Слика од FE 28-70мм F3,5-5,6 OSS
Слика од FE 28-70мм F3,5-5,6 OSS

Целосна слика, врвни перформанси

FE 28–70мм F3,5–5,6 OSS стандарден зум (SEL2870)

Нудејќи комбинација од импресивни оптички перформанси со лесен и компактен дизајн, SEL2870 претставува идеален секојдневен објектив. Популарниот опсег на зумирање од 28–70мм опфаќа широка примена, почнувајќи од пејзажи па сè до портрети и брзи слики. Вградената оптичка стабилизација на слика SteadyShot нуди остри слики без шум.

Објекти за целосна слика со E-приклучок

Овој објектив, во комбинација со фото апарат за целосна слика со E-приклучок од Sony, нуди моќни перформанси за фотографирање во неверојатно компактен и практичен пакет.

Достапен е нов софтвер.

Посетете го веб-сајтот за поддршка на Sony за да добиете најнови софтверски ажурирања.

Снимајте рамномерни слики без заматување

Вградената оптичка SteadyShot™ стабилизација на сликата сместена во објективот обезбедува рамномерни незаматени фотографии и видео записи при рачното снимање.

Кружна решетка за дефокусирање

Рамномерно дефокусирање

Наместо стандардна решетка за објектив во форма на правоаголник, овој објектив се одликува со кружна решетка со 7 ливчиња која овозможува добивање на природно и заоблено дефокусирање или ефекти на заматување.

Префинети оптички перформанси

Асферичните елементи на објективот ги минимизираат изобличувањата, додека ED (исклучително мала дисперзија) стаклените елементи овозможуваат врвен контраст, резолуција и веродостојност на боите.

Спецификации и функции
  • Лесен и компактен објектив од 35мм за целосна слика со стандарден зум

  • Опсег на зумирање од 28-70мм и решетка од F3,5–5,6

  • Вградена оптичка SteadyShot стабилизација на слика

  • Кружна решетка со 7 ливчиња за прекрасно дефокусирање

  • Дизајн кој е отпорен на прав и влага

Минимално фокусно растојание
0,3-0,45 м (0,99-1,48 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,19x
Пречник на филтерот (мм)
55мм
Тежина
295 гр. (10,5 oz.)

Што има во пакетот

Сенило за објектив (ALC-SH132: во форма на цвет, во вид на бајонет), Предно капаче за објектив, Задно капаче за објектив

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина