Приказ на објективот од левата страна
Приказ на објективот од левата страна
Приказ на објективот од горната страна
Приказ на објективот од десната страна
Приказ на објективот од долната страна
Приказ на објективот од предната страна, прикачен на фотоапарат
Слика од логото на G Master
Дознајте повеќе за G Master
Еволуиран објектив G Master со F2,8 и телефото зум

Максималната моќ на најновата технологија за објективи од Sony нуди спој од неверојатна резолуција и извонредно дефокусирање во најлесниот објектив G Master со голема решетка и телефото зум во светот. Одликувајќи се со значително подобри перформанси за AF, FE 70-200 мм F2,8 GM OSS II го реализира целосниот потенцијал на денешните напредни куќишта за фотографирање и снимање.

FE 70-200 мм GM F2,8 OSS II
FE 70-200 мм F2,8 GM OSS II Галерија со фотографии
Шумски пејзаж
Ненадминат квалитет на слика

Квалитетот на слика е извонреден низ целиот опсег на зумирање при сите фокусни растојанија. Два асферични елементи и еден елемент XA (екстремно асферичен) за висока резолуција низ целата површина на сликата. Два елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија), два елементи од супер ED-стакло и еден асферичен ED-елемент за минимална хроматска аберација, како и анти-рефлективен нано слој II од Sony за спречување одблесоци и отсјај. Достапни се телеконвертори од 1,4x и 2x со високи перформанси.

Десно око на човек гледа нанапред
Прекрасен ефект на дефокусирање со G Master

Одличниот ефект на дефокусирање со G Master се добива преку напреден оптички дизајн, решетка F2,8 и нова форма на решетката со 11 ливчиња. XA-елементот произведен со прецизност на површината од 0,01 микрони го елиминира прстенестиот ефект на дефокусирање, а новата решетка придонесува за природен и кружен ефект на дефокусирање. Одличен е и ефектот на дефокусирање одблиску, со минимално фокусно растојание од само 0,4 метри (1,32 ft) при 70 мм и 0,82 метри (2,69 ft) при 200 мм.

Слика од четири линеарни XD-мотори
Брзиот и прецизен AF поддржува креативно фотографирање

Четирите оригинални линеарни мотори XD (екстремно динамички) на Sony нудат висока ефикасност што ја зголемува брзината на AF до 4x во споредба со претходниот модел. При следење на тркач на кратки растојанија кој се приближува накај вас, на пример, следењето при зумирањето е подобрено за прибл. 30% во споредба со претходниот модел, а тоа значително ги зголемува шансите за снимање на вашата слика. 

Професионални функции за снимање

Најновата технологија за објективи ги намалува промените во фокусната должина, поместувањата на фокусот при зумирање и поместувањата на оската при зумирање. Линеарните XD-мотори и новата решетка придонесуваат за тивко функционирање. Овој објектив има и прстени за независна контрола на фокусот, зумот и ирисот, со преклопник за вклучување/исклучување звук на прстенот за решетката. Функцијата за MF со линеарен одзив од Sony нуди брза, директна и рачна контрола на фокусот.

Фотограф фотографира натпревар во одбојка на плажа
Најлесен во својата класа

Овој објектив нуди оптика со неверојатен квалитет и AF вградени во најлесниот објектив со зум од 70-200 мм и F2,8 во светот. Линеарните XD-мотори и компонентите на цилиндарот од магнезиумска легура создаваат вкупна тежина од само 1045 грама (36,9 oz); прибл. 29% помалку од претходниот модел. Напредниот дизајн ја подобрува рамнотежата, а фиксната должина на цилиндарот придонесува за лесно и брзо ракување.

Слики од производот што ги прикажуваат положбите на чекорите за ирисот, прстенот за фокусирање и заклучувањето на ирисот
Професионална контрола и сигурност

Флексибилната контрола на фокусот е можна преку функции како постојан DMF, MF со линеарен одзив и ограничувач на опсегот на фокусирање. Прстенот за решетката со опција за звук при користење и заклучувањето на ирисот нудат поголема контрола на експозицијата. Стабилизацијата на слика со РЕЖИМ 1, РЕЖИМ 2 и РЕЖИМ 3 создава остри слики, а дизајнот отпорен на прав и влага и предниот елемент обложен со флуорин нудат максимална сигурност во лоши опкружувања.

Слика од конфигурација на објективи
Конфигурација на објективи 

Серијата објективи G Master нуди обработка на слика и изразување на нивоа кои досега не биле возможни, со комбинација од висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање

[1] Екстремно асферична леќа (XA) [2] Асферична леќа [3] Асферична леќа ED (исклучително мала дисперзија) [4] Супер ED-стакло [5] ED (исклучително мала дисперзија)

Слика од табела за MTF
Табела MTF 

MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.

[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] При 70 мм / макс. решетка [4] При 70 мм / решетка F8 [5] При 200 мм / макс. решетка [6] При 200 мм / решетка F8 [7] Просторна фреквенција [8] 10 пара линии / мм [9] 30 пара линии / мм [10] R: Радијални вредности T: Тангентни вредности

Контроли на објективот
Слика од Контроли на објективот на левата страна

[1]Прстен за фокус [2]Задржување фокус [3]Прстен за зум [4]Прстен за решетка [5]Режим на фокусирање [6]Постојан DMF [7]Ограничувач на фокус [8]Преклопник за компензација [9]Режим на компензација [10]Преклопник за ЗАКЛУЧУВАЊЕ ИРИС [11]Прстен за статив

Слика од Контроли на објективот на десната страна

[12] Индекс за монтирање [13] Приклучок за статив [14] Преклопник за звук на решетката

Компатибилност со FE 70-200 мм F2,8 GM OSS II

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

Спецификации и функции

  • Објектив со телефото зум од врвната серија G Master

  • XA-елемент, две супер ED-стакла и две ED-стакла за висока резолуција низ целиот опсег на зумирање.

  • Линеарните XD-мотори се одликуваат со одличен одзив и мали вибрации за брз, прецизен и тивок AF

  • Анти-рефлективниот нано слој II од Sony ги минимизира одблесоците и отсјајот

  • Ракување, преносливост и сигурност за професионалните потреби за снимање.

Минимално фокусно растојание
0,4-0,82 м (1,32-2,69 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,3
Пречник на филтерот (мм)
77
Тежина
1045 гр.(36,9 oz.) (без приклучок за статив)

Што има во пакетот

Сенило (модел): ALC-SH167, Предно капаче за објектив: ALC-F77S, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Мека торбичка, Приклучок за статив

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина