Слика од производот 1
Слика од производот 2
Слика од производот 3
Слика од производот 4
Лого G MASTER
Дознајте повеќе за објективите G Master
Извонредно широк објектив со зум од 12-24 мм и F2,8

При максималните 12 мм од опсегот, овој објектив со зум од 12-24 мм и фиксна решетка F2,8 нуди извонредно широк агол на гледање. Иновативниот оптички дизајн и напредните XD-линеарни мотори на Sony нудат неверојатен квалитет на слика од класата на G Master во лесен објектив со брз и прецизен автоматски фокус, рамномерна контрола и голема сигурност.

Објектив G Master со широк агол, голема решетка и зум

Погледнете видеозапис

Галерија со фотографии за FE 12-24 мм F2,8 GM
Светла максимална решетка од F2,8 со зум од 12 мм до 24 мм

Широкиот агол на гледање од 12 мм кај овој повеќенаменски објектив овозможува истакнување на оддалеченоста и создавање динамички перспективи што не може да ги перцепира човечкото око. Збогатете го вашето уметничко портфолио со прекрасни слики.

Сликата е снимена со SEL1224GM
Оптика со најголемиот XA-елемент досега кај α-објективите

Трите XA-елементи (екстремно асферични) и асферичниот елемент сочинуваат иновативен оптички дизајн што нуди резолуција од класата на G Master. Двата елементи од Super ED-стакло (исклучително мала дисперзија) и трите елементи од ED-стакло ја намалуваат хроматската аберација, а новиот анти-рефлективниот нано слој II ги минимизира одблесоците и отсјајот за да добиете јасни и остри слики.

Сликата е снимена со SEL1224GM
Фиксна решетка F2,8

Објективот со зум од 12-24 мм и фиксна максимална решетка F2,8 е идеален за фотографирање ноќни сцени, ѕвездено небо и други предмети при слаба осветленост со мала чувствителност и без потреба од користење екстремно мали брзини на блендата.

Слика од производот завртен налево, прикачен на фотоапарат
Широки агли и голема решетка во мал и лесен објектив со зум

Напредниот оптички дизајн со четири асферични елементи, вклучувајќи три елементи од тип XA, како и механички дизајн со оригинални XD-линеарни мотори од Sony, е вграден во компактен и лесен објектив со зум од 12-24 мм и фиксна решетка F2,8 што нуди врвен квалитет на слика. Идеален е за пејзажи, ноќни сцени, архитектура и им нуди поголема преносливост на фотографите за спорт кои фотографираат со широки агли.

Сликата е снимена со SEL1224GM
XD-линеарни мотори за брз и прецизен AF со сигурно следење

Четирите XD-линеарни мотори придонесуваат за брз и прецизен автоматски фокус и следење што максимално го искористуваат потенцијалот за брзина на фотоапаратите α со високи перформанси. Новите алгоритми за контрола овозможуваат максимален одзив на системот со XD-линеарни мотори и беспрекорна синхронизација помеѓу групите елементи за фокусирање. Ракувањето е тивко, со минимални вибрации.

Слика на која е прикажан преклопникот за режим на фокусирање и слика на која е објаснет дизајнот отпорен на прав и влага
Контрола и сигурност за професионална примена

Копчето за задржување на фокусот, преклопникот за режим на фокусирање, прстенот за зумирање, прстенот за фокусирање и другите контроли се дизајнирани и позиционирани за лесно ракување. На копчето за задржување на фокусот може да се доделат други функции преку поставките на фотоапаратот. Слојот со флуор на предниот елемент на објективот и дизајнот отпорен на прав и влага овозможуваат сигурно користење во лоши услови.

Слика од конфигурација на објективи
Конфигурација на објективи

Објективите G Master нудат обработка на слика и изразување што досега беа недостижни, со комбинација од висока резолуција и ефекти на дефокусирање на заднината
[1] Екстремно асферичен објектив (XA-објектив) [2] Асферичен објектив [3] Super ED-стакло [4]ED-стакло (исклучително мала дисперзија)

Функција за пренос на модулација на SEL1224GM
MTF табела

MTF објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] При 12 мм / макс. решетка [2] При 12 мм / решетка F8
[3] При 24 мм / макс. решетка [4] При 24 мм / решетка F8
[5] Контраст (%) [6] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм)
[7] Просторна фреквенција [8] 10 пара линии / мм [9] 30 пара линии / мм
[10] Радијални вредности [11] Тангентни вредности

Контроли на објективот

1. Прстен за фокусирање / 2. Копче за задржување на фокусот / 3. Прстен за зумирање / 4. Преклопник за режими на фокусирање

Компатибилност со FE 12-24 мм F2,8 GM

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

Спецификации и функции

  • Врвен објектив од серијата G Master со извонредно широк агол и зум

  • Линеарниот XD-мотор се одликува со одличен одзив и мали вибрации за брз, прецизен и тивок AF

  • Три XA-елементи, асферична леќа, две Super ED-стакла и три ED-стакла за висока резолуција низ целиот опсег на зумирање

  • Анти-рефлективниот нано слој II од Sony ги елиминира одблесоците и отсјајот

  • Копче за задржување на фокусот и други функции за потребите за професионално фотографирање

Минимално фокусно растојание
0,28 м (0,92 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,14
Пречник на филтерот (мм)
-
Тежина
847 гр. (29,9 oz.)

Што има во пакетот

Предно капаче на објективот: вклучено, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Торба: да (мека торба за носење), Шаблон за филтри

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина