Прескокни до содржина
Слика од Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4K
Слика од Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4K
Слика од Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4K

Ненадминат слика, реален звук

Реална забава со зголемена резолуција до 4k и звук со висока резолуција

Видете ги сите детали со подобрување на резолуцијата до 4K на вашите омилени DVD и Blu-ray™ Disc медиуми. Слушајте звук со висока резолуција со квалитет како во студио. 4K Blu-ray плеерот BDP-S7200 дава предност на деталите со кои ги подобрува филмовите, ТВ емисиите и музиката. А благодарение на супер Wi-Fi, ќе можете и да проследувате беспрекорно од интернет.

4K зголемување на резолуцијата

Беспрекорно гледање

Подобрете го квалитетот на сликата кај Full HD филмовите речиси до 4K.

Супер Wi-Fi

Брзо проследување

Пребарувајте брзо на интернет и проследувајте јасни видео снимки преку супер Wi-Fi.

Репродукција на Blu-ray содржини

Репродукција на Blu-ray содржини

Гледајте ги омилените 2D и 3D Blu-ray дискови со извонредни детали.

Четири пати повеќе детали од Full HD

Реална и јасна слика со зголемување на резолуцијата до 4K

Влезете во нова ера на домашно кино. Со четири пати поголема резолуција во однос на Full HD, 4K нуди осум милиони точки за слики кои се толку реалистични, што ќе помислите дека се вистински.

4K Ultra HD

Реални слики

Зголемувањето на резолуцијата до 4K репродуцира живописни бои без да ја намали светлината, нијансите и заситеноста.

Јасна слика

Седнете поблиску, гледајте повеќе

Поголемиот квалитет на сликата ви овозможува да седите поблиску до екранот и да добиете пошироко видно поле.

Звук без компромиси

Звук со висока резолуција

Звукот со висока резолуција има моќ да ја претвори вашата дневна соба во концертна сала. Со поголема стапка на примероци и бит стапка од CD дисковите, добивате поширок динамички опсег, побогати ниски тонови и повеќе детали.

SACD

Super Audio CD

Уживајте во вашите Super Audio CD дискови - формат за звук со висока резолуција. Со поголема стапка на семплирање од стандардните CD дискови, оваа напредна технологија ги нагласува деталите во вашата музика со поголема јасност и реалистичност.

Звук со висока резолуција

Како функционира звукот со висока резолуција

Звукот со висока резолуција го претвора аналогниот звук во дигитален со поголема и попрецизна стапка отколку кај CD дисковите. Тој може да има стапка од 24 бита/96Hz, поради што доловува повеќе детали и нуди најреалистична музика.

Подобрете ја вашата музичка збирка

Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) ги подобрува компресираните фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA). DSEE ги репродуцира вашите дигитални музички фајлови со богат и природен звук, кој е сличен со квалитетот на оригиналната снимка.

DSEE

Акустички инспириран дизајн

Погледнете го елегантниот BDP-S7200. Тој совршено одговара со AV ресиверите од Sony во црна боја, широк е 430 мм и може лесно да се вметне во домашното кино.

Посилен сигнал со супер Wi-Fi

Уживајте во брзо пребарување со супер Wi-Fi. Дизајниран да има посилен сигнал отколку стандардниот Wi-Fi®, ќе уживате во рамномерно проследување на видео записи и брзо пребарување со поширок опсег во домот.

Супер Wi-Fi

Попаметен начин за контролирање

Преземете ја апликацијата TV SideView и почнете да го користите вашиот паметен телефон или таблет-уред како далечински управувач.

Погледнете го вашиот паметен телефон на голем екран

Гледајте и споделувајте содржини од паметниот телефон на вашиот телевизор со функцијата за пресликување на екран. Miracast™ прикажува фотографии, видео снимки и музика од вашиот паметен телефон или таблет уред на голем екран.

Miracast

Најдоброто од интернетот на вашиот телевизор

Поврзете се на интернет и дознајте што ви нудиме. Уживајте во директен пристап до најновите филмови, музика, интернет телевизија и многу повеќе. Прелистувајте низ големиот избор на онлајн канали или гледајте ги најновите видеозаписи од YouTube™.

Помалку чекање, повеќе гледање

Извонредно брз почеток

Извонредно брз почеток

Започнете со гледање на омилените филмови веднаш, со брзо вклучување кое трае помалку од секунда.

Процесор со двојно јадро

Процесор со двојно јадро

Уживајте во побрзо проследување, побрзо вчитување и појасна репродукција со моќниот процесор со двојно јадро.

USB приклучок

USB за приклучување и користење

Приклучете USB уред во предниот USB приклучок за да репродуцирате слики преку телевизорот.

Спецификации и функции
  • Зголемување на резолуцијата до 4K UHD

  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Подобрувањето со DSEE го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • Проследувајте онлајн содржини преку вградениот супер Wi-Fi

  • Гледајте содржини од паметниот телефон на вашиот телевизор со пресликување на екранот

Репродукција
ДА
Влезни и излезни приклучоци
HDMI® излез (1 заден); коаксијален аудио излез (1 заден); етернет (1 заден); USB (1 преден, 1 заден)
Вграден Wi-Fi®
ДА (2,4GHz)

Што има во пакетот

Упатство за употреба, Далечински управувач:, Батерии (тип AAA x 2), Гарантен лист

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина