Сите спецификации и функции
Спецификации на објектив
- Додаток
- E приклучок од Sony
- Формат
- 35 мм за целосна слика
- Фокусна должина (мм)
- 100
- Еквивалентна фокусна должина од 35 мм (APS-C)
- 150
- Групи / елементи на објектив
- 10-13 *без APD елемент
- Агол на гледање (35мм)
- 24°
- Агол на гледање (APS-C)
- 16°
- Максимален отвор на бленда (F)
- F2,8 (T5,6)
- Минимална решетка (F)
- F20 (T22)
- Ливчиња на решетката
- 11
- Кружна решетка
- Да
- Минимално фокусно растојание
- 0,85 м / 2,79 ft. (во положба од „0,85 м-∞“); 0,57 м / 1,87 ft. (во положба од „0,57 м-1,0 м“)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0,14 (во положба од „0,85 м-∞“); 0,25 (во положба од „0,57 м-1,0 м“)
- Пречник на филтерот (мм)
- 72
- Стабилизација на слика (SteadyShot)
- Оптички SteadyShot
- Компатибилност за телеконверзија (x1,4)
- -
- Компатибилност за телеконверзија (x2,0)
- -
- Тип на сенило
- Kружна форма, во вид на бајонет
Големина и тежина
- Димензии (диј. x дол.)
- 85,2 x 118,1 мм (3-3/8 x 4-3/4 инчи)
- Тежина
- 700 гр. (24,7 oz.)
Што има во пакетот
- Сенило (модел): ALC-SH147
- Предно капаче за објектив: ALC-F72S
- Задно капаче за објектив: ALC-R1EM
- Торбичка

Функции
Извонредна G Master резолуција и ефект на дефокусирање
Овој објектив е соодветно надополнување на серијата G Master кој нуди комбинација од извонредна резолуција и прекрасни, меки и рамномерни ефекти на дефокусирање кои идеално го нагласуваат објектот во фокус. Оптичкиот дизајн се одликува со иновативен оптички елемент за аподизација, нова решетка со 11 ливчиња и нуди доследни високи перформанси низ целата површина на сликата.
Резолуција што му прилега на името G Master
Овој објектив со компензација за сферична аберација, ED (исклучително мала дисперзија) стакло и асферични елементи нуди екстремна резолуција и острина што го исполнуваат MTF стандардот за 50 линии на милиметар кој претставува основа за оптичкиот дизајн на G Master. Таа острина се протега низ целата површина на сликата.
Исклучителна јасност и контраст
Оригиналниот анти-рефлексивен нано слој од Sony ги намалува неправилните рефлектирања што можат да предизвикаат одблесоци и отсјај, особено во ситуации со задно осветлување. Резултатот претставува непроменлив висок контраст и јасност со длабоки црни тонови во најголем можен опсег на различни ситуации за фотографирање. (1. Анти-рефлексивен нано слој / 2. Стакло / 3. Пропуштена светлина)
Ефектите на дефокусирање се најдобри досега
Овој објектив е специјално дизајниран да создава неверојатно рамномерен и природен ефект на дефокусирање и се одликува со уникатен оптички елемент за аподизација (APD), новодизајнирана кружна решетка со 11 ливчиња и минимално изобличување на осветлените површини во периферните делови на сликата. Сите објективи се прилагодуваат прецизно, детално и поединечно за да се реализираат највисоките стандарди на G Master.
Аподизација за ненадминати ефекти на дефокусирање
Оптичкиот APD елемент е специјален вид на филтер кој овозможува постепено намалување на преносот на светлина кон неговите периферни делови. Тој ги намалува рабовите во острите слики што резултира со исклучително рамномерен и прекрасен ефект на дефокусирање на површините во заднина и во преден план со апсолутно минимални ефекти на двојни рабови.
Прекрасни осветлени површини во периферните делови
За подобрување на ефектот на дефокусирање кај објективот, тој е дизајниран да го минимизира ефектот на засенување што може да ја изобличи осветлената геометрија во периферните делови на сликата. Точкестите извори на светлина се репродуцираат со доследни кружни ефекти на дефокусирање низ целата слика, за да може, на пример, сончевата светлина што продира низ лисјата или се рефлектира од нив да се прикаже елегантно.
11-те ливчиња создаваат поубави ефекти на дефокусирање
Оригиналниот кружен дизајн на решетката од Sony е подобрен со 11 ливчиња за уште поголемо заоблување. Дизајнот и материјалите се ревидирани за да овозможат приближно кружна форма на решетката, независно дали е отворена или намалена, а се применуваат и строги стандарди за заобленост за да добиете максимална убавина од STF ефектите на дефокусирање без исклучоци.
Приближете се и откријте ги деталите
Поради тоа што една од главните функции на овој објектив е ефектот на дефокусирање, тој е опремен со прстен за вклучување на макро режимот кој го активира опсегот за макро на објективот во кој може да го користите ефектот на дефокусирање. Макро режимот нуди минимално фокусно растојание од 0,57 м (1,87 ft.) со максимално зголемување до 0,25x, без намалување на резолуцијата.
AF што ќе ви овозможи да се концентрирате на снимањето
Системот за фокусирање DDSSM (SSM со директен погон) нуди брз, прецизен и тивок автоматски фокус. Брзиот и тивок AF му овозможува на корисникот да се концентрира само на снимање најдобри фотографии или видеоснимки. Овој објектив поддржува AF со контраст и AF со откривање на фаза во фокусната површина, поради што е идеален за модерните фотоапарати од Sony со високи перформанси.
Напредни мотори за брзина и прецизност
DDSSM (SSM со директен погон) содржи оригинален пизоелектричен мотор од Sony кој директно го придвижува прстенот за фокусирање. Прецизното запирање овозможува прецизна контрола на прстенот за фокусирање за да добиете најголема можна прецизност при фокусирањето. Работи тивко, па затоа е идеален за фотографирање диви животни и снимање видеоснимки. Рачниот фокус, исто така, е рамномерен и има брз одзив.
Јасни слики без заматување без да користите статив
Вградената стабилизација на слика со оптички SteadyShot овозможува максимално изострување на објектот со помалите брзини на блендата. Стабилизацијата на слика кај телефото објективот од 100 мм со среден опсег е придобивка и за професионалците и за аматерите. Втората генерација на куќишта α7 нудат дополнителна вградена стабилизација со 5 оски.
Професионално ракување и контрола
Другите напредни функции што го подобруваат ракувањето при снимање фотографии и видеоснимки опфаќаат прстен за решетката , избор на звук за чекорите на прстенот за решетката, копче за задржување на фокусот, преклопник за избор на AF/MF и широк прстен за фокусирање за сигурна и удобна контрола.
Голема сигурност во лоши услови
Освен гумениот прстен за заштита кај приклучокот, дизајнот на овој објектив е отпорен на прав и влага за дополнителна заштита и сигурно ракување во опкружувања со лоши услови. Снимајте сигурно во услови кога роси или дува ветер.