм / решетка T9 [5] При 35 мм / макс. решетка  [6] При 35 мм / решетка T9  [7] Просторна фреквенција  [8] 10 пара линии / мм  [9] 30 пара линии / мм  [10] Радијални вредности  [11] Тангентни вредности

Контроли на објективот
Слика од Контроли на објективот на левата страна

[1] Прстен за фокусирање  [2] Прстен за зумирање  [3] Прстен за ирисот  [4] Рачка за МОТОРИЗИРАН ЗУМ  [5] Отстранлив серво мотор за зумирање  [6] Преклопник за брзина на зумирање  [7] Копче за задржување на фокусот

Слика од Контроли на објективот на десната страна

[8] Преклопник за ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ИРИСОТ  [9] Преклопник за звук на ирисот  [10] Преклопник за зумирање

Компатибилност со FE C 16-35 мм T3,1

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.

Спецификации и функции

  • Филмски слики со прекрасни ефекти на дефокусирање

  • Брза рачна контрола за креаторите на содржини

  • Обемна контрола

  • Напреден оптички дизајн

  • Прецизен и брз рачен фокус

Минимално фокусно растојание
0,28 м (0,92 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0.19
Пречник на филтерот (мм)
-
Тежина
1390 гр. (49,1 oz.)

Што има во пакетот

Предно капаче за објектив: ALC-F82S, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Мека торбичка, Капак за отворот на зумот, резервна завртка за зумот

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина