Сите спецификации и функции
Спецификации на објектив
- Додаток
- E приклучок од Sony
- Формат
- 35 мм за целосна слика
- Фокусна должина (мм)
- 14
- Еквивалентна фокусна должина од 35 мм (APS-C)
- 21
- Групи / елементи на објектив
- 11-14
- Агол на гледање (35мм)
- 114°
- Агол на гледање (APS-C)
- 91°
- Максимален отвор на бленда (F)
- 1.8
- Минимална решетка (F)
- 16
- Ливчиња на решетката
- 9
- Кружна решетка
- Да
- Минимално фокусно растојание
- 0,25 м (0,82 ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0.1
- Пречник на филтерот (мм)
- -
- Стабилизација на слика (SteadyShot)
- - (вградено во куќиштето)
- Компатибилност за телеконверзија (x1,4)
- -
- Компатибилност за телеконверзија (x2,0)
- -
- Тип на сенило
- Во форма на цвет, од фиксен тип
Големина и тежина
- Димензии (диј. x дол.)
- 83 × 99,8 мм (3 3/8 × 4 инчи)
- Тежина
- 460 гр. (16,3 oz.)
Што има во пакетот
- Предно капаче на објективот: вклучено
- Задно капаче за објектив: ALC-R1EM
- Мека торбичка
- Шаблон за филтри

Функции
Нови перспективи од ремек-делото со 14 мм и F1,8
Овој извонредно широкоаголен и примарен објектив со голема решетка нуди G Master-квалитет со иновативен дизајн што е неверојатно компактен. Технологијата што е водечка во индустријата нуди врвна резолуција и одлично дефокусирање дури и при максималната решетка F1,8. Брзиот и прецизен AF и одличната преносливост и контрола ви нудат слобода каква што заслужува вашата креативна замисла.
Неверојатна резолуција дури и при F1,8
Двата XA-елементи (екстремно асферични) во дизајнот на G Master создаваат неверојатна резолуција низ целата површина на сликата, дури и при максималната решетка F1,8. Елементот од супер ED-стакло (исклучително мала дисперзија) и двата елементи од ED-стакло темелно го елиминираат разлевањето на боите, а напредниот оптички дизајн го минимизира сагиталниот отсјај заради идеален приказ на точкестите извори на светлина.
Светол, извонредно широк и неверојатно компактен
Иновативниот оптички дизајн на G Master со прецизни асферични елементи, вклучувајќи два извонредно прецизни XA-елементи, заедно со двата најсовремени линеарни XD-мотори од Sony создаваат извонредни перформанси во неверојатно компактен објектив што тежи само 460 грама. Носете го овој објектив насекаде и обликувајте го светот со нови и креативни перспективи.
Прекрасен приказ на ноќни неба
Напредната оптика со преден XA-елемент (екстремно асферичен) со висока крива ги минимизира сагиталните одблесоци при фотографирање ѕвездени неба и други ноќни сцени. Големата максимална решетка F1,8 овозможува фотографирање при слаба осветленост без употреба на екстремно мали брзини на блендата, а компактната форма овозможува лесно фотографирање насекаде.
Јасни бои што не се прелеваат
Двата елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија), што ефикасно ја коригираат хроматската аберација, се надополнети со елемент од супер ED-стакло кој што нуди уште поголема хроматска компензација за да добиете одличен контраст и прецизен приказ низ целата површина на сликата.
Прекрасно и извонредно широко дефокусирање
Овој уникатен и извонредно широкоаголен објектив со механизам со кружна решетка со 9 ливчиња и оптимална примена на два XA-елементи ви овозможува да ги истакнете субјектите со динамички перспективи одблиску и да создадете прекрасно дефокусирање на длабоките и пространи заднини.
Анти-рефлективен нано слој II за максимална острина
Сонцето често е во несоодветна положба кога фотографирате на отворено со извонредно широкоаголен објектив, па затоа понекогаш предизвикува несакани одблесоци и отсјај. Оригиналната технологија за анти-рефлективен нано слој II од Sony создава еднаква облога врз површините на објективот што спречува рефлектирање, за ефикасно намалување на одблесоците и отсјајот во услови со несоодветно осветлување.
Динамички слики одблиску со прекрасен ефект на дефокусирање
Двата XA-елементи и едниот асферичен елемент во внимателно дизајнираниот оптички систем нудат минимално фокусно растојание од само 0,25 м за да можете да се доближите и да снимате динамички слики одблиску, а притоа да ја искористите максималната решетка F1,8 за да создадете прекрасно дефокусирање на заднината.
Прецизен и тивок AF за фотографии и видеоснимки
Двата линеарни мотори XD (екстремно динамички) брзо и прецизно ги позиционираат големите и тешки фокусни групи на овој објектив за да овозможат брз, прецизен и тивок AF што максимално ќе го искористи потенцијалот за брзина на куќиштата со E-приклучок. Тивкиот AF со мали вибрации е огромна придобивка при снимање видео, а компактната преносливост и брзиот одзив овозможуваат неограничена креативна слобода.
Приспособливо копче за задржување на фокусот
На копчето за задржување на фокусот можат да му се доделат различни функции преку интерфејсот на фотоапаратот во зависност од различните потреби за фотографирање. На пример, може да му ја доделите функцијата за зголемување на фокусот, за лесна контрола на зголемување на фокусот и прецизен рачен фокус.
Интуитивна контрола на рачниот фокус
MF со линеарен одзив му овозможува на прстенот за фокусирање да реагира директно и линеарно за дискретна контрола при рачното фокусирање. Ротацијата на прстенот за фокусирање директно се претвора во соодветна промена на фокусот, слично на одзивот на механичките системи за фокусирање. Контролата е моментална и прецизна, па така вашата креативна намера ќе се реализира без доцнење.
Прстен за решетката со преклопник за звук
Прстенот за решетката овозможува интуитивна контрола на решетката, со звучен сигнал за избор на чекори што може да се вклучи или исклучи според потребите. Вклучете го звучниот сигнал за избор на чекори за да добиете повратен ефект што ќе го „почувствувате“ при избирањето на чекорите или, пак, исклучете го ако ви треба рамномерна, континуирана и бесшумна контрола на решетката, овозможена од линеарните XD-мотори на објективот.
Извонредна сигурност во сите прилики
Освен слојот со флуор на предниот елемент што е отпорен на вода, масло и други контаминирачки материи, и задниот елемент е обложен со флуор за да спречи валкање на површината при менување на задниот филтер. Дизајнот што е отпорен на прав и влага ви нуди максимална сигурност кога го користите овој извонредно широкоаголен објектив со голема решетка во лоши надворешни услови.