Звук и слика 
во совршена хармонија

Потполно уживање

BRAVIA нуди звук и слика во совршена хармонија и овозможува уникатно доживување при гледањето телевизија. Освен максимално уживање во неверојатен квалитет на слика, ќе добиете и моќен и јасен звук што се репродуцира од соодветно место на екранот - сето тоа надополнето со гласовна контрола и прекрасен дизајн.

Врвна реалистичност со серијата A8

Уживајте во акцијата со неверојатна острина, контраст и бои за да добиете најдобро доживување при гледањето како во кино.
 

Врвен контраст со серијата XH95

Подлабоките црни бои и поинтензивните светли тонови создаваат врвен контраст од секој агол на најдобриот 4K LCD-телевизор од Sony.
 

Слика на која е прикажано како се репродуцира звук на телевизор BRAVIA
Комплетно звучно доживување

Звучниците зад екранот на нашата серија A8 генерираат моќен и јасен звук од местото каде што се случува нешто. Кај нашата серија XH95, високотонците за позиционирање на звукот околу екранот прецизно го контролираат позиционирањето на звукот и континуирано го оптимизираат звукот за да слушате висококвалитетен звук од соодветно место на екранот.

Зачекорете во позабавен свет

Уживајте со новата палета на BRAVIA од Sony - никогаш не било полесно, побрзо и поедноставно да користите гласовни команди и да добиете пристап до повеќе од 5000 апликации. Нашите телевизори непречено се синхронизираат со помошни уреди во домот.

Слика на која се прикажани апликации на телевизор BRAVIA
Вашиот дом и BRAVIA во совршена хармонија

Тенка рамка, дизајн во вид на плоча и дискретен држач. Ова е пристап што ви овозможува да уживате во содржините што ги гледате, а не во телевизорот. Освен тоа, врвниот држач со две положби ви овозможува да го подигнете телевизорот за да сместите звучник во вид на лента.