Прескокни до содржина
Headphones

Bluetooth® слушалки

Слушањето музика складирана на вашиот MP3 плеер или паметен телефон е лесно со нашите слушалки со Bluetooth®. Продолжете да читате за да дознаете повеќе и да ги пронајдете совршените слушалки за вас.

Зачекорете во свет без кабли

Нашите слушалки со Bluetooth® се дизајнирани земајќи ги предвид слободата и практичноста. Со голем број одлични функции – како големи звучници, извонредно широки фреквенции и водечки технологии за звук – секоја песна има подобар квалитет.

Маж носи слушалки со Bluetooth® додека трча
Маж во движење ги носи најдобрите слушалки со Bluetooth® од Sony

Воспоставете врска

Подобрете го доживувањето при слушањето со најдобрите слушалки со Bluetooth®. Поврзете ги со паметен телефон, таблет уред или MP3 плеер. Во движење сте? Земете преносливи слушалки со Bluetooth® и носете ја технологијата на Sony во џеб.

Уживајте во звук со висока резолуција

Извлечете го најдоброто од сите песни со звукот со висока резолуција кај одредени слушалки со Bluetooth®. Обединувајќи ги сите компоненти, звукот со висока резолуција го надминува CD квалитетот и ги нагласува дури и најсуптилните детали во музиката.

Најдобрите слушалки со Bluetooth® и звук со висока резолуција од Sony
Црни слушалки за во уво со Bluetooth® од Sony

Квалитетни компоненти

Добијте звук со неверојатен квалитет со нашите слушалки за во уво со Bluetooth®. Врвните звучници нудат чиста и прецизна музика. Широката фреквенција на нашата палета со Bluetooth® поддржува ниски и високи тонови, независно од јачината на звукот.

Нова граница за ниските тонови

Слушајте преку нашите најдобри слушалки со Bluetooth® и уживајте во моќен бас. Контролата на одзив за ритамот користи обликувани отвори за елиминирање на изобличувањата, подобрување на протокот на воздух и оптимизирање на ниските фреквенции.

Маж слуша со слушалки за во уво со Bluetooth®
Црни слушалки со Bluetooth® од Sony поврзани со телефон 

Едноставни и практични

Безжичната технологија го елиминира кабелите и овозможува брзо и лесно поврзување со паметен телефон, таблет уред или MP3 плеер. Сакате да промените песна или да одговорите на повикот? Нема проблем – користете ги вградените контроли и микрофонот.