Мост помеѓу сликите и фантазијата
FE 24-240 мм F3,5-6,3 OSS
Опсегот на зумирање до 10x од 24 мм до 240 мм му овозможува на овој објектив да опфати многубројни ситуации за фотографирање, што го прави идеален за патувања каде што малиот багаж е приоритет, за пејзажи, архитектура, снимки, портрети и многу повеќе. Префрлувајте помеѓу широк агол и среден телефото без менување на објективите, така што ќе можете да доловите повеќе неочекувани моменти. Напредната оптика ефикасно ја намалува аберацијата, притоа постигнувајќи висока резолуција низ целата површина на сликата, а прецизниот линеарен мотор го придвижува фокусот за брз и рамномерен одзив. Рачните телефото снимки и фотографирањето при слаба осветленост се потпомогнати од вградената стабилизација на слика со оптички Steadyshot (OSS), а дизајнот е отпорен на прав и влага за сигурно ракување при отежнати услови.
Импресивни оптички перформанси за фотоапарати од Sony со E-приклучок и прецизен дизајн за разновидност и сигурност кој опфаќа широк опсег на примена.
[1] Асферична леќа [2] Стакло ED (исклучително мала дисперзија)
MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] При 24 мм [4] При 240 мм [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Макс. решетка [9] Решетка F8 [10] Радијални вредности [11] Тангентни вредности
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,5-0,8 м (1,64-2,63 ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0,27x
- Пречник на филтерот (мм)
- 72мм
- Тежина
- 780 гр. (27,6 oz.)
Што има во пакетот
Сенило за објектив (ALC-SH136: во форма на цвет, во вид на бајонет), Предно капаче за објектив, Задно капаче за објектив