FE 35 мм F1,8
Одликувајќи се со неверојатен квалитет на слика при максимална решетка од F1,8, овој компактен, лесен и примарен објектив од 35 мм за фотоапарати од тип за целосна слика нуди разновидна примена. Брзиот, прецизен и тивок AF и сигурното следење со AF го прават соодветен и за снимање и за фотографирање.
Погледнете видеозапис
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Овој објектив со голема решетка тежи само 280 гр. (9,9 oz.) и има дијаметар од само 65,6 мм и должина од 73 мм. Практичноста и преносливоста се надополнети со извонреден квалитет на слика, па затоа е одличен избор за снимање и фотографирање. Објективот е од тип за целосна слика, но се користи и со куќишта од типот APS-C, а притоа нуди фокусна должина од 52,5 мм што е идеална за портрети и секојдневни фотографии.
Објективот има асферичен елемент за намалување на оптичката аберација и создавање висока резолуција низ целата слика. Достапно е и меко дефокусирање доколку ви е потребно, благодарение на механизмот со кружна решетка и 9 сечила што придонесува за природен изглед на светлите тонови. Минималното фокусно растојание од 0,22 м (0,73 ft.) и максималното зголемување од 0,24x го прават објективот практичен и за снимки одблиску.
Копчето за задржување на фокусот нуди лесна контрола за задршка на фокусот, но може и да му доделите други функции од менито што се отвора преку куќиштето на фотоапаратот. Објективот има и преклопник за режим на фокусирање што овозможува моментално избирање помеѓу автоматски и рачен фокус. Дизајнот е отпорен на прав и влага и нуди максимална сигурност во опкружувања со лоши услови.
Фокусот е најважен фактор за малата длабочина на поле со решетка од F1,8. Брзиот одзив и прецизноста на линеарниот мотор за AF на објективот овозможува брз, прецизен и тивок автоматски фокус. Неверојатните перформанси на AF се достапни и за видеоснимки за кои се применува „наизменично придвижување“ заради прецизна и континуирана контрола на фокусот.
Импресивни оптички перформанси за фотоапарати од Sony со прецизен дизајн за разновидни опции и сигурност со широка примена.
[1] Асферичен објектив
MTF објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности
1. Прстен за фокусирање 2. Копче за задржување на фокусот 3. Преклопник за режими на фокусирање
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.
За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,22 м (0,73 ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0.24
- Пречник на филтерот (мм)
- 55
- Тежина
- 280 гр. (9,9 oz.)
Што има во пакетот
Сенило (модел): ALC-SH159, Предно капаче за објектив: ALC-F55S, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM