FE 50мм F1,2 GM
Овој примарен објектив G Master со 50 мм и F1,2 е сон за сите креатори на содржини. Максималната решетка F1,2 не само што овозможува фотографирање во различни услови на осветлување, туку и нуди комбинација од висока резолуција, прекрасно дефокусирање со G Master и брз AF. Исто така, многу е лесен и компактен и нуди поголема креативна слобода.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Компактниот и лесен FE 50 мм F1,2 GM е идеален избор за креаторите. Елементите XA (екстремно асферични) и другите напредни технологии создаваат извонредна резолуција и контраст низ целата површина на сликата. Анти-рефлективниот нано слој II од Sony ги елиминира одблесоците и отсјајот, а лебдечкиот механизам за фокусирање овозможува оптимална острина на секое фокусно растојание.
XA-елементите и врвната контрола на сферичната аберација уште во фазите на дизајнирање и производство овозможуваат прекрасен ефект на дефокусирање со G Master што навистина ги истакнува портретите и другите субјекти, особено со малата длабочина на поле при максималната решетка F1,2. Кружната решетка со 11 ливчиња овозможува прекрасен ефект на кружно дефокусирање.
Фокусот е брз и прецизен дури и при мала длабочина на поле со 50 мм и F1,2. Четирите линеарни XD-мотори ги позиционираат големите и тешки групи на елементи за фокусирање за да добиете брз и прецизен AF. Технологијата за објективи со E-приклучок од Sony овозможува максимални перформанси со куќиштата со E-приклучок, и за фотографирање и за снимање.
Со дијаметар 87 мм (3-1/2 инчи), должина 108 мм (4-3/8 инчи) и тежина 778 грама (27,5 oz.), FE 50 мм F1,2 GM ги надополнува куќиштата со E-приклучок и високи перформанси за да создаде систем што ќе овозможи врвна преносливост и ракување. Три XA-елементи и четири линеарни XD-мотори во објектив со голема решетка што е неверојатно компактен и нуди извонреден креативен потенцијал.
Две копчиња за задржување на фокусот, режим за фокусирање, прстен за фокусирање, прстен за решетката со звучни сигнали и други контроли за непречено ракување. На копчињата за задршка на фокусот може да им доделите други функции. MF со линеарен одзив му овозможува на прстенот за фокусирање да реагира линеарно на контролата за рачен фокус. Отпорноста на прав и влага и слојот со флуор ја зголемуваат сигурноста.
Серијата објективи G Master нуди обработка на слика и изразување на нивоа кои досега не биле возможни, со неверојатна комбинација од екстремно висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање.
[1] Екстремно асферичен објектив (XA-објектив)
[1] Контраст (%) . [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
[1] Прстен за фокусирање [2] Копче за задржување на фокусот [3] Прстен за решетката [4] Преклопник за режими на фокусирање [5] Индекс на решетката
[6] Преклопник за звук на решетката
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.
За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,4 м (1,32 ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0.17
- Пречник на филтерот (мм)
- 72
- Тежина
- 778 гр. (27,5 oz.)
Што има во пакетот
Сенило (модел): ALC-SH163, Предно капаче за објектив: ALC-F72S, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Мека торбичка, Лента за торбичка
Оценки и награди
Корисниците велат