FE 100mm F2.8 STF GM OSS
Овој примарен телефото објектив од 100 мм со среден опсег нуди G Master резолуција и STF (рамномерен премин на фокусот) оптика за прекрасно дефокусирање. Тој се одликува со брз, прецизен и тивок DDSSM автоматски фокус и нуди снимање одблиску со зголемување до 0,25x. Вградената стабилизација на слика со оптички SteadyShot го минимизира заматувањето при фотографирање при слаба осветленост или макро.
Напредната оптика и дизајнот нудат екстремна резолуција и апсолутно прекрасни ефекти на дефокусирање кои создаваат врвни перформанси што се олицетворение на концептот на G Master.
Овој објектив е специјално дизајниран за создавање извонредно рамномерни и природни ефекти на дефокусирање без засенување. Како резултат се добива природна длабочина и димензија.
Екстремно широка резолуција и острина што го исполнуваат MTF стандардот за 50 линии на милиметар кој претставува основа за оптичкиот дизајн на G Master.
DDSSM (SSM со директен погон) нуди брз, прецизен и тивок автоматски фокус кој му овозможува на корисникот да се концентрира само на снимање најдобри фотографии или видеоснимки.
Серијата објективи G Master нуди обработка на слика и изразување на нивоа кои досега не биле возможни, со комбинација од висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање.
[1] APD [2] Асферична леќа [3] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)
MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
1. Прстен за фокусирање / 2. Прстен за решетката / 3. Индекс за избор на макро / 4. Скала за избор на макро / 5. Копче за задржување на фокусот (прилагодливо) / 6. Преклопник за звук на решетката / 7. Преклопник за компензација за тресење / 8. Преклопник за режим на фокусирање / 9. Прстен за избор на макро / 10. Копче за отклучување на изборот за макро / 11. Индекс за монтирање / 12. Скала за решетката / 13. Контакти на објективот / 14. Гумен прстен за монтирање на објективот / 15. Индекс за решетката / 16. Индекс за сенилото на објективот
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,85 м / 2,79 ft. (во положба од „0,85 м-∞“); 0,57 м / 1,87 ft. (во положба од „0,57 м-1,0 м“)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0,14 (во положба од „0,85 м-∞“); 0,25 (во положба од „0,57 м-1,0 м“)
- Пречник на филтерот (мм)
- 72
- Тежина
- 700 гр. (24,7 oz.)
Што има во пакетот
Сенило (модел): ALC-SH147, Предно капаче за објектив: ALC-F72S, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Торбичка
Оценки и награди
Корисниците велат