FE 24-70 мм F2,8 GM

Сите спецификации и функции

SEL2470GM

Спецификации на објектив

Додаток
E приклучок од Sony
Формат
35 мм за целосна слика
Фокусна должина (мм)
24-70 мм
Еквивалентна фокусна должина од 35 мм (APS-C)
36-105 мм
Групи / елементи на објектив
13 / 18
Агол на гледање (35мм)
84°-34°
Агол на гледање (APS-C)
61°-23°
Максимален отвор на бленда (F)
2,8
Минимална решетка (F)
22
Ливчиња на решетката
9
Кружна решетка
Да
Минимално фокусно растојание
0,38 м
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,24 x
Пречник на филтерот (мм)
82 мм

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
87,6 x 136 мм
Тежина
886 гр.

Што има во пакетот

  • Сенило (ALC-SH141)
  • Предно капаче за објектив (ALC-F82S)
  • Задно капаче за објектив (ALC-R1EM)
  • Торбичка
Placeholder

Функции

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Нова ера на стандардни перформанси при зумирањето

Технологијата и дизајнот без компромиси резултираат со објектив за зумирање со фиксна решетка од F2,8 кој може максимално да го искористи потенцијалот на тековните и идните куќишта на фотоапарати со висока резолуција. Овој стандарден објектив за зумирање има опсег на фокусирање од 24 мм до 70 мм и е идеален избор во случаи кога е потребен врвен квалитет на сликата за портрети, пејзажи, спонтани снимки и многу повеќе.

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Извонредна резолуција и дефокусирање

XA-елементот (екстремно асферичен) на објективот со извонредна прецизност на површината не само што придонесува за неверојатна резолуција низ целата површина и детали низ целиот опсег на зумирање, туку има важна улога во создавање рамномерно и меко дефокусирање што претставува моќна алатка за изразување во најразлични ситуации за фотографирање.

Дознајте повеќе

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Природно рендерирање и бои

ED (исклучително мала дисперзија) елемент и супер ED стаклен елемент во оптичка патека дизајнирана да обезбеди највисоки стандарди, за добивање реалистични и природни слики без вештачки бои, со контрола на хроматската аберација во оските и во заднина и максимизирање на субјективна резолуција за извонредни детали и текстура. 

Дознајте повеќе

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Светла и брза решетка од F2,8 при секоја фокусна должина

Фиксната максимална решетка од F2,8 овозможува едноставно одржување на истите поставки за експозиција низ целиот опсег на зумирање за да ги задржите можностите за снимање при слаба осветленост или брзината на блендата. Извонредниот квалитет на сликата се задржува при сите вредности на решетката и фокусната должина

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Прецизен фокус со голема брзина

Освен позиционирање на објективите со голема решетка и екстремно прецизно фокусирање, системот DDSSM (SSM со директен погон) ги минимизира неправилните движења, а напредниот систем за контрола и подобрените алгоритми ја зголемуваат брзината на AF. Исто така, DDSSM функционира рамномерно и тивко, што одговара и за видеоснимки и за фотографии.

Дознајте повеќе

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Решетката со 9 ливчиња го разубавува дефокусирањето

Неверојатното дефокусирање што го нуди овој објектив дополнително се разубавува со кружната решетка со 9 ливчиња, која освен рамномерност нуди и природни светли тонови.

Дознајте повеќе

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Исклучителна јасност и контраст

Оригиналниот анти-рефлексивен нано слој од Sony ги намалува неправилните рефлектирања што можат да предизвикаат одблесоци и отсјај, особено во ситуации со задно осветлување. Резултатот претставува непроменлив висок контраст и јасност со длабоки црни тонови во најголем можен опсег на различни ситуации за фотографирање. (1. Анти-рефлексивен нано слој / 2.Стакло / 3.Пропуштена светлина)

Дознајте повеќе

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Разновидна и лесно достапна контрола на фокусот

Можноста да одговорите брзо на ситуациите за фотографирање кои постојано се менуваат е од огромно значење за успехот во доловување на снимките. Преклопникот за режим на рачно/автоматско фокусирање и копчето за задржување на фокусот се позиционирани за лесен пристап и нудат разновидна и професионална контрола за голем број објекти и опкружувања. 

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Заклучувањето на зумот ја зголемува преносливоста

Објективите за зумирање можат да се издолжат при транспорт поради нивната тежина, а тоа може да ви пречи и да ја зголеми веројатноста од случајни штети. Преклопникот за заклучување на зумот нуди едноставен и сигурен начин за заклучување на механизмот за зумирање заради безбеден и практичен транспорт.

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Заклучување и откачување на сенилото

Механизмот за заклучување на сенилото спречува ненамерно откачување на сенилото при движење од една во друга локација, а копчето за откачување на сенилото овозможува лесно отстранување и менување на сенилото секогаш кога има потреба за тоа.

Слика од FE 24-70 мм F2,8 GM

Голема сигурност во лоши услови

За максимална заштита и сигурност во опкружувањата со лоши услови е имплементирана дополнителна заштита од прав и влага. Снимајте сигурно во услови кога роси или дува ветер.

Дознајте повеќе