Слика од FE 12-24mm F4 G
Слика од FE 12-24mm F4 G
Извонредно широк за динамичко просторно изразување

Овој објектив со зум од 12-24 мм се одликува со најмалите фокусни должини достапни кај објективите за целосна слика со E-приклучок и извонредна G Lens резолуција при сите вредности на решетката. Тој претставува одличен избор за снимање динамички пејзажи и архитектура. Неверојатната преносливост и тивкиот, брз и прецизен автоматски фокус го прават идеален за снимање и видеоснимки и фотографии.

FE 12-24mm F4 G
Галерија со фотографии
Висока резолуција при извонредно широки агли
Висока резолуција при извонредно широки агли

Префинета оптика со извонредно широк агол што може да долови пространи сцени со неверојатна резолуција и острина.

Компактен, лесен и пренослив
Компактен, лесен и пренослив

Новиот дизајн значително ја намалува вкупната должина и големината на предниот елемент, а притоа нуди највисоки можни оптички перформанси. Тежи само 565 грама (20 oz.).

Брз и тивок AF за фотографии и видеоснимки
Брз и тивок AF за фотографии и видеоснимки

Овој објектив има напреден механизам за внатрешно фокусирање придвижуван од системот SSM со директен погон (DDSSM) на Sony за брз и прецизен AF со заклучување, како и рамномерно и тивко функционирање.

Контрола на дофат на вашите прсти и сигурност
Контрола на дофат на вашите прсти и сигурност

Прилагодливото копче за задржување на фокусот нуди дополнителни опции за контрола, а дизајнот со отпорност на прав и влага овозможува сигурно ракување дури и во лоши услови.

Слика од конфигурација на објективи
Конфигурација на објективи

Дизајнот на G-објективите од Sony ја нагласува рамнотежата помеѓу високата резолуција и дефокусирањето на заднината што ја подобруваат замислата на уметникот.

[1] Асферична [2] Супер ED-стакло [3] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)

Функција за пренос на модулација на SEL1224G
MTF табела

MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.

[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] При 12 мм [4] При 24 мм [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Макс. решетка [9] Решетка F8 [10] Радијални вредности [11] Тангентни вредности

Контроли на објективот

1. Прстен за зумирање / 2. Копче за задржување на фокусот (прилагодливо) / 3. Сенило за објектив / 4. Прстен за фокусирање / 5. Преклопник за режими на фокусирање 

Компатибилност со FE 12-24mm F4 G

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

Спецификации и функции

  • Широкоаголен објектив со зум G Lens

  • Линеарен мотор за брза контрола со голема прецизност на фокусот на објективот

  • SSM со директен погон за тивка контрола со голема прецизност на фокусот на објективот

  • Анти-рефлексивниот нано слој од Sony ги елиминира одблесоците и отсјајот

  • Дизајн кој е отпорен на прав и влага

Минимално фокусно растојание
0,28 м (0,92 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,14
Пречник на филтерот (мм)
- (не се прикачува)
Тежина
565 гр. (20 oz.)

Што има во пакетот

Предно капаче за објектив: Наменско, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Торбичка

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина