Разликата со BRAVIA®
Револуционерната технологија за зголемување на резолуцијата кај нашите најнови телевизори внесува реалистичност во сите содржини кои ги гледате со нашиот неверојатен 4K квалитет. Откријте свет на лесно достапни апликации, филмови и музика преку Android TV од Sony и уживајте во сите нив на нашите најтенки модели досега.
Разгледајте ja палетата
Слика
4K Processor X1 – Еден чип менува сè
Нашиот нов 4K Processor X1 го подобрува контрастот, боите и јасноста до највисоко ниво. Јасноста се подобрува преку интелигентно зголемување на резолуцијата и намалување на шумот, боите се подобруваат посебно, а динамичкиот опсег на контрастот се оптимизира слика по слика.
Јасност
Прецизното подобрување на детали го елиминира шумот и ги подобрува деталите кај сите содржини што ги гледате, независно од изворот, за да се добие поостра и појасна слика.
Боја
Прецизното мапирање на бои независно ја анализира секоја сцена и точка, поради што совршените сенки и тонови динамички се применуваат за добивање богати и природни бои.
Контраст
Подобрувањето на динамичкиот контраст ги осветлува светлите делови на екранот, а темните делови ги прави пореалистични и со подлабоки црни тонови.
Јасност
Возбудлив свет на извонредна јасност
4K X-Reality PRO со 4K Processor X1
4K X-Reality PRO кај 4K Processor X1 ги подобрува сите точки. Сите делови од сцените се анализираат во реално време, се чистат, а потоа се усогласуваат со нашата сè поголема база на податоци со слики - за исклучително реалистични детали, без разлика што гледате.
Подобрете ги сите содржини што ги гледате
Алгоритамот за супер резолуција на 4K Processor X1 ја користи нашата сè поголема база на податоци за да ги подобри Full HD и 4K содржините, за да ги направи вашите филмови, ТВ емисии и дигитални медиуми појасни со реалистичната 4K резолуција.
4K Processor X1 – поостра и почиста слика
4K Processor X1 заедно со 4K X-Reality PRO ги изоструваат сликите во реално време – со напредно намалување на шумот и детално подобрување.
Види телевизори со 4K X-Reality PRO
Боја
Секоја боја станува реалистична
TRILUMINOS™ екран со 4K Processor X1
Со моќна обработка и динамичка контрола на бои, TRILUMINOS екранот и 4K Processor X1 ви ги пренесуваат чувствата од секоја сцена со богати и живописни црвени, сини и зелени тонови.
Поширока палета на бои
Колку повеќе боички имате за да ја нацртате сликата, толку поживописно и пореално ќе изгледа. Исто така и TRILUMINOS екранот користи повеќе боички за разлика од стандардните LED екрани.
Повеќе од секоја боја
Разликата кај TRILUMINOS се токму боите кои тешко се репродуцираат. Гледајте дискретни сенки и нијанси на зелена, црвена и сина боја.
Прецизно мапирање на бои – 4K Processor X1
Прецизното мапирање на бои со 4K Processor X1 ги подобрува и оптимизира боите посебно и детално во реално време. Тој совршено ги контролира сите бои за да добиете богати и природни резултати – дури и со телевизори без TRILUMINOS екран.
Телевизори со TRILUMINOS екран
Контраст
Доловете го секој зрак светлина
Прекрасно задно осветлување
X-tended Dynamic Range PRO со 4K Processor X1
X-tended Dynamic Range PRO внесува реалистичност во секоја сцена со посветли бели и подлабоки црни тонови, за да добиете многу поширок опсег на светлина отколку со стандардните LED телевизори.
Како функционира X-tended Dynamic Range PRO
Користејќи уникатен алгоритам, задното осветлување на темните површини се намалува за да се осветли максималната светлина на предметите на екранот, поради што се добива многу поширок опсег на светлина.
Стандарден телевизор
Непроменета светлина низ целиот екран.
Телевизор со X-tended Dynamic Range PRO
Променлива светлина низ целиот екран за одличен контраст, детали и репродукција на бои.
Подобрување на динамичкиот контраст – 4K Processor X1
Со функцијата за подобрување на динамичкиот контраст кај 4K Processor X1, опсегот на светлина континуирано се оптимизира слика по слика. Таа ги прилагодува нивоата според случувањата на екранот – дури и кај телевизорите без X-tended Dynamic Range.
X-tended Dynamic Range телевизори
Висок динамички опсег и повеќе од тоа
Сигналот со висок динамички опсег (HDR) носи многу повеќе информации од тековните стандарди за телевизија и филмови - прикажува поголем контраст, повеќе детали и ги прави боите пореалистични.
Сите содржини во 4K
Дизајн
Уживајте во глетката, дури и кога нема ништо на екранот
Лебдечки стил
Серија X90C – нашиот најтенок 4K телевизор досега со лебдечки стил
Серијата X90C има дебелина од само 4,9 мм – тоа е помалку од паметните телефони – и потполно рамен екран без рамка, за да уживате во прекрасни слики кои изгледаат како да лебдат пред вашите очи додека екранот зад нив исчезнува.
Wedge
Серија X93C/X94C во форма на клин – Секоја намена има совршена форма
Спојувајќи ја естетиката и функционалната убавина, телевизорите во форма на клин заштедуваат простор, имаат помали димензии и се дизајнирани да може да се вградат поголеми звучници во нив за да добиете подобар звук.
BRAVIA® во комбинација со Android TV™
Вашиот паметен телевизор штотуку стана попаметен. Помислете на содржините во кои уживате на паметниот телефон или таблет-уредот: сега ќе можете да уживате во истите на подобар начин со BRAVIA®.
Модели на BRAVIA® со Android TV
Звук
Уживајте во сите чувства со звук кој ќе ве воодушеви
Звук со висока резолуција – како што замислил изведувачот
Во музичките студија и на концертите во живо, оригиналните студиски снимки се снимаат со квалитет подобар од CD. Со звукот со висока резолуција можете да ги почувствувате богатите звуци, исто како пејачот да настапува пред вас.
Што е звук со висока резолуција?
Звукот со висока резолуција кај телевизорите од серија X93/X94 задржуваат многу повеќе детали при аналогно-дигиталната конверзија, со многу поголема бит-стапка и резолуција од компактните дискови. Резултат: пореален звук кој повеќе наликува на замислата на изведувачот.
DSEE HX
Уживајте во повеќе детали од сите содржини кои ги слушате. Моделите X93 и X94 се одликуваат со DSEE HX за анализа на изворите на звук и проширување на високите фреквенции до квалитет со приближно висока резолуција.
Звук усовршен со ClearAudio+
ClearAudio+ детално го прилагодува звукот од телевизорот за добивање на прекрасно и емотивно доживување.
Процесор за подобрување дигитален звук
Технологијата DSEE ги обновува изгубените фреквенции од вашата музика (особено високите фреквенции) за добивање природен звук со поголемо чувство на простор.
Clear Phase звук
Технологијата Clear Phase Audio го анализира и семплира фреквентниот одзив на звучникот, а тие информации ги користи за поништување на ненадејните зголемувања или намалувања во стандардниот одзив на звучникот – резултирајќи со чист и природен звук.
S-Force Surround Sound PRO
Некои системи за подобрување на звукот функционираат само со еден канал, но S-Force Surround Sound PRO врши директна повеќеканална обработка за пореалистичен и моќен опкружувачки звук.
Видете телевизори со ClearAudio+
Погледнете ги видеоснимките со инструкции за телевизорот
Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.