Слика од FE 400 мм F2,8 GM OSS
Слика од FE 400 мм F2,8 GM OSS
Слика од FE 400 мм F2,8 GM OSS
Слика од FE 400 мм F2,8 GM OSS
Слика од FE 400 мм F2,8 GM OSS

Видео за функциите на производот FE 400 мм F2,8 GM OSS

G Master

Дознајте повеќе за објективот G Master

Извонреден телефото објектив со F2,8 од иновативната серија G Master

Овој извонреден телефото објектив е опремен со најнапредните технологии за објективи на Sony и нуди неверојатна брзина, извонредна резолуција на серијата G Master и дефокусирање, плус професионална контрола и сигурност. Освен тоа, SEL400F28GM е неверојатно лесен супер телефото објектив што нуди ненадмината слобода при рачното фотографирање.

Галерија со фотографии за FE 400 мм F2,8 GM OSS

Брзина што ги максимизира перформансите на фотоапаратот

Брзина што ги максимизира перформансите на фотоапаратот

Новите XD (екстремно динамички) линеарни мотори нудат поголема моќ од стандардните видови, односно 5x поголеми перформанси за следење објекти во движење со тековните и идните куќишта на фотоапарати. Два од овие нови мотори и новосоздадените алгоритами тивко ги придвижуваат големите елементи на објективот со најголема брзина и прецизност досега. Искористете ја максималната брзина на напредните фотоапарати за снимање слики од најбрзите спортови или диви животни.

Неверојатна резолуција и дефокусирање со G Master

Неверојатна резолуција и дефокусирање со G Master

Високите стандарди на дизајнот обезбедуваат неверојатна резолуција и во рабовите на сликите. Трите елементи со флуорит ја намалуваат хроматската аберација. Сферичната аберација се контролира при дизајнирањето и производството за да се добие најквалитетно дефокусирање. Поддржани се изборни телеконвертори од 1,4x и 2,0x со високи перформанси кои нудат неверојатна резолуција и контраст, дури и при 800 мм.

Најлесен објектив во светот што тежи 2.895 грама

Неверојатно мала тежина од само 2.895 грама (102.2 унци)

Иновативниот оптички дизајн што содржи три елементи со флуорит го намалува бројот на елементи во предниот дел на цилиндарот на објективот за да се намали тежината до 2.895 грама (102,2 унци). И компонентите од легура од магнезиум ја намалуваат тежината. Одлична преносливост, ракување и идеална рамнотежа за брзо користење при рачно фотографирање или фотографирање со статив.

Издржливост и сигурност во лоши услови

Издржливост и сигурност во лоши услови

Дизајнот отпорен на прав и влага нуди сигурност за употреба во лоши услови. Легурата од магнезиум што се користи за надворешниот дел на цилиндарот на објективот, приклучокот за статив и внатрешните компоненти на цилиндарот нуди голема издржливост и помала тежина. Предниот елемент на објективот има слој од флуор за заштита од нечистотии што овозможува полесно бришење на нечистотиите и отпечатоците од прсти.

Функции за професионално фотографирање

Функции за професионално фотографирање

Постојаниот DMF го активира рачниот фокус со завртување на прстенот за фокусирање, дури и во режимот AF-C. Оптичката стабилизација на слика е вградена, а новиот режим 3 има напреден алгоритам за оптимална стабилизација на брзите спортски случувања, како и полесно обликување на кадарот. Четирите копчиња за задржување на фокусот и прстенот за фокусирање со MF со линеарен одзив го олеснуваат ракувањето.

Конфигурација на објективи

Конфигурација на објективи

Серијата објективи G Master нуди обработка на слика и изразување на нивоа кои досега не биле возможни, со неверојатна комбинација на екстремно висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање.

[1] Објектив со флуорит [2] ED-стакло 

MTF табела

MTF табела

MTF објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.

[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] R: Радијални вредности T: Тангентни вредности

Контроли на објективот

1. Прстен за фокусирање / 2. Прстен за функции / 3. Прстен за поставување на статив / 4. Копче за задржување на фокусот / 5. Држач за внатрешен филтер / 6. Отвор за лента / 7. Преклопник на прстенот за поставување на статив / 8. Сигурносен отвор (може да се прикачи сигурносна жица) 

Контроли на објективот

1. Преклопник за режим на фокусирање/ 2. Преклопник за постојан DMF/ 3. Ограничувач на опсег на фокусирање/ 4. Прстен за функции/ 5. Копче SET/ 6. Преклопник за компензација/ 7. Преклопник за режим на компензација/ 8. Преклопник за звучен сигнал

Компатибилност со FE 400 мм F2,8 GM OSS

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.

Спецификации и функции
  • Извонреден телефото објектив со голем отвор на блендата од врвната серија G Master

  • Новосоздадениот XD-линеарен мотор нуди екстремно брз, прецизен и тивок AF

  • Три објективи со флуорит за неверојатна резолуција

  • Анти-рефлексивниот нано слој од Sony ги елиминира одблесоците и отсјајот

  • Постојан DMF и други функции наменети за потребите при професионално фотографирање

Минимално фокусно растојание
2,7 м (8,86 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,16
Пречник на филтерот (мм)
40,5 (со вметнување)
Тежина
2895 гр. (102,2 oz.)

Што има во пакетот

Сенило (модел): ALC-SH155, Предно капаче за објектив: Испорачан, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Тврда торбичка, Лента за објектив, Лента за торбичка

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина