Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
Илустрација
Дознајте повеќе за G Master
Мал објектив од 35 мм со голема решетка

Најнапредните технологии на Sony се вградени во овој објектив со E-приклучок и високи перформанси што нуди врвна резолуција и дефокусирање од класата на G Master со извонредно брз и прецизен AF. Како објектив од 35 мм со голема решетка, тој е компактен и соодветен за ситуации во кои е неопходна комбинација од преносливост и врвен квалитет.

Компактен примарен објектив G Master од 35 мм со F1,4
Галерија со фотографии за FE 35 мм F1,4
Слика за пример
Врвна резолуција со компактен примарен објектив од 35 мм

Дизајнот G Master со два XA-елементи ги искористува придобивките од малото растојание до сензорот за да обезбеди врвен контраст и резолуција. Врвниот оптички квалитет на објективот е дополнително подобрен со елемент од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) што ја намалува хроматската аберација и со анти-рефлективен нано слој II од Sony што овозможува врвна острина на сликата во секакви услови на осветлување.

Слика од користење
Лесен и компактен за одлично ракување и преносливост

Иако содржи два прецизни XA-елементи (екстремно асферични) и го нуди неверојатниот квалитет на G Master, овој компактен објектив може лесно да го држите во рака и тежи само 524 гр. (18,5 oz). FE 35 мм F1,4 GM нуди одлично ракување и преносливост во најразлични опкружувања и ситуации за фотографирање.

Слика за пример
Подобрено дефокусирање и разновидни опции со G Master

XA-елементите го намалуваат прстенестиот ефект на дефокусирање, механизмот со решетка со 11 ливчиња создава приближно кружна решетка, а врвната контрола на сферичната аберација уште во фазите на дизајнирање и производство овозможува прекрасни ефекти на дефокусирање при F1,4. Подобрувањата во дизајнот и производството овозможуваат минимално фокусно растојание од 27 см (0,89 ft) и максимално зголемување од 0,23x.  

Слика за пример
XD-линеарни мотори за брз, прецизен и тивок AF со следење

Двата линеарни мотори XD од Sony нудат висока ефикасност каква што е потребна за брз, прецизен и тивок AF со следење за максимално да ги искористат придобивките од системот со E-приклучок. Најсовремените алгоритми за контрола создадени специјално за линеарните мотори XD ги минимизираат вибрациите и шумот, а MF со линеарен одзив од Sony овозможува директно и линеарно рачно фокусирање.

Слика на која е прикажан преклопникот за режим на фокусирање и слика на која е објаснет дизајнот отпорен на прав и влага
Професионална контрола и сигурност

Копчето за задржување на фокусот, прстенот за фокусирање и другите контроли придонесуваат за рамномерно и ефикасно ракување. На копчето за задржување на фокусот може да доделите многу други функции преку менито на фотоапаратот. Слојот со флуор на предниот елемент на објективот и дизајнот што е отпорен на прав и влага овозможуваат сигурно користење во опкружувања со лоши услови.

Слика од конфигурација на објективи
Конфигурација на објективи

Објективите G Master нудат повисоки нивоа на обработка на слика и изразување, со екстремно висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање на заднината.

[1] Екстремно асферичен објектив (XA-објектив) [2] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)

Функција за пренос на модулација на SEL35F14GM
MTF табела

MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.

[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности

Контроли на објективот

1. Прстен за фокусирање / 2. Копче за задржување на фокусот / 3. Прстен за решетката / 4. Преклопник за режими на фокусирање / 5. Индекс на решетката / 6. Преклопник за звук на решетката

Компатибилност на FE 35 мм F1,4

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.

Спецификации и функции

  • Врвен, широкоаголен и примарен објектив од серијата G Master

  • XA-елементи и елементи од ED-стакло за висока резолуција низ целата површина на сликата

  • Анти-рефлективниот нано слој II од Sony ги елиминира одблесоците и отсјајот

  • Линеарните XD-мотори се одликуваат со одличен одзив и мали вибрации за брз, прецизен и тивок AF

  • Копче за задржување на фокусот и други функции за потребите за професионално фотографирање

Минимално фокусно растојание
0,27 м (AF), 0,25 м (MF) (0,89 ft (AF), 0,82 ft (MF))
Максимален сооднос на зголемување (x)
x 0,23 (AF) x 0,26 (MF)
Пречник на филтерот (мм)
67
Тежина
524 гр. (18,5 oz.)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Корисниците велат