Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4K
„Со BDP-S6700, Sony повторно докажа дека знае како да управува со пазарот на буџет, фокусирајќи се на испорачување неверојатни перформанси со конкурентна цена.“ (What Hi-Fi?, јули 2016 година)
Уживајте во подобрена слика и безжично проследување со Blu-ray плеерот BDP-S6700. Уживајте во омилените филмови со приближен 4K квалитет и безжично поврзувајте слушалки, звучници во вид на лента, звучници и други уреди од Sony. Згора на тоа, со опцијата за слушање во повеќе простории можете безжично да репродуцирате музика од CD низ целиот дом.
Нашиот чип за зголемување на резолуцијата до 4K е создаден да ги извлече најситните детали кај Blu-ray дисковите и да ги подобри премногу компресираните содржини на интернет за да ви овозможи најдобро доживување при гледањето.
Уживајте во сите детали на оригиналната снимка со јасен и реалистичен опкружувачки звук со Dolby® TrueHD и DTS-HD.
DLNA ви овозможува да споделувате мултимедиски содржини помеѓу сите поддржани уреди во домот.
Уживајте во реална и јасна слика со зголемување на резолуцијата до 4K
Влезете во нова ера на домашно кино. Нашиот чип за зголемување на резолуцијата до 4K е дизајниран да го зголеми квалитетот на сликата кај Blu-ray и онлајн содржините, збогатувајќи ја секоја сцена со богатите и природни детали на 4K.
Задлабочете се во Full HD 3D
Уживајте во 3D Blu-ray филмови со Full HD квалитет на 3D телевизор. Освен тоа што нуди поголема реалистичност и јасност за 3D Blu-ray Disc филмови, овој Blu-ray Disc плеер ги претвора 2D видеоснимките во симулирано 3D за да обезбеди зголемена длабочина.
Внесете реалистичност во гледањето со широката и живописна палета на TRILUMINOS™ боите, кои се ексклузивни за Sony. Оптимизирани за употреба со TRILUMINOS телевизори, прекрасните црвени, нијансите на сина вода и смарагдно-зелените нијанси кои тешко се репродуцираат се прикажуваат на прекрасен начин, правејќи ги пејзажите пореалистични.
Уживајте во слика со подобрен квалитет кога ги проследувате омилените содржини од интернет. Нашата комбинација на технологии за слика создава подобар контраст, текстури и дефиниции на бои за да добиете навистина префинета слика.
BDP-S6700 може да репродуцира голем број различни музички датотеки и да ги проследува безжично со висок квалитет.
Проследувајте музика и звук од филмови преку вашиот Blu-ray плеер кон сите безжични уреди со Bluetooth®. Со технологијата LDAC можете да проследувате без загуби во квалитетот, со три пати поголем пропусен опсег од стандардниот Bluetooth®.
Репродуцирајте музика и филмови од најразлични извори преку USB и Wi-Fi®. Овој Blu-ray плеер ги поддржува сите видови на датотеки прикажани подолу, за да можете да ги гледате сите омилени филмови и да ги слушате сите омилени песни.
Сакате ли да танцувате со музиката од вашите Super Audio CD дискови? Нема проблем. Штом станува збор за дискови, бидете сигурни дека BDP-S6700 може да ги вчита.
BDP-S6700 поддржува голем број 24-битни формати на звук со врвен квалитет, од AAC до WAV и многу повеќе.
Проследувајте ги сите видови на видео датотеки наведени погоре и никогаш не останувајте без содржини за гледање.
Дизајнот со повеќе антени и предното позиционирање на модулот со чип овозможува максимална јачина на сигналот, за да уживате во рамномерно проследување на видео записи и брзо пребарување.
Со Miracast™ ќе можете да го споделувате целиот екран на паметниот телефон - вклучувајќи ги омилените апликации, игри, фотографии, видеоснимки и музика - на вашиот телевизор.
Екранот со паметно мени ги прикажува ваши апликации и функции и овозможува потполна контрола преку вашиот паметен телефон со помош на апликацијата TV SideView.
Со нашето интуитивно мени и интерфејс, апликациите и функциите се организирани на едноставен и интелигентен начин за да можете секогаш да го пронајдете тоа што го барате.
Уживајте во побрзо проследување, побрзо вчитување и појасна репродукција со моќниот процесор со двојно јадро.
Приклучете USB уред во предниот USB приклучок за да репродуцирате слики, видеоснимки и музика преку телевизорот.
Спецификации и функции
- Репродукција
- Забавена репродукција (премотување нанапред/наназад), Мешано, ПРЕМОТУВАЊЕ НАНАЗАД/НАНАПРЕД, ПРЕТХОДНО/СЛЕДНО, Репродукција / Стоп / Пауза, Репродукција во ЧЕКОРИ (ПРЕМОТУВАЊЕ НАНАЗАД/НАНАПРЕД)
- Влезни и излезни приклучоци
- HDMI излез 1 (заден), коаксијален аудио излез 1 (заден), USB влез 1 (преден), приклучок за етернет 1 (заден)
- Вграден Wi-Fi®
- Да (2,4 GHz, 5 GHz) со MIMO
Што има во пакетот
Да (стандарден прирачник / прирачник на интернет)