FE 35 мм F1,4 GM
Најнапредните технологии на Sony се вградени во овој објектив со E-приклучок и високи перформанси што нуди врвна резолуција и дефокусирање од класата на G Master со извонредно брз и прецизен AF. Како објектив од 35 мм со голема решетка, тој е компактен и соодветен за ситуации во кои е неопходна комбинација од преносливост и врвен квалитет.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Дизајнот G Master со два XA-елементи ги искористува придобивките од малото растојание до сензорот за да обезбеди врвен контраст и резолуција. Врвниот оптички квалитет на објективот е дополнително подобрен со елемент од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) што ја намалува хроматската аберација и со анти-рефлективен нано слој II од Sony што овозможува врвна острина на сликата во секакви услови на осветлување.
Иако содржи два прецизни XA-елементи (екстремно асферични) и го нуди неверојатниот квалитет на G Master, овој компактен објектив може лесно да го држите во рака и тежи само 524 гр. (18,5 oz). FE 35 мм F1,4 GM нуди одлично ракување и преносливост во најразлични опкружувања и ситуации за фотографирање.
XA-елементите го намалуваат прстенестиот ефект на дефокусирање, механизмот со решетка со 11 ливчиња создава приближно кружна решетка, а врвната контрола на сферичната аберација уште во фазите на дизајнирање и производство овозможува прекрасни ефекти на дефокусирање при F1,4. Подобрувањата во дизајнот и производството овозможуваат минимално фокусно растојание од 27 см (0,89 ft) и максимално зголемување од 0,23x.
Двата линеарни мотори XD од Sony нудат висока ефикасност каква што е потребна за брз, прецизен и тивок AF со следење за максимално да ги искористат придобивките од системот со E-приклучок. Најсовремените алгоритми за контрола создадени специјално за линеарните мотори XD ги минимизираат вибрациите и шумот, а MF со линеарен одзив од Sony овозможува директно и линеарно рачно фокусирање.
Копчето за задржување на фокусот, прстенот за фокусирање и другите контроли придонесуваат за рамномерно и ефикасно ракување. На копчето за задржување на фокусот може да доделите многу други функции преку менито на фотоапаратот. Слојот со флуор на предниот елемент на објективот и дизајнот што е отпорен на прав и влага овозможуваат сигурно користење во опкружувања со лоши услови.
Објективите G Master нудат повисоки нивоа на обработка на слика и изразување, со екстремно висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање на заднината.
[1] Екстремно асферичен објектив (XA-објектив) [2] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)
MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
1. Прстен за фокусирање / 2. Копче за задржување на фокусот / 3. Прстен за решетката / 4. Преклопник за режими на фокусирање / 5. Индекс на решетката / 6. Преклопник за звук на решетката
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.
За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,27 м (AF), 0,25 м (MF) (0,89 ft (AF), 0,82 ft (MF))
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- x 0,23 (AF) x 0,26 (MF)
- Пречник на филтерот (мм)
- 67
- Тежина
- 524 гр. (18,5 oz.)