Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
G Master
Дознајте повеќе за G Master
Нови перспективи од ремек-делото со 14 мм и F1,8

Овој примарен објектив со голема решетка нуди G Master-квалитет со иновативен и компактен дизајн. Напредната технологија нуди врвна резолуција и одлично дефокусирање дури и при максималната решетка F1,8. Додајте брз и прецизен AF и извонредна преносливост и ќе добиете објектив што може да долови нови перспективи од секојдневните сцени.

Уникатен примарен објектив G Master со 14 мм и F1,8
Галерија со фотографии од FE 14 мм F1,8 GM
Слика од ентериер на голема библиотека со добро осмислен дизајн со многу прави дрвени греди на таванот, со одлична резолуција низ целиот екран
Прекрасна резолуција низ целата слика дури и со F1,8

Двата XA-елементи во дизајнот што ги задоволува високите стандарди на G Master создаваат неверојатна резолуција низ целата слика со максималната решетка F1,8. Елементот од супер ED-стакло и двата елементи од ED-стакло го елиминираат разлевањето на боите за да овозможат неверојатна острина и јасност низ целата слика, а анти-рефлективниот нано слој II од Sony ефикасно ги намалува одблесоците и отсјајот.

Слика од SEL14F18GM држен во десна рака
Извонредно широки перспективи со голема решетка преку неверојатно компактен објектив

Оптичкиот дизајн на G Master со прецизни асферични елементи, вклучувајќи два извонредно прецизни XA-елементи, заедно со двата најсовремени линеарни XD-мотори од Sony создаваат извонредни перформанси во компактен објектив што тежи само 460 грама. Овој извонредно широкоаголен објектив со голема решетка може да го носите насекаде и да го обликувате светот со нови и креативни перспективи.

Фотографија со ѕвезди на која е прикажан Млечниот Пат врз море
Резолуција и компактна практичност за импресивни ноќни неба

Искористувајќи ја големата решетка и широкиот агол на гледање, оптиката со преден XA-елемент со висока крива ги минимизира сагиталните одблесоци при фотографирање ѕвездени неба и ноќни сцени. Големата максимална решетка F1,8 овозможува фотографирање при слаба осветленост без употреба на екстремно мали брзини на блендата, а компактната форма овозможува лесно фотографирање насекаде.

Слика од мал цвет на карпа во шумата, во фокус, со заматување во преден и заден план
Рамномерно дефокусирање во извонредно широки слики

Овој уникатен и широкоаголен објектив со прецизни XA-елементи, кружна решетка со 9 ливчиња и оптимално коригирана аберација создава прекрасно дефокусирање на заднината без прстенести артефакти. Минималното фокусно растојание е 0,25 м за да можете да се доближите и да правите комбинации од динамички перспективи одблиску со прекрасно дефокусирање на пространи заднини.

Слика од човек кој скока од многу низок агол од подот
Брз, прецизен и тивок AF за фотографии и видеоснимки

Двата линеарни XD-мотори нудат ефикасен погон за прецизно позиционирање на фокусните групи на објективот, овозможувајќи брз, прецизен и тивок AF што ќе го искористи потенцијалот за брзина на куќиштата со E-приклучок. Тивкиот AF со мали вибрации нуди значителна предност при снимањето видео со извонредно широки агли, а преносливоста и брзиот одзив им нудат слобода на креаторите за ефикасна работа со сите субјекти.

Комбинирана слика од производот што ја прикажува конструкцијата отпорна на прав и влага и слојот од флуор
Извонредна сигурност во сите прилики

Освен слојот со флуор на предниот елемент што е отпорен на вода, масло и други контаминирачки материи, и задниот елемент е обложен со флуор за да спречи валкање на површината при менување на задниот филтер. Дизајнот што е отпорен на прав и влага ви нуди максимална сигурност кога го користите овој извонредно широкоаголен објектив со голема решетка во лоши надворешни услови.

Слика од конфигурација на објективи
Конфигурација на објективи

Серијата објективи G Master нуди обработка на слика и изразување на нивоа кои досега не биле возможни, со комбинација од висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање.

[1] Екстремно асферична леќа (XA-леќа) [2] Асферична леќа [3] Супер ED-стакло [4] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)

Функција за пренос на модулација на SEL14G18GM
MTF табела

MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.

[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности

Контроли на објективот

1. Прстен за фокусирање / 2. Копче за задржување на фокусот / 3. Прстен за решетката / 4. Преклопник за режими на фокусирање / 5. Индекс на решетката / 6. Преклопник за звук на решетката

Компатибилност со FE 14 мм F1,8 GM

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.

Спецификации и функции

  • Врвен примарен објектив од серијата G Master со извонредно широк агол

  • XA-елементи, супер ED-стакло и две ED-стакла за висока резолуција низ целата површина на сликата.

  • Извонредно широки перспективи со голема решетка преку неверојатно компактен објектив

  • Линеарните XD-мотори се одликуваат со одличен одзив и мали вибрации за брз, прецизен и тивок AF

  • Копче за задржување на фокусот и други функции за потребите за професионално фотографирање

Минимално фокусно растојание
0,25 м (0,82 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0.1
Пречник на филтерот (мм)
-
Тежина
460 гр. (16,3 oz.)

Што има во пакетот

Предно капаче на објективот: вклучено, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Мека торбичка, Шаблон за филтри

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Оценки и награди

Корисниците велат