Прескокни до содржина
Слика од FE 100mm F2.8 STF GM OSS
Слика од FE 100mm F2.8 STF GM OSS
Слика од FE 100mm F2.8 STF GM OSS
G Master

Информации за G Master на линкот

STF™ нуди ненадминат ефект на дефокусирање и острина

Овој примарен телефото објектив од 100 мм со среден опсег нуди G Master резолуција и STF (рамномерен премин на фокусот) оптика за прекрасно дефокусирање. Тој се одликува со брз, прецизен и тивок DDSSM автоматски фокус и нуди снимање одблиску со зголемување до 0,25x. Вградената стабилизација на слика со оптички SteadyShot го минимизира заматувањето при фотографирање при слаба осветленост или макро.

Извонредна 0 6B06B0 резолуција и ефект на дефокусирање

Извонредна G Master резолуција и ефект на дефокусирање

Напредната оптика и дизајнот нудат екстремна резолуција и апсолутно прекрасни ефекти на дефокусирање кои создаваат врвни перформанси што се олицетворение на концептот на G Master.

Ефектите на дефокусирање се најдобри досега

Ефектите на дефокусирање се најдобри досега

Овој објектив е специјално дизајниран за создавање извонредно рамномерни и природни ефекти на дефокусирање без засенување. Како резултат се добива природна длабочина и димензија. 

Резолуција што му прилега на името 0 6B06B0

Резолуција што му прилега на името G Master

Екстремно широка резолуција и острина што го исполнуваат MTF стандардот за 50 линии на милиметар кој претставува основа за оптичкиот дизајн на G Master.

AF што ќе ви овозможи да се концентрирате на снимањето

AF што ќе ви овозможи да се концентрирате на снимањето 

DDSSM (SSM со директен погон) нуди брз, прецизен и тивок автоматски фокус кој му овозможува на корисникот да се концентрира само на снимање најдобри фотографии или видеоснимки.

Конфигурација на објективи

Конфигурација на објективи

Серијата објективи G Master нуди обработка на слика и изразување на нивоа кои досега не биле возможни, со неверојатна комбинација на екстремно висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање.

[1] APD [2] Асферичен објектив [3] ED стакло

MTF табела

MTF табела

MTF објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.

[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] R: Радијални вредности T: Тангентни вредности

Контроли на објективот

Контроли на објективот
Контроли на објективот

1. Прстен за фокусирање / 2. Прстен за решетката / 3. Индекс за избор на макро / 4. Скала за избор на макро / 5. Копче за задржување на фокусот (прилагодливо) / 6. Преклопник за звук на решетката / 7. Преклопник за компензација за тресење / 8. Преклопник за режим на фокусирање / 9. Прстен за избор на макро / 10. Копче за отклучување на изборот за макро / 11. Индекс за монтирање / 12. Скала за решетката / 13. Контакти на објективот / 14. Гумен прстен за монтирање на објективот / 15. Индекс за решетката / 16. Индекс за сенилото на објективот

Компатибилност со FE 100mm F2.8 STF GM OSS

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

Спецификации и функции
  • Врвен примарен телефото објектив од серија G Master со среден опсег

  • Оптички елемент за аподизација (APD) за прекрасен ефект на дефокусирање

  • Анти-рефлексивен нано слој за извонредна јасност

  • SSM со директен погон (DDSSM) за тивка контрола со голема прецизност на фокусот на објективот

  • Дизајн кој е отпорен на прав и влага

Минимално фокусно растојание
0,85 м / 2,79 ft. (во положба од „0,85 м-∞“); 0,57 м / 1,87 ft. (во положба од „0,57 м-1,0 м“)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,14 (во положба од „0,85 м-∞“); 0,25 (во положба од „0,57 м-1,0 м“)
Пречник на филтерот (мм)
72
Тежина
700 гр. (24,7 oz.)

Што има во пакетот

Сенило (модел): ALC-SH147, Предно капаче за објектив: ALC-F72S, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Торбичка

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина