Врвен контраст.
Поврзете го телевизорот BRAVIA XR со PlayStation®5 за фантастично доживување при играњето игри.
Поврзете го телевизорот BRAVIA XR со PlayStation®5 за фантастично доживување при играњето игри.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Погледнете како игрите стануваат реални со огромната палета на реални бои и длабок контраст што ги истакнуваат малите детали
Нашата технологија за звук од екранот го претвора екранот во звучник. Тоа значи дека звукот што го слушате доаѓа од соодветното место на екранот.
Сликите на екранот се симулирани
Автоматскиот HDR со мапирање на тонови веднаш ги оптимизира поставките за HDR при почетното поставување на вашата конзола PS5™. Дури и во темните сенки и во премногу светлите површини, ќе гледате врвни детали и реални бои.
BRAVIA XR автоматски преминува во режимот за игри кога е приклучен PS5® за да го минимизира доцнењето и да го максимизира одзивот. Се враќа во стандарден режим кога гледате филмови за да прикаже пораскошни сцени
Никогаш не било полесно да го прилагодите статусот на вашата игра, поставките и помошните функции. Сите неопходни поставки ви се лесно достапни за уште поголема практичност и удобност.
Замислете си да можете да играте игра на едната страна на екранот и да гледате видео за играта од YouTube на другата страна. Функцијата за приказ на повеќе слики ќе ви го овозможи токму тоа, без да ви биде потребен дополнителен монитор.
Еве како треба да изгледа светот на вашите игри. Неверојатно живописни бои, реален контраст во светли и темни површини, интензивна светлина. Со Dolby Vision, играњето игри достигнува потполно ново ниво на длабочина и реалност.
Со 4K/120 fps, променлива стапка на освежување и автоматски режим со мало доцнење, нашите телевизори ви нудат рамномерни и јасни движења за брз одзив при играњето игри
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ ТЕЛЕВИЗОР BRAVIA XR