VARIO-TESSAR T* FE 24-70MM F4 ZA OSS

Сите спецификации и функции

SEL2470Z

Спецификации на објектив

Додаток
E приклучок од Sony
Формат
35 мм за целосна слика
Фокусна должина (мм)
24-70мм
Еквивалентна фокусна должина од 35 мм (APS-C)
36-105мм
Групи / елементи на објектив
10/12
Агол на гледање (35мм)
84°-34°
Агол на гледање (APS-C)
61°-23°
Максимален отвор на бленда (F)
4
Минимална решетка (F)
22
Ливчиња на решетката
7
Кружна решетка
Да
Минимално фокусно растојание
0,4 м (1,32 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,20x
Пречник на филтерот (мм)
67мм
Стабилизација на слика (SteadyShot)
Оптички SteadyShot

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
73 x 94,5 мм (2-7/8 x 3-3/4 in.)
Тежина
426 гр. (15,1 oz.)

Фусноти

*
„Еквивалент на фокусна должина од 35 мм (APS-C)“ и „агол на гледање (APS-C)“ во дигитален фотоапарат со заменливи објективи и вграден сензор за слика од тип APS-C.

Што има во пакетот

  • Сенило за објектив (ALC-SH130: во форма на цвет, во вид на бајонет)
  • Предно капаче за објектив
  • Задно капаче за објектив
  • Торбичка
Placeholder

Функции

Слика од Vario-Tessar T* FE 24-70мм F4 ZA OSS

Разновиден зум за секојдневно фотографирање

Оптичките перформанси и опсегот од 24 мм до 70 мм на овој Vario-Tessar дизајн од ZEISS® совршено одговараат на компактните куќишта со E-приклучок за целосна слика. Освен извонредниот квалитет на слика кој се задржува при сите фокусни должини, добивате и разновиден опсег на зумирање сместен во компактен објектив кој може да извлече максимум од куќиштата од серија α7 за многубројни предмети.

Слика од Vario-Tessar T* FE 24-70мм F4 ZA OSS

Префинета оптика која нуди неверојатни слики

Пет асферични елементи и еден ED стаклен елемент во најсовремена оптичка патека за намалување на аберацијата и за добивање неверојатна острина и прекрасен приказ низ целиот опсег. Препознатливиот T* слој од ZEISS® ги контролира одблесоците за добивање врвен контраст, а кружната решетка ги надополнува прекрасните дефокусирани заднини со природни светли тонови.

Дознајте повеќе

Слика од Vario-Tessar T* FE 24-70мм F4 ZA OSS

Непроменета експозиција при сите поставки на зумот

Фиксната решетка од F4 при сите фокусни должини му овозможува на корисникот да зумира и фотографира без да се грижи за промените во поставките за експозиција или длабочината на полето, за да се концентрира на сликата наместо на техничките детали.

Слика од Vario-Tessar T* FE 24-70мм F4 ZA OSS

Секогаш остра и јасна слика

Вградената стабилизација на слика со оптички SteadyShot врши компензација за тресењето на фотоапаратот кое може да ги замати сликите при рачно фотографирање. Острите и јасни ноќни сцени или снимките во затворени простории при слаба осветленост се доловуваат без потреба од засилување на ISO чувствителноста и несакано зголемување на шумот.

Дознајте повеќе

Слика од Vario-Tessar T* FE 24-70мм F4 ZA OSS

Исклучителни бои и контраст

T* слојот од Carl Zeiss® е важен придонесувачки фактор кој ефикасно ја потиснува лажната рефлексија која може да го намали квалитетот на сликата. Се намалуваат одблесоците и отсјајот за подобри бои и контраст кои ѝ даваат длабоко тридимензионално чувство на сликата.

Дознајте повеќе

Слика од Vario-Tessar T* FE 24-70мм F4 ZA OSS

Стаклен елемент со исклучително мала дисперзија

Кај објективите кои се изработени од стандардно оптичко стакло се појавува хроматска аберација при зголемување на фокусната должина. Стаклото со исклучително мала дисперзија (ED) ги спречува овие проблеми и нуди контраст и бои со врвен квалитет низ целата фокусна должина - дури и при голем отвор на блендата.

Дознајте повеќе

Слика од Vario-Tessar T* FE 24-70мм F4 ZA OSS

Кружна решетка со 7 ливчиња

Кружната решетка со 7 ливчиња овозможува да се постигне порамномерно, поприродно дефокусирање на вашите слики. Бидете креативни со уметничко заматување или "bokeh" ефекти, како и поголема контрола на длабочината на полето.

Дознајте повеќе

Слика од Vario-Tessar T* FE 24-70мм F4 ZA OSS

Сигурен и практичен во секакви услови

Дизајнот кој спречува навлегување на прав и влага во објективот гарантира сигурно користење во различни услови.

Дознајте повеќе