UBP-X800M2
Уживајте во реалистично кино доживување со овој 4K Ultra HD Blu-ray плеер. Резолуцијата 4K UHD ви нуди слика како во кино, а Dolby Atmos и DTS:X создаваат амбиент како во кино.
UBP-X800M2
Уживајте во реалистично кино доживување со овој 4K Ultra HD Blu-ray плеер. Резолуцијата 4K UHD ви нуди слика како во кино, а Dolby Atmos и DTS:X создаваат амбиент како во кино.
Уживајте во најдобриот квалитет на слика со 4K Ultra HD Blu-ray и 4K-детали за сите содржини што ги гледате, благодарение на технологијата за зголемување на резолуцијата до 4K.
Уживајте во потполно јасен звук со висока резолуција и подобрување со DSEE HX.
Поврзувајте уреди преку USB, дигитален коаксијален излез, Wi-Fi, LAN и два HDMI-приклучоци за посебни излезни сигнали за звук/слика.
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
4K Ultra HD Blu-ray
Влезете во центарот на секој филм и серија. 4K Ultra HD Blu-ray ги прикажува сите содржини со повеќе детали како никогаш досега, за да се чувствувате исто како во реалноста додека ги гледате.
Побарајте го Inferno на 4K Ultra HD
Сигналот HDR10 нуди светлина што е до 100x поголема од стандардниот (SDR) сигнал, при што масивно ја зголемува максималната светлина и ги задржува длабоките и детални црни тонови за да добиете потполно ново доживување при гледањето.
Внесете реалистичност во сцените со прекрасни светли тонови, подлабоки црни тонови и живописни бои. Dolby Vision™ е решение за HDR што создава прекрасно доживување како во кино во вашиот дом.
Сликите со стандарден динамички опсег и висок динамички опсег се спојуваат во еден видео сигнал што може да се репродуцира во SDR-формат на SDR-екрани или во HDR-формат на екрани компатибилни со HLG HDR.
Поддршката за новиот простор на бои BT.2020 нуди многу поширока палета на бои од стандардните ТВ сигнали. Извонредно широкиот простор на бои им овозможува на креаторите на содржини да создадат позаситени и пореални бои, од длабоки сини тонови до природни зелени и живописни црвени тонови.
Гледајте филмови во 4K HDR дури и на телевизори што не поддржуваат HDR и уживајте во дополнителни сенки и осветлени детали. Нашата конверзија од HDR во SDR на интелигентен начин го прилагодува извонредно широкиот опсег на светлина во SDR-слика, задржувајќи го неверојатниот квалитет на слика дури и кај SDR-телевизорите.
1: Општ SDR-конвертор | 2: SDR-конвертор на Sony
Уживајте во реалистичен кино звук со Dolby Atmos и DTS:X
Слушнете го звукот на громовите, сирените за предупредување и на автомобилите околу вас со неверојатна острина со Dolby Atmos и DTS:X - најдобри аудио кодеци што се користат во кината насекаде.
Ghostbusters сега е достапен на 4K Ultra HD
Dolby Atmos ги обработува звуците како посебни елементи и ги репродуцира преку стандардни канали за да се движат слободно околу вас, па дури и над вас, за да добиете прекрасен опкружувачки звук.
DTS:X може да создаде неограничен број на аудио елементи што се прилагодуваат според вашите звучници во реално време, за да извлечете максимум од секоја филмска музика.
Впарете го UBP-X800M2 со приемникот STR-DN1080 за најдобро доживување на домашната забава. Од стилски координиран дизајн до слика и звук со врвен квалитет - убавината е во деталите.
3,2x повеќе пренесени податоци
Исто како и конверзијата на HD видеоснимки во 4K, така и песните со звук со висока резолуција имаат далеку подобар квалитет отколку MP3 песните, па дури и CD дисковите, овозможувајќи ви да го слушнете секој здив, секој ритам, секоја нота.
Подобрете ја фреквенцијата и динамичкиот опсег на MP3 и другата компресирана музика - дури и CD дисковите - приближно до квалитет со висока резолуција, за целосно доживување на оригиналната снимка.
Нашето уникатно куќиште со рамка и столбови има цврста структура што елиминира микро вибрации и нуди ефикасна електрична заштита за да уживате само во најквалитетен звук и слика.
Изработени од квалитетни материјали за поголем квалитет на звук, ладилникот и податочната единица ги ладат дисковите и куќиштето на UBP-X800M2 за подолго гледање на филмови.
UBP-X800M2 може да репродуцира многу повеќе од 4K UHD Blu-ray-дискови. Гледајте, слушајте и проследувајте сè што ќе посакате, вклучувајќи ги повеќето видеоснимки и формати на звук со висока резолуција и многубројни популарни услуги за проследување.
Сакате ли да танцувате на музиката од вашите Super Audio CD-дискови? Нема проблем. Штом станува збор за дискови, бидете сигурни дека UBP-X800M2 може да ги репродуцира.
UBP-X800M2 поддржува голем број 24-битни формати на звук со врвен квалитет, од AAC и WAV па сè до DSD 11,2 MHz и многу други.
Репродуцирајте филмови преку USB и домашната мрежа. Овој Blu-ray плеер ги поддржува сите популарни видови на видео датотеки за да можете да ги гледате вашите омилени филмови.
Разни опции за поврзување на вашите напредни уреди
Обединете ги сите AV-уреди и поврзете ги со UBP-X800M2. Тој е идеален за домашни видеоснимки и музика и има висококвалитетни приклучоци наменети за сите љубители на технологијата.
The 5th Wave сега е достапен во 4K Ultra HD
Безжичен звук преку BLUETOOTH® за приватно гледање
Засилете го ефектот на сите филмски моменти кога гледате сами. UBP-X800M2 поддржува пренос на звук преку Bluetooth® за да можете да ги користите омилените слушалки со Bluetooth® за приватно безжично гледање.
Истовремено пренесување на звук преку HDMI и Bluetooth®
Уживајте во потполно јасни дијалози и песни, независно од оддалеченоста. UBP-X800M2 може истовремено да испраќа звук кон вашиот телевизор преку HDMI и кон безжични звучници преку Bluetooth®-врска.
The Magnificent Seven сега е достапен во 4K Ultra HD
LDAC пренесува 3x повеќе податоци од стандардната Bluetooth®-врска за да ви обезбеди висококвалитетен звук.