70–400ММ F4–5,6 G SSM II

Сите спецификации и функции

SAL70400G2

Спецификации на објектив

Додаток
A приклучок од Sony
Формат
35 мм за целосна слика
Фокусна должина (мм)
70-400 мм
Еквивалентна фокусна должина од 35 мм (APS-C)
105-600 мм
Групи / елементи на објектив
12/18
Агол на гледање (35мм)
34°-6°10'
Агол на гледање (APS-C)
23°-4°10'
Максимален отвор на бленда (F)
4-5,6
Минимална решетка (F)
22-32
Ливчиња на решетката
9
Кружна решетка
Да
Минимално фокусно растојание
1,5 м (4,93 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,27x
Пречник на филтерот (мм)
77мм
Стабилизација на слика (SteadyShot)
- (вградено во куќиштето)
Компатибилност за телеконверзија (x1,4)
Компатибилност во режим за рачен фокус
Компатибилност за телеконверзија (x2,0)
Компатибилност во режим за рачен фокус

Големина и тежина

Димензии (диј. x дол.)
94,5 x 196 мм (3-3/4 x 7-3/4 in.)
Тежина
1500 гр. (53 oz.) (без приклучок за статив)

Фусноти

*
„Еквивалент на фокусна должина од 35 мм (APS-C)“ и „агол на гледање (APS-C)“ во дигитален фотоапарат со заменливи објективи и вграден сензор за слика од тип APS-C.

Опции на бои

black

Што има во пакетот

  • Сенило за објектив (ALC-SH121: во форма на цвет, во вид на бајонет)
  • Предно капаче за објектив
  • Задно капаче за објектив
  • Торбичка
Placeholder

Функции

Слика од 70–400мм F4–5,6 G SSM II

Перформанси на примарен објектив од 70 до 400 мм

2-то издание на овој популарен G објектив од 70-400 мм со F4-5,6 го задржува врвниот оптички дизајн од својот претходник, вклучувајќи ги и двата елемента од ED (исклучително мала дисперзија) стакло, но е надополнет со анти-рефлексивен нано слој кој дополнително ги намалува несаканите рефлектирања за добивање јасни слики со минимални одблесоци и отсјај. Извонредни оптички перформанси со квалитет како кај примарен објектив низ целиот опсег на зумирање.

Слика од 70–400мм F4–5,6 G SSM II

Јасни слики со остар контраст

Покрај прецизниот оптички дизајн, технологијата за анти-рефлексивен нано слој од Sony овозможува обложување на објективот со прецизно дефинирана и стандардна нано структура која ефикасно ги намалува рефлектирањата кои предизвикуваат одблесоци и отсјај. Севкупниот резултат претставува извонредна јасност и остар контраст кои придонесуваат за неверојатна резолуција.

Слика од 70–400мм F4–5,6 G SSM II

Побрзо следење и подобар одзив

Системот за автоматско фокусирање со SSM од Sony е одлична функција само по себе, а нуди исклучително рамномерно и тивко функционирање. Новото LSI електронско коло за погон ги подига перформансите на ново ниво, овозможувајќи значително побрзо следење на објектите при автоматското фокусирање за разлика од претходните модели и најдобар одзив на SSM системот за погон досега.

Слика од 70–400мм F4–5,6 G SSM II

Фокусирање со SSM (мотор со суперсонични бранови)

SSM (мотор со суперсонични бранови) претставува пизоелектричен систем за погон кој овозможува рамномерно и тивко автоматско фокусирање. Неговиот капацитет за голема сила на вртење при ротација со мала брзина придонесува за брз одзив на активирање и запирање, како и прецизно позиционирање. За фотографите тоа значи брзо, тивко и прецизно фокусирање.

Слика од 70–400мм F4–5,6 G SSM II

Префинето искуство при ракувањето

Трите копчиња за задржување на фокусот околу цилиндарот на објективот овозможуваат лесен пристап, без разлика како го држите фотоапаратот. Темелната посветеност на Sony кон едноставно ракување е очигледна со режимот за фокусирање и прекинувачот за ограничување на опсегот, како и можноста за директен рачен фокус (DMF).

Слика од 70–400мм F4–5,6 G SSM II

Остра репродукција со одлична резолуција

Двата елементи од ED (исклучително мала дисперзија) стакло придонесуваат за острина и резолуција како кај објектив од примарен вид низ целиот опсег на зумирање, но овој објектив може да создава и прекрасно дефокусирање на заднината доколку е потребно.

Слика од 70–400мм F4–5,6 G SSM II

Можност за снимање одблиску

Покрај тоа што нуди многу разновиден опсег на зумирање, овој објектив може и да фокусира на растојание од 1,4 сантиметри со сооднос на зголемување од 0,27 со кој може да снимате мали објекти и детали со одличен квалитет.

Слика од 70–400мм F4–5,6 G SSM II

Прекрасно дефокусирање на заднината

Дизајнот на кружната решетка со 9 ливчиња овозможува создавање на прекрасно и рамномерно дефокусирање на заднината со природни светли тонови доколку е потребно. Рамномерното дефокусирање на заднината може да ги нагласи фокусираните површини во слики со речиси тридимензионална длабочина.

Слика од 70–400мм F4–5,6 G SSM II

Отпорност на прав и влага

Некои од највозбудливите слики се снимени во опкружувања со лоши услови. Дизајнот кој е отпорен на прав и влага му овозможува на објективот да продолжи да работи сигурно во услови со умерена влага или прав, за да можете сигурно да фотографирате без разлика каде се наоѓаат одличните снимки.