CES 2015
Подобри слики. Прекрасен дизајн. Иновативна контрола. Нашите нови BRAVIA® телевизори, промовирани на CES 2015, ќе го подобрат секој аспект на доживувањето при гледањето.
CES 2015
Подобри слики. Прекрасен дизајн. Иновативна контрола. Нашите нови BRAVIA® телевизори, промовирани на CES 2015, ќе го подобрат секој аспект на доживувањето при гледањето.
Поголема јасност, бои и контраст. Без разлика што гледате.
Нашиот моќен 4K процесор X1 нуди неверојатен квалитет на слика без разлика што гледате. Секој извор се анализира интелигентно и подобрува до 4K резолуција, почнувајќи од ТВ емитувања, Blu-ray, DVD, па дури и 4K видеоснимки од интернет. Ќе уживате во извонредни 4K слики со поголема јасност, пореалистични бои и исклучителен контраст.
Нашиот моќен 4K процесор X1 ја подобрува секоја точка. Сите делови од сцените се анализираат посебно и се усогласуваат со специјална база на податоци со слики за добивање исклучително реалистични детали.
BRAVIA® ви нуди уште пореалистични бои – дополнително подобрени со обработката во 4K и динамичката контрола на бои која ги пренесува чувствата од секоја сцена.
4K процесорот X1 ги подобрува функциите X-tended Dynamic Range и X-tended Dynamic Range PRO за содржините со 2K и 4K резолуција, создавајќи подлабоки црни тонови и врвни светли тонови.
Извонредно тенка убавина која се вклопува во секој простор
Задоволете ги сетилата: новата форма на BRAVIA® нуди прекрасен спој од форма и функција. Со дебелина од само 4,9мм, извонредно тенкиот дизајн ќе го разубави вашиот ѕид како уметничко дело. Со рамниот екран без рамка ќе уживате во прекрасни слики кои ќе лебдат пред вашите очи. Нема ни да забележите дека има екран – само неверојатни 4K слики.
Вашиот паметен телевизор штотуку стана попаметен. Помислете на содржините во кои уживате на паметниот телефон или таблет-уредот: сега ќе можете да уживате во истите во поголеми димензии и на подобар начин со BRAVIA®.
X-Reality PRO
Android TV
Забава со еден допир
Поддршка за 3D слика
X-Reality PRO
Android TV
Забава со еден допир