E 11 мм F1,8
Фокусна должина од 11 мм (еквивалент на формат од 35 мм за целосна слика: 16,5 мм) за динамички ултра широки слики, макс. решетка F1,8 за длабоко дефокусирање и тежина од 181 гр. (6,4 oz.). Совршено се комбинира со APS-C-куќиштата и ви овозможува снимање неверојатни фотографии и видеоснимки. Два линеарни мотори за брз и прецизен AF што поддржува фотографии и видеоснимки.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Погледнете видеозапис
APS-C објективите со E-приклучок, во комбинација со α фото апаратите со E-приклучок од Sony,нудат врвни перформанси.
Големата максимална решетка F1,8 нуди прекрасно дефокусирање и создавање длабоки, впечатливи слики. Минималното фокусно растојание од 0,12 метри и максималното зголемување од 0,2x овозможуваат фотографирање одблиску со широкоаголни, рамномерно дефокусирани заднини. Прецизно контролираната сферична аберација и кружната решетка со 7 ливчиња значително го подобруваат дефокусирањето.
Врвната оптика нуди висока резолуција до самите рабови на сликата. Оптималното позиционирање на трите асферични елементи идеално ја коригира кривата на полето и обезбедува одлична резолуција низ целата слика, дури и при максимална решетка. Трите елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) ефикасно ја намалуваат хроматската аберација и мешањето на боите за извонреден квалитет на сликата.
Компактноста и малата тежина на објективот го прават одличен избор за фотоапарати со APS-C-куќишта. Извонредната преносливост и лесното ракување се одлични за долги сесии на рачно фотографирање или користење држач. Комбинацијата на сферични и асферични елементи нуди одлични оптички перформанси во објектив со димензии од само 66 x 57,5 мм (2-5/8 x 2-3/8 in.) и тежина од 181 гр. (6,4 oz.)
Двата линеарни мотора на овој објектив со голема решетка нудат импресивна брзина, прецизен автоматски фокус и следење за фотографирање и снимање. AF и следењето имаат одличен одзив и овозможуваат целосно користење на брзината на куќиштето, така што може тивко и сигурно да ги доловите и брзите или непредвидливи објекти.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Благодарение на аголот на гледање од 11 мм и големата решетка од F1,8, лесно може да доловувате динамички перспективи на објектите пред впечатливи заднини со прекрасно дефокусирање. Напредниот оптички дизајн ги минимизира промените во фокусот и ги намалува несаканите промени во аголот на гледање при снимањето видеоснимки. Овој уникатен извонредно широкоаголен објектив овозможува и користење на предни филтри за дополнителна креативна флексибилност во голем број ситуации за фотографирање.
Иако е мал, овој импресивен објектив нуди неверојатна контрола и сигурност. MF со линеарен одзив нуди моментално рачно фокусирање со природно чувство, а копчето за задржување на фокусот и преклопникот за режими на фокусирање нудат дополнителна контрола над фокусирањето. За максимална сигурност во лоши надворешни услови, тој се одликува со ефикасна отпорност на прав и влага.
Импресивни оптички перформанси за фотоапарати од Sony со прецизен дизајн за разновидност и сигурност кој опфаќа широк опсег на примена.
[1] Асферична леќа [2] Стакло ED (исклучително мала дисперзија)
MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
[1] Прстен за фокусирање [2] Копче за задржување на фокусот [3] Преклопник за режими на фокусирање
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,15 м (AF), 0,12 м (MF) (0,5 ft (AF), 0,4 ft (MF))
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0,13 (AF), 0,20 (MF)
- Пречник на филтерот (мм)
- 55
- Тежина
- 181 гр. (6,4 oz.)