Направете кино во домот и гледајте филмови што ги добивате со BRAVIA XR™

Достапен е огромен број на филмови што чекаат на вас. Со технологијата BRAVIA XR, Pure Stream™ и IMAX® Enhanced, сите содржини што ги гледате ќе имаат одлична слика и извонреден звук.
BRAVIA CORE е достапен кај сите модели на BRAVIA XR Z9J, A90J, A80J, X95J, X90J.

BRAVIA CORE
Добијте избор од стотици најнови и класични филмски хитови што ќе можете да ги добиете

Достапни се нови и класични филмски хитови. Искористете ги вашите кредити во BRAVIA CORE за да изберете што скате да гледате со квалитет до 4K HDR.
 

Неограничено проследување на најдобрите филмови

Со BRAVIA CORE се претплатувате за неверојатен избор на филмови за проследување во секое време и неограничен број пати, со квалитет до 4K HDR.

Гледајте со Pure Stream™ - највисокиот квалитет на слика за проследување

BRAVIA CORE нуди Pure Stream™, проследување со брзина до 80 Mbps, што нуди 4K UHD-квалитет на слика без загуби за голем опсег на содржини. Оваа функција е практична и лесна за активирање во BRAVIA CORE преку поставките - штом ја вклучите, таа постојано ќе биде активна и ќе го приспособува проследувањето.

Ослободете ја моќта на IMAX® во вашиот дом со IMAX® Enhanced

Со технологијата за дигитална преработка на медиуми што е ексклузивна за IMAX® ќе уживате во неверојатно живописни 4K HDR-слики што се оптимизирани за BRAVIA XR. Одредени филмови имаат проширен сооднос на слика за да можете да ја видите целосната слика и да уживате во ново ниво на реална слика.
Во комбинација со технологијата DTS за реален и моќен звук, ќе добиете филмско доживување како во кино кога ќе гледате IMAX® Enhanced-филмови од BRAVIA CORE во домот.

Пристапете до огромната колекција IMAX® Enhanced на BRAVIA CORE

Одликувајќи се со сè поголем број на филмови IMAX® Enhanced, BRAVIA CORE ќе ви овозможи подобро филмско доживување во домот со вашиот телевизор BRAVIA XR. Уживајте во најголемата колекција на филмови IMAX Enhanced со IMAX-сертификат за слика и звук, што се дигитално преработени и оптимизирани за најдобро доживување при гледањето на телевизори BRAVIA XR*
*Изборот на филмови и достапноста се разликува во зависност од регионот/јазикот

Повеќе за создавањето на вашите омилени филмови со Studio Access

Дали сакате да дознаете што се случувало зад сцената на вашите омилени филмови? BRAVIA CORE ви нуди многу дополнителни видеосодржини, интервјуа и многу повеќе.

Промотивен постер за „Џуманџи: следното ниво“ на BRAVIA-екран
Правила и услови

Програмата за пристап BRAVIA CORE („Програмата“) е достапна во Европа* на паметните телевизори од Sony што се дел од Програмата. Паметните телевизори од Sony што учествуваат во Програмата („Избрани телевизори“) се Z9J, A90J, A80J, A83J, A84J, X95J, X90J, X92J, X93J и X94J.
Во продажната цена на Избраните телевизори спаѓа привремен пристап до услугата BRAVIA Core, што подлежи на следните правила и услови: i) ограничени кредити за филмови 10 кредити за филмови за Z9J и A90J или 5 кредити за филмови за останатите Избрани телевизори што ќе може да ги искористите за изнајмување филмови од колекцијата со најмалку 300 филмови (еден кредит за филмови е доволен за да се изнајми еден филм). Рокот на кредитите за филмови ќе истече по 12 месеци откако ќе ги добиете на вашата сметка за BRAVIA CORE по регистрацијата, но филмовите што ќе ги изнајмите преку BRAVIA CORE ќе можете да ги гледате до 23 февруари 2026 година, што подлежи на правилата на услугата BRAVIA CORE; и ii) привремен пристап до содржини од типот видео на барање со претплата 24 месеци претплата за видео на барање за BRAVIA CORE за Z9J и A90J или 12 месеци за останатите Избрани телевизори. Периодот на претплата ќе започне од моментот на регистрација на вашата сметка за BRAVIA CORE. На крајот од привремениот период на претплатата, што ќе го добиете со вашиот Избран телевизор, ќе заврши и вашиот пристап до содржините од типот видео на барање. Сите обновувања на претплатата ќе подлежат на договор со операторот на услугата BRAVIA CORE, што подлежи на применливите правила и услови за таа услуга.
За да ги искористите придобивките што ги нуди Програмата треба да регистрирате сметка за BRAVIA CORE на вашиот Избран телевизор до 23 февруари 2024 година. Доколку не направите регистрација до овој датум, вашиот пристап до услугата BRAVIA CORE во рамки на Програмата ќе заврши во тој момент. Откако ќе се регистрирате ќе добиете е-порака за потврда на сметката, а кредитите за филмови за BRAVIA CORE и претплатата за содржини од типот видео на барање објаснети погоре ќе се додадат автоматски на вашата сметка. Правилата за користење, правилата на услугата и политиката за приватност на BRAVIA CORE управуваат со употребата на BRAVIA CORE. За да регистрирате сметка за BRAVIA CORE мора да имате 18 години или повеќе и мора да ги прифатите правилата за користење, правилата на услугата и политиката за приватност на BRAVIA CORE. За користење на оваа Програма треба да ја ажурирате апликацијата BRAVIA CORE во вашиот Избран телевизор со најновата верзија. Најновата верзија на апликацијата BRAVIA CORE е достапна на Google Play Store.
За да правите трансакции во BRAVIA CORE ви требаат кредити во самата апликација. Не е можно да правите парични трансакции во рамките на BRAVIA CORE ниту да купувате дополнителни кредити како дел од оваа Програма во моментот. Достапните филмски наслови подлежат на промена без известување. Сите филмови се нудат во најдобар можен формат, вклучувајќи и стандардна резолуција, висока резолуција, 4K, 4K HDR или 4K IMAX ® Enhanced, а достапноста зависи од пазарот и самиот филм. Содржините IMAX® Enhanced го нудат максималното доживување на IMAX ® Enhanced - филмовите IMAX® Enhanced се достапни само на телевизори со сертификат за IMAX® Enhanced.
Може да проследувате на најмногу 4 избрани телевизори со една сметка за BRAVIA CORE во исто време. Услугата BRAVIA CORE не е достапна или може да не биде поддржана во сите земји и на сите јазици. Sony го задржува правото да ја менува, да го прекине пристапот до и/или да ја укине платформата BRAVIA CORE во секое време. BRAVIA CORE нуди Pure Stream™ што овозможува брзина на проследување од 30 Mbps до 80 Mbps. За да добиете брзина од 30 Mbps од Pure Stream™, вашиот интернет мора да има минимална брзина од 43 Mbps. За да добиете максимален квалитет од Pure Stream™ со 80 Mbps, вашиот интернет мора да има минимална брзина од 115 Mbps. BRAVIA CORE не презема одговорност за мрежните ограничувања или достапниот сообраќај на податоци. Можно е да важат ограничувањата и правилата на операторите за мрежни услуги.
Sony не нуди можност за враќање пари или кредити за какви било делумни периоди или неискористени кредити и/или содржини што не биле гледани на BRAVIA CORE. Вашиот пристап до услугата BRAVIA CORE во рамките на Програмата не може да се префрли на друго лице и не може да се рефундира. Кредитите за филмови немаат парична вредност и не се рефундираат и не се наменети за продажба или препродажба.
Sony Europe B.V. 

„SONY“ е регистриран заштитен знак на Sony Corporation. „BRAVIA“ и „BRAVIA CORE“ се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци на Sony Corporation. Google TV и поврзаните лого ознаки се заштитни знаци на Google LLC. Google Play Store е заштитен знак на Google LLC. IMAX ® е регистриран заштитен знак на IMAX Corporation. Другите производи и имиња на компании спомнати тука може да бидат заштитни знаци на нивните соодветни сопственици. Иконите и сликите се симулирани и имаат само илустративна намена. Сите права, што не се изречно доделени тука, се задржани. Сите правила подлежат на промени без претходно известување.
*Оваа Програма е достапна во следните земји: Албанија, Андора, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Гренланд, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Македонија, Малта, Молдавија, Монако, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Сан Марино, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Обединето Кралство, Гибралтар, Косово и Ватикан.

XPERIA 5 II Newsletter Subscription
.
Alpha-XC Newsletter Subscription
.
.